1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форсирање на детето

Дискусија во 'Дете' започната од OrdinaryGirl, 21 јуни 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Темава ја отворив со цел да споделиме различни мислења во врска со форсирање на детето уште од мало. Со оглед на тоа дека на форумов имаме и млади девојки, но и мајки кои веќе имаат искуство во воспитување на детето, ме интересира што мислите на оваа тема.

    Имам другар кој свири на клавир уште од 5 годишна возраст, но не затоа што има желба, туку затоа што неговите родители си зацртале дека нивното дете треба да биде пијанист. Уште од мал го носат на концерти од тој тип, даваат огромни пари на приватни часови, но дечково сето тоа го прави со сила. Едноставно нема желба за тоа.
    Сличен случај е една моја колешка која студира на правен затоа што татко и е судија во апелационен, а мајка и е адвокат. Девојкава во слободно време се занимава со фотографирање, со сликање, цртање, но нејзините не сакале да чујат за тоа.
    Во маало имам девојче кое мајка му нон стоп го тера да оди на балет, ама девојчево колку што ја гледам нема талент за тоа, едноставно не ја бива.

    За среќа мене никогаш моите родители не ме форсирале да правам нешто што не сакам. Правеа малку напори за запишување на факултет, ме тераа да студирам на медицина бидејќи татко ми е доктор, ме тераа да се запишам на економски бидејќи дедо ми беше професор таму, ама ни едното, а ни па другото не ме интересира.

    Дали мислите дека ако детето уште од мали нозе го воспитувате на тој начин, ќе успеете да му врежете желба за свирење на некој инструмент, за танцување или за изучување на некоја наука? Јас лично мислам дека не можеме детето да го ставиме во калап и да направиме од него нешто што ние лично сакаме. Не верувам во табула раса и таквите глупости на Лок, верувам во талентот и во желбата на детето да учи нешто. Децата знаат што сакаат, а што не.

    Што мислите вие на оваа тема?

    *ако има слична тема, се извинувам
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Ако сакаш да бидеш навистина добар во нешто, треба тоа да го сакаш.
    Можеш да бидеш добар и во нешто што не го сакаш, но со многу труд, само да бидеш среќен и секогаш ќе има подобри од тебе.
    Децата некогаш и треба да се насочат, но не во нешто што ние го сакаме, туку ако забележиме дека имаат талент или изразена љубов кон нешто.
    Јас лично би сакала моите да ме поттикнеле да правам некои работи кои сум ги сакала, но не сум покажала доволно иницијатива.

    Кога сме кај форсирањето, страшно ме нервираат родителите на Марко Чаласан, детето што почна да полага некои мајкрософт сертификати од 7 години. Секоја чест на талентот, ама оставете го детето да порасне на раат. Има кога да учи и работи.
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Се сложувам. Имам исто мислење и за Ања Ветерова, девојчето што настапи на Супер Ѕвезда на 4 години и оттогаш настапува по разни фестивали во странство и кај нас, песните и ги пишуваат Калиопи и Елена Ристеска. Убаво пее девојчето, само мислам дека има преголема иницијатива од родителите кои не и дозволуваат да има нормално детство. Ја влечкаат по фестивали, емисии, настапи... Еднаш ја гледав на телевизија, даваше интервју, тогаш имаше 9 години, а зборуваше како да е веќе созреана, како да има големо животно искуство, па како се изразуваше...
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ги мразам таквите родители што буквално не му дозволуваат на детето да дише.
    И секогаш се правдаат со реченицата - ние знаеме подобро, јас сум родител, јас имам искуство, јас не сакам да ги правиш моите грешки и ти мислам најубаво.

    Ми се случило лично мене да ме форсираат од дома за 2-3 големи работи во животот, видов - не видов и послушав, од проста причина што знаев дека на крај ќе испаднам јас во право и буквално живеев со мислата кога на крај ќе им кажам во фаца - ВИ РЕКОВ!!! :lol:

    И така испадна. Сакав да правам една година пауза после средното за да убаво размислам каде сакам да се запишам и што сакам да учам (се' уште тврдам дека на 18 години никој не знае со што сака да се занимава), ама ме убедуваа дека континуитетот за учење ќе се изгубел и буквално насила одбрав факултет за кој се покајав. И самите видоа дека направиле грешка.

