Бразил 2016... Каква трка Дожд... Дожд...Ризик, безбедносно возило, прекин... Негодување на публиката... Ииии победи публиката, трката е продолжена, дури и цела се извози Верстапен... Уффф, како вози на влажна патека Од 14 до 3-то место ... Најмладиот возач им одржа лекција на сите Ф1 возачи, браво
Денешната трка имаше шанси да биде најдосадна трка оваа сезона. За среќа, Макс Верстапен ја направи интересна
Ја освои титулата, ама за десет години ке дознаеме како!!! Коментаторот на МТВ најави дека Хамилтон за десет години ке ги објави своите мемоари... За Ф1 - 2016 имал доста да напише Интересни беа последните десет круга денеска... Тактиката на Хамилтон беше многу „прозирна“ - со споро возење да им „помогне“ на конкурентите т.е да си помогне сам на себе, за послаб пласман на Розберг!!! Хамилтон „заборави“ дека Ферари и Ред бул се далеку послаби болиди од Мерцедес... Розберг е нов светски шампион во Ф1, конечно се оствари желбата на Мерцедес - Германец со Германски болид шампион... Сепак, вистински победник за 2016 година е Хамилтон - шампион и миленик на публиката
Никој не пишува во темава... Пак, јас Оваа сезона, 2017, ми се чини дека ке биде интересна... Доминацијата на Мецедес во последниве години сериозно сакаат да ја загрозат од Ферари, а можеби и од Ред бул... Интересно ке биде ПС @Peco гледаше денес? Бахреин има најубав огномет
Од три трки, две победи за ферари Мерцедес нема лесно да се предаде, а очекувам и Ред Бул да ги подобри своите перформанси. Да се надеваме на интересна сезона
@Peco гледаше денес Ф1? Азербејџан гран-при 2017, дефинитивно, највозбудлива трка во последниве години Мммм...Потегот на Ветел не беше баш спортски
Многу ретко се случува Ветел да биде толку нервозен. Немам сигурни информации дали Хамилтон закочил повеќе од потребното, или Ветел не беше доволно внимателен. Потегот на Ветел секако дека беше неспортски и ја заслужи казната од 10 секунди, а со тоа ја изгуби првата позиција и шансите за победа на трката.
Не памтам кога последен пат болидите на ферари биле на првите две стартни позиции. Се надевам дека ќе гледаме интересна трка утре Првите шест возачи на стартот се: 1. Себастијан Ветел - Ферари 2. Кими Раиконен - Ферари 3. Валтери Ботас - Мерцедес 4. Луис Хамилтон - Мерцедес 5. Макс Верстапен - Ред Бул 6. Даниел Рикиардо - Ред Бул Трката заврши со 1-2 победа за Ферари.
Мммм... Ферари се ТОП, нооо... Монца 2017 Ова и не беше баш „ферски“ пред црвената публика... Во Италија да возиш овака на крајот од трката треба да си ептен „шизик“
26.11.2017 Заврши уште една сезона на Ф1... Јака сезона, интересна!!! Браво за победниците ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 1 ЛУИС ХАМИЛТОН МЕРЦЕДЕС 363 2 СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ФЕРАРИ 317 3 ВАЛТЕРИ БОТАС МЕРЦЕДЕС 305 1 МЕРЦЕДЕС 668 2 ФЕРАРИ 522 3 РЕД БУЛ 368 @Peco победивме
http://brzkrug.com/f1-тимскиот-шеф-на-mercedes-сака-со-моторна-пила/ Кој мислите оти ке биде шампион годинава?
Било кој, само не Ветел... Не ми се допадна неговиот неспортски гест од минатата година кога намерно удри во болидот на Хамилтон Кој и да биде шампион се надевам на интересна сезона... Нешто вака...
Ехххх а јас за Фетел навивам. Ама еве неговово мислење какво е . http://brzkrug.com/f1-фетел-mercedes-повторно-се-главните-фаворит/
Срам да им е на нашите тв програми, оваа година најверојатно нема да има пренос на Ф1 во Македонија. Трагедијата да биде уште поголема нема пренос ни на СК и Арена. Ќе треба да гледаме онлајн. Стварно е срамота.
Australian GP race result 1. Sebastian Vettel Ferrari 1:29:33.283 2. Lewis Hamilton Mercedes + 5.036 3. Kimi Raikkonen Ferrari + 6.309 4. Daniel Ricciardo Red Bull + 7.069 5. Fernando Alonso McLaren + 27.886 6. Max Verstappen Red Bull + 28.945 7. Nico Hulkenberg Renault + 32.671 8. Valtteri Bottas Mercedes + 34.339 9. Stoffel Vandoorne McLaren + 34.921 10. Carlos Sainz Renault + 45.722 11. Sergio Perez Force India + 46.817 12. Esteban Ocon Force India + 60.278 13. Charles Leclerc Sauber + 75.759 14. Lance Stroll Williams +78.288 15. Brendon Hartley Toro Rosso + 1 lap Romain Grosjean Haas Retired Kevin Magnussen Haas Retired Pierre Gasly Toro Rosso Retired Sergey Sirotkin Williams Retired Marcus Ericsson Sauber Retired
Тоа ќе прашвав сега..се убив од барање по програмава...а ме збуни што на сајтот од спорт клуб беше пишано во 07.20 и 10.30 трка австралија а имаше кошарка ...