1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Формула 1

Дискусија во 'Спорт' започната од Smurfette.M, 15 јуни 2012.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    А нели Фетел го избута Вебер, требаше да биде казнет ради тоа. Нејсе, алал нека му е, од последно до 3то место стигна.

    Не гледам нешто редовно, ко помала секоја трка ја гледав, Алонсо ми е фаворит уште од тогаш. :)
     
  2. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Да не му откажеше на Хамилтон електрониката на болидот, Кими немаше да биде прв...али како и да е на табелата прв е Фетел со 255, па Алонсо со 245 и Кими со 198 бода.

    Туу колку е далку 18ти ноември за наредната трка во Америка... :|
     
  3. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Стварно не ми е јасно што има Фетел во болидот негов(подобра аеродинамика, некое минијатурно цевче споено различно од другите болиди), неможам да разберам. Не е ништо по талентиран од Алонсо, или од Хамилтон, Раиконен или од било кој друг возач. Очигледно Њуи си ја знае работата, само се прашувам кога и на останатите тимови ќе се опаметат па ќе почнат негови техбики да применуваат.
    А иначе сега на една трка до крајот, Алонсо само чудо го спасува. Како тргнал ќе остане и без второ место во шампионатот.
     
  4. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И конечно, уште еднаш докажа дека е најдобар :rock: :party: Најмладиот трикратен шампион во историјата.

    http://de.eurosport.yahoo.com/news/gran ... 01293.html

    Ако не е талентиран, зошто тогаш три години по ред освојува шампионска титула? И тоа додека сите горенаведени активно возат, не се во пензија? :D Едноставно, детето го бива, не може три години по ред стално болидот, временските услови, механичарите, Цацко или било кој друг да му биде виновен на Алонсо. Или Хамилтон.
     
    На KN13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас не го симпатишам нешто посебно Фетел, ама на дечкото треба да му се признае титулата затоа што е стварно добар и стабилен. Џабе беа сите калкулации за Алонсо, Фетел не се форсираше многу, Шумахер го помина лесно, и си ја задржа позицијата. Алонсо не смееше да се доведе до ваква ситуација, требаше да се активира многу повеќе.


    Чак и Шуми го пофали Фетел и рекол дека може и да го престигне со титулите, а тоа зборува многу за него.
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^ Искрено се надевам дека ќе го престигне :) Сигурно нема некој Ф1 возач на кој ова не му е предизвик, да има повеќе титули од Шумахер :)

    Ако вака продолжи, нема ни да ме чуди ако се случи тоа. Како што кажа, добар е, стабилен возач, мене лично ми е похаризматичен од Шумахер, многу сака да победува, има потенцијал, талент.....Ги има скоро сите предуслови :) Особен и најголем мотив сигурно му е да ги сруши рекордите на сонародникот :D

    Јас лично Алонсо никогаш не го симпатишев, малку ми е „спор“ некако, како да нема доволно мотивација и желба за победа, не ми е некој „фајтер“ за да изгори за победа.......Не дека нешто страшно сум по спортот, пратам Ф1, скијање и тенис, па ги гледам Шпанциве како горат на терен до последен атом-зборам за тенисерите :!: Овој ми е како инертен гас некако, не знам. :?: Нема доволно победнички дух во него.
     
  7. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Алонсо си е самиот виновен за тоа што не успеа да ја задржи првата позиција на генералниот пласман и да биде овогодишен Ф1 шампион. Ама ај догодина повеќе среќа и да се надеваме дека конечно Фетел ќе биде симнат од врвот после 3 години и тоа не од било кого, туку од Алонсо :)

    Да бидеме рални ама доколку Хамилтон ја завруваше секоја трка докрај најверојатно тој ќе беше шампион.
    Нема среќа пустиот.
     
  8. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    green.eyes да збориме отворено Ветел сите три години зима шампионска титула поради гениалноста на Њуи, додека Алонсо пак и со лош болид беше на чекор да ја земе титулата(што не го направи секако по негова вина). Не викам дека и Ветел е лош возач. Тој може да е и перфектен возач, а може и да е дупка ама за тоа да се види треба да им се даде и на Алонсо и на Ветел да возат со ист болид, нормално послаб(пример оние на форс индија) само една трка да извозат па да видиме кој е подобар возач. Тоа ти е исто како да земеш да го споредуваш сега првиот модел на ајфон со најновиов и да викаш дека исти би биле перформансите(оваа споредба ја праам за болидите не за возачите да не ме сватиш погрешно :D, со тоа што на Ветел е најнов модел а на Алонсо е постар). Сега останува да се надеваме дека Ферари ќе направи подобар и побрз болид, или ќе го земе Њуи за оооогромни пари да им конструира болид, ако сакаат да освојат титула и да биде се како во старите денови иначе ништо од нив.
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Абе се' е тоа во ред, icegirl, ама треба и некој да знае да го вози тој најдобар болид :) Џабе добар болид ако не знае да го искористи него и перформансите кои му ги нуди. А стварно добар возач ќе победи и со нешто послаб болид ;) Возила се на крајот на краиштата, управувани од човек, не од робот или машина, па само од тоа да зависи. На тапа возач и ракета да му дадеш да вози на писта, пак нема да победи :D

