Ахх превкусни се. Како што сум љубител на тестенини, мислам дека би можела секој ден ова да јадам. Пица и фета ми се најубави.
Пицата не можам да ја поднесам, ама фетата затоа, и шунка и печурки, нема поубаво! Е денес ќе јадам и не ја отварам веќе темава.
Meне не ми се нешто посебни,убави се ако купиш тазе,најчесто со фета земам ама пак велам-онака ми се. Средношколките од мојот град ми се многу смешни,ги читам на ФБ,кога и да одат накај Скопје запнале со тоа Форнети па секој статус им е со нив-демек сме биле Скопје и ај погодете што е тоа форнети Ги читам и им се смеам бе,кој памет зелен го имаат.А чат пат и по некоја слика има од тоа Форнети-ќесичка со погачици внатре,а под сликата обавезно Мммм Форнети,кој пробал знае
Кога се тазе се преубави и превкусни мммм, ама кога се ладни... Одма се сушат и јаки се. Инаку фета се убави, пица, кајсија... Ама здосадени ми се, ги имам прејадено.
имам јадено неколку пати, со фета ми се најубави, и со вишни имам јадено (мислам дека беше вишна) затворена пица исто 3 за 60 или како и да беа вкусни се не велам не, ама за 50 денари ептен малце бре, не се исплати
Леле, кај ја отворив темава. Ми се пријадоа. Спојлер обавезно за доручек ке си купам Солените сите, ама баш сите ми се вкусни, а од благите само јагода со ванила.
МММ сите ги сакам. Никогаш нема да ми здосадат да ги јадам. Посебно благите, со сирење, и тие со шунка
Колку што се убави, толку се покалорични... Ама неможам против срцето да одам Сите ми се убави, но секогаш завршувам со полна кеса форнери фета. Тие најмногу ме заситуваат, оние поголемите по 20 денари не би ме заситиле... Така би завршила со две и ќе лупнам многу пари, додека во обратниот случај за пеесетина денари добивам полна кеса тестенини.
Порано ги сакав, сега не сакам да ги мириснам... не дека не се убави, ама понекогаш како живо тесто ми се, а јас си сакам потпечени работи и не толку тазе
многу сум јадела кога одев на школо, сега од дамна не сум, но ке наминам некој ден иначе превкусни ми се
Ги имам пробано само оние од пица и вкусни ми се, ама некако не ме најадуваат, тоа само како ужина може. Ама следна прилика би пробала и други вкусови.
Ужинка милина. Штета, кај нас се затвори продавницата. Омилени...? Па, оние пица, со фета и е-крем секако. Единствена маана- за толку пари ќе си купам 6 кифли кои стварно ке ме најадат.
пред некој ден замав со тоа со пилешко, леле луѓе мислам сега ми се кога ќе ми текне на вкусот дефинитивно најубави се со дупло сирење
често ги јадам а омилен вкус ми е од пица јас ги јадм кога сум излезена и немам време да седнам и да јадам