    Се случи уште еднаш - во врска со едно работно место, кое испадна уште поголема грешка.

    Оттогаш сум рекла - нека ја правам и најголемата грешка, на крајот ќе знам - изборот бил само мој и јас ќе си живеам со грешката. Попуштија и сега се умни ;) и не ме замараат, за ништо. Со сила убавина - не бидува.

    Јас лично како родител кога ќе дојде време, НИКОГАШ нема да го терам моето дете , ама за ништо. Нека ми влече и двојки и тројки, се додека е малку интелигентно и умее да се снајде, не мора да свири на пијано, да трча да стигне на тренинзи или да прави нешто што не го сака ни најмалку, по цена да ме задоволи мене.

    Таквите што си лечат фрустрации и неисполнети желби и соништа преку децата, не заслужуваат да имаат воопшто деца, ниту да се наречат родители.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    За жал се повеќе има вакви форсирања од страна на родителите. Бидејќи тие не успеале во нешто па ајде сега детето мора да биде, без оглед дали има талент или желба, што потоа доведува до фрустрации а да не зборувам ако се форсира од мали нозе дека може да го изгуби детството. Се надевам само дека еден ден ке бидам доволно свесна да не правам такви грешки и да не си ѓи исполнувам моите соништа преку детето
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Јас лично за мене ке кажам, бидејки бев прво дете(не знам дали е предност или не), мајка ми имаше многу време посветено на мене. Значи научив да пишувам, собирам, одземам и сите основни работи кои се учат од прво/четврто одделение, јас ги научив на пред школска возраст. Ми купуваше Буквари, Читанки, Логики, Лектири, Книги.. и сум и‘ благодарна, затоа што сега имам некоја навика секој ден да читнам барем десет страни од книга или пак исто така немам проблем со учењето.

    Додека :!: сестра ми е целосна спротивност од мене, не беше ‘заморувана‘ пред да почне на училиште, ама затоа сега имам проблем со отцените. Книга да чита :o ? Ни на крај памет.

    Ете ви пример дека не мора секогаш да значи дека ако детето било форсирано нема да успее, родителот треба да го насочи, да го определи кон некоја насока колку само детето да има некаков пример, а потоа може да се спротистави на определбата на родителот, само доколку знае што сака.
     
    На marchi-cool и LaChiquita им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас само едно ќе кажам - Чешки мене да ме форсирале...
     
  8. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Навистина има деца чии родители ги форсираат за се. Друго е детето ако имало желба за нешто и било добро во тоа ама на почеток потешко му било па сакало да се откаже да го потурнат и да му дадат надеж,но друго е тие да му наметнуваат што треба да прави. :!:


    Исто ме нервираат некои деца кои се толку убедени дека во нешто се толку добри што на целата околина им кажуваат јас вака ти така. На пример имам една другарка која е толку внесена во филмот нејзин дека ќе стане славна пејачка и дека има талент што навистина на другите им вика ти не пееш добро еве јас лично пеам многу подобро од нејзе и еднаш бевме јас таа и уште неколку другарки и сега ајде да видиме кој пее најубаво и сите викаат за мене оваа се запанала ама не јас пеам поубаво,а пак родителите и тие пејачката на мама, пејачката на тато со тоа што и даваат лажна надеж всушност полошо и прават. Родителите треба да ги слушаат децата што тие сакаат и да ги бодрат во тоа,но не и да ги лажат тоа ми е еднакво лошо. :|
     
  9. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    :?:
    Девојки имам можеби ваков проблем со татко ми. Човекот премногу очекува од мене.
    Прави работи (ми купува) што јас не ги сакам, потоа се жали, и кога јас изразам желба за нешто, неможе!
    На пример, пеам. Ме бива, ама ми купи гитара. Не ме биваше. СЕКОЈ ДЕН доаѓа кај мене во соба и ме прашува: Како гитарата? :sweat: А не ни одев на часови. Сама да сум си се потрудела да си најдам.
    Добро тоа помина. Кога ми кажа дека сака да ме прати во музичко средно! :o Ама како бе, мене никој ништо не ме прашал!! Ајде помина и тоа, сега мајка ми виде дека ми смета и ме поддржува за моите желби и потреби. Ама врвот беше оној ден. Сакал сентисајзер да ми купи! :o Леле.
    А мене кој ме праша дали јас сакам?! Тој мисли дека ако јас имам талент за пеење, ако сум отишла на еден фестивал, ќе биде за се?! Па неможам така. Ако почуствувам дека имам дарба за нешто, сама ќе си побарам. Можеби неблагодарно од моја страна, не велам дека не. Ама тешко ми е така.
    Барем да ме праша што мислам јас за тоа. А тој си тера по свое.

    Што ми предлагате? Да молчам и да ги исполнувам неговите хирови или да го искажам моето мислење еднаш засекогаш?
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Презаситена си од внимание. Не е лошо во никој случај, ама многу е подобро така, отколку да те кошкаат. Ќе ти кажам само биди среќна што така прават, многу е полошо кога воопшто не се трудат. И не бидете разгалени ;)
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Немој да молчиш, никако...Јасно и гласно кажи си што сакаш, што нејќеш, што ти смета...Татко ми сакаше да бидам дел од музички оркестар, па сакше да се запишам средно електро, па електро факс., јас секогаш се спротиставував и си кажував дека тоа и тоа и тоа не ме влече, да не ми упикува негови желби во глвата и преку мене да се обидува да ги реализира своите амбиции. На мои 18 год. заедно ја одредивме мојата насока во животот, седнавме, разговаравме, го ислушав, ме ислуша, постигнавме компромис, се запишав во гимназија :lol: Така направете и вие. Нормално родителот го посакува најдоброто за своето дете, ама понекогаш родителите знаат и да претераат, затоа мој совет е да бидеш своја и искрена со родителите. Без страв отворено разговарај со нив, како ќе знаат што сакаш ако не им кажеш, не се плаши дека ќе ги повредиш, може ќе се навредат... ама само малку, на крајот на краиштата па нели посреќни би биле ако и ТИ си среќна :)
    И плус нема да се трошат пари не нешто што не сакаш ;)
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Офи можеби си во право, како што кажав: Не сакам да испаднам неблагодарна. Ама!
    Зар да трпам? Зар да правам нешто за да задоволам туѓа воља? Зар да ги ставам последни моите потреби?
    Извини, ама ако размислиш, многу лошо ќе биде за моето понатамошно однесување.
    А не сум разгалена ни малку. Не ни сакам да бидам. Само не сакам да бидам форсирана. И нема.
    Благодарам на советот Лолита. :*
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се секавам кога бев помала , моите т.е. мајка ми ме форсираше за пеење, па после играорна
    а кога дојде ред на тоа каде да се запишам во средно, МОРАЛО да биде медицина, и секој ден станував во 5 часот наутро, да јадам и да го фатам автобусот за да стигнам на време на училиште
    (помагаше и татко ми) и нормално,не беше нај нај , се вратив тука и се беше ок, само џабе 1 година пат, трошоци, малтретирање.
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    ДА напишам нешто за мене,како дете а сега и како мајка на две деца.
    Јас како дете покажував интереси за се и сешто,бев првенец на генерација,вклучена во многу вонучилишни активности,активна на секое можно поле.Се запишав во средно школо ,кое знаев потајно дека е желба на моите родители,и не погрешив,завршив и факултет,иако млада се омажив.Во тоа време мислам дека моите родители,малку како да се разочараа,да не го оставам факултетот,да не ми е трудот за џабе итн.Но денес се премногу горди на моите успеси,завршив,после на специјализација,но се тоа дека ЈАС САКАВ,а не за да ги задоволам нивните желби.Тие секогаш,исто и маж ми, ми биле потпора и ме поддржувале за се.
    Сега имам две деца ,кои се дијаметрално спротивни.Ќерка ми е премногу амбициозна,покажува интерес за се и сешто(се уште е мала има 5 години),знае да чита ,пишува ,математика,пее ,танцува,права чигра е.Доколку јас не ја насочам кон нешто,таа нема да знае дали во животот ќе сака да продолжи со тоа или не.Не да ги форсирам ,туку да им овозможам на моите деца да си одберат со што би сакале да се бават(овде мислам на спорт,јазик)и во истото да ги поддражам.
    Додека со син ми се бориме и за учење,и за одење на спорт,неколку пати пробавме да одиме на различни спортови,но се е тоа два-три пати со сила.Се купивме,од тениски рекети,копачки патики,кимона,капи и наочари за пливање,фудбалски топки,но се нема желба.Џабе зборуваме со маж ми,ајде ваму или онаму,но се тоа со терање,молење...
    Дојдовме до заклучок дека само ако нешто побара,и му го овозможиме,тоа ќе го цени и почитува.
    Инаку сум за форсирање,ако детето има желба и потенцијал во одредена област ,родителите да се обидат да го дадат максимумот од себе ,и само така трудот кон детето ќе има успех.
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Мене ме форсираа како мала. Научив да пишувам уште пред да одам во школо, во основно учестував на сите можни претстави, бев миленик на многу професори и на директорката, ме викаше секаде да го претставувам училиштето, да одам на натпревари, на балет... Се запишав во средно по мој избор, а не по изборот на родителите, ама беа задоволни бидејки и ова школо е јако. Потоа почина мајка ми, а понатаму за се во животот сама донесував одлуки.. (татко ми немал никогаш големо влијание врз мене). Може треба и да напоменам дека мајка ми беше исполнета личност, со успешна кариера и секогаш ја гледав како идол, како личност каква што јас сакам да бидам.
    Од оваа гледна точка, веројатно тоа ми помогнало многу, бидејки веројатно бев воспитана да се трудам да бидам најдобра во се, па потоа сама несвесно се форсирав.. И да, денес ми е мило затоа што имам добро образование позади мене. Затоа, сметам дека форсирањето до одредена мерка е корисно, но не не до мера да родителот си ги исполнува желбите преку детето..
     