    Ќе видиме што ќе се случи до следната сезона. Само што заврши оваа, едвај чекам пак да почне другата :D И мене ми се Ферари најдраг тим, до пред некое време за нив навивав, ама морам да признаам дека Фетел некако ме освои со ставот, возењето, и талентот :) :P Никогаш не сум ги негирала способностите на Алонсо, само кажав дека не ми е до толку победнички расположен и ентузијаст за разлика од Фетел. Мене лично тоа ме импресионира кај спортист општо, во било кој спорт. А ова детиштево некако ми има некој посебен дух, не знам :)

    Знам само дека да не се појавеше Фетел, уште ќе си навивав за Алонсо. :)
     
  10. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    :D ехеее до почеток на наредна сезона има уште три месеци, да видиме што ќе направат и двата тима. Абе Ветел како возач и како личност ми е сосем ок, немам ништо против него, не го хејтам, напротив баш сакам да видам што ќе направи ако се случи да дојде во Ферари за некоја сезона ;). А тоа што викаш за возачот си потполно во право, пример јас мислам дека Мекларен се зафркнаа што го земаа Перез на местото на Хамилтон, а може и не, а ко му дадат солиден болид. А иначе Алонсо се откажа од титулата уште кога Ветел изби на прва позиција(мое мислење) после таму незнам која трка беше, и очекуваше да му се случи чудо и да му се вратат бодовите, затоа и ти изгледал така безволно за победа.
     
  11. KN13

    KN13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Фетел.. се ндевам дека ке биде подобар од Шумахер, има талент и амбиција а има и тим што може да му помогне во тоа
     
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Ајдееее 17ти мааарт ! :o: :o: :o:
     
  13. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    4.025
    Пол:
    Женски
    Навивам за Ред Бул Фетел многу го сакам. Редовно гледам не пропуштам трка.Едвај чекам да почне. ;)
     
  14. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Гледавте утровооооо? :geek: м? :D
    Јас не. Седев и чекав и чееекав и заспав :D

    Како и да е, драго ми е што Кими зема прво место. Мислам.... криво ми е што не е Ветел ама...среќа што не е Алонсо ]:) хахаха :D

    Оуууу јее конечно почна сезоната :dance:

    Некој што ја гледал трката да пише нешто занимливо :?:
     
  15. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Јас навивам за Луис Хамилтон а исто така мн го почитувам Фетел и мило ми за неговите победи... А оваа сезона само Алонсо да не победи и ќе сум пресреќна :D А Шуми легенда мн ми е криво што си замина :(
     
  16. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Кои ви се прогнозите за денеска? Јас викам дека Фетел нема да биде прв, туку ќе биде Маса или Алонсо и тоа одма уште на старт ќе го поминат :D
     
  17. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    По никаква трка не сум гледала !
    Yеѕ да сум за Ветел, ама ова денес :x
    Дури и си заслужи среден прст...како што и си доби! И тоа баш од тимскиот!

    Џабе му е победава.
    Не го сакам.
    Разочарување.
    [​IMG]
     
  18. icegirl

    icegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    29
    Трката што беше ужасна беше, него мислам дека Фетел требаше да го казнат, или да го вратат на второ место зашто го помина Вебер надвор од стаза, а тоа е недозволено(ако ја најдам снимката ќе ја ставам)
    Ај да се надеваме дека нема да има вакви превари наредната трка.
    Еве на што мислам
    http://www.youtube.com/watch?v=BuIe5TeBC4U
    На 2:23 Фетел го поминува од надворешна страна Вебер(иако не се гледа баш најдобро ама се гледа како излегува Фетел пред Вебер па може да се следи траекторијата негова) и тоа со повеќе од пола болид што не е дозволено според правилата, ако излезеш од патеката и со тоа поминеш некој мора да го пропуштиш тој што си го поминал. Ама за да не му се уништи егото на „шампионот“ стујардите му прогледаа низ прсти. Само затоа не го сакам Фетел.
     
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Денес....ги измоча :D
    :lol:
    [​IMG]

    Го немаше Алонсо (веЃата :lol: ) и порелаксирана трка. ДРС-от му се укочи ама изгледа имаше и друг проблем. Ама ако... :D

    Убава стратегија од Лотус со пит-стоп математиката и штедењето пневматици. Паметно од Кими :!:
    200-та трка за Вебер ;)
    И жена на подиум! :rock: :rock: :clap:
    [​IMG]

    Листата по пилоти е следна: Ветел (77) , па Кими (67), па Хамилтон (50)
    Алонсо го немаа тра ла ла ла лааа ла (не дека не го сакам пошто е лош возач, не е, не сум чула да е дел од некоја незгода, чисто си вози, ама ко фаца не го можам, антипатичен ми е....за разлика од Кими што ми е легенда)

    Ај може догодина Кими ќе влезе во Ред Булл па со Ветел тимски... леле леле.... интересантно :P
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Браво за Лотус на денешнава трка... Хамилтон :inlove: