Сте ги пробале ли и како ви се допаѓаат? Колку често ги јадете и кои ви се омилени вкусови? Јас доста често купувам, обично кога сум излезена и немам многу време за јадење, таман се колку да грицнеш нешто "по пат". Ги имам пробано скоро сите вкусови и омилени ми се грисините, пица и калцоне.
Fornetti Сум пробала да, и ми се допаѓаат. Обично, некогаш купувам на голем одмор, во школо. Ама дека има повеќе гужва, па ме мрзи да чекам. Имам пробано од се по нешто, но најчесто купувам пица или фета за 20 или 30 незнам точно колку пари беше. Иии... то.
Fornetti Супер се за ужина од солените ми се допаѓаат: пица и фета, а од благите: вишна, кајсија и мак. Добри се и мини пиците.
Fornetti Форнетииии.. Обожавам мини пица е сега во моментов не ми текнува како се викаа и едни со месо внатре, и нив ги сакам. И пиците им ги сакам. Абе, се сакам, се сеее! Само штета, во Кичево досега 2 пати отворија Форнети, но веднаш ги затвораат. Немаат промет некако, не сфаќам зошто. Изгледа луѓето не знаат што е убаво! И ние останатите си трпиме...
Фета и дупло сирење, некогаш и грисини... Благо? Е-крем и ванила со јагода... СОН!! И секако со Е-крем,едно мало несквик за носење
Јадам од овде затоа што ми е успат на враќање од факултет, нема ништо друго околу, а и влегувам само за фета и болоњезе! Највкусни се од се што имам пробано, ама ич не ме најадуваат.. Онака од досада, колку да се јаде нешто.
Минатата учебна година секој ден јадев во Форнети, мислам дека лиснатите со пици ми израснаа во стомак. Дефинитивно тие ми се најубави, а убави се и фета сирење. Во суштина само тие две, плус од благите со вишна и ванила со јагода имам пробано и не се лоши.
Купувам од тие со фета сирење, ама малку добивам за цената. Никогаш не ме најадиле, ги земам колку да ме `замамат` малку.
Фета, пица, калцоне ми се најубави. Тие вишни, мишни не ми се многу по мерак. Добри се за кога си излезен и немаш време убаво да се најадеш, ама многу јак мирис има во продавницата, а и надвор од неа.
Е многу ми се убави. Сите ги сакам и секогаш зимам солени може калцоне, пица, шунка, фета а за крај и некое благичко најомиленo ми е со вишна иако добро и едно ново со ванила и крем. За 50сетина денари си имам полно меше со топли кроасанчиња ем солени ем десерт имам благи
Превкусни се, секој голем одмор ги јадам: пица+фета, па после вишна. За некои 50-60 денари се најадувам, нема врска што се мали. Ако најдам некој рецепт за нив, нема да им оставам цело богатство таму, дома ќе си ги правам.
Ги јадам, ама ми ја преместија продавницата, и сега поретко. Инаку, пица и фета од солените, а од благите вишни. А тоа во пицата, мене ми личи на ајвар. И една случка во продавницата пред една година некаде... Влегувам јас, и си кажувам, и давам пари, и си одам, а нив не ги земав. И одев до пола пат и ми текна дека ги заборавив. Па се враќав, внатре ми се смеат, срамови, одвај влегов и излегов.
Ги обожавам, превкусни се. Имам повеќе омилени вкусови, ама ќе ги издвојам фета, пица, калцоне, шунка, а од благите тие со вишна. За жал никогаш не ме најадуваат.
Да можев, ќе живеев на Форнети. Обично, ако сакам да се најадам, си купувам по 200 грама и полно мешето Од слатките не купувам. Омилени ми се фета и кулен.
Мене па воопшто не ми се допаѓаат. Прв пат кога купив воопшто не беа тазе и од тогаш не сум купила. Можеби треба да купам пак па да ми се потрефат топлички..
Летото кога бевме таму,и така блиску кај зградата ни беа,нон стоп си земавме со тејк авеј кофи или баланс Hајмногу ги јадев од фета,пица,имаше ,мислам со печурки и пилешко,абе милина,мекички така мх мх Jас повеке солените ги сакам,а мажулево само вишните ги јадеше