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Еве јас како родител ќе кажам дека и мене ми сметаат родители коишто си ги форсираат своите деца, без тие (децата) претходно да пројавиле желба за тоа. Јас лично моето дете иако има веќе 5 год. не го оптоварувам со ништо. Сметам дека сеуште е мала и има време кога ќе тргне на училиште ќе учи да пишува, да брои и ред др работи. Ако јас од дома сега ја спремам се да знае, па што ќе прави во училиште? Ќе и биде досадно и нема да сака да оди. Мој совет е оставете ги децата сами да си одлучуваат што сакаат да бидат и да ис о одберат својот пат по којшто ќе одат.
     
  17. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Се согласувам со тебе! Никогаш ама бас никогаш за ништо не сум форсирана од моите родители, кога почнав на училиште не знаев ни да пишувам, ни да читам, ни да цртам, ни математика, но едноставно мајка ми беше таа која цело време ми помагаше околу тие работи, за денес да сум таа што сум...Да знам сама да донесам одлуки и да го правам она што јас сакам. Има случка кај што татко ми сакаше да се запишам за ракомет ама јас не го послушав и се запишав на играорна која сум многу горда на мојата одлука. И да, оставете ги децата сами да го пронајдат патот на нивната среќа а вие како родители само подржете ги и направете тој пат да им бите колку толку полесен!
     
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Опкружена сум со куп луге што си ги форсираат децата до небото ги качуваат нивните деца се нај,нај....
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Никогаш за ништо не ме форсирале, никогаш не сум побарала помош од моите да седнат со мене за да учиме. Ако научам сама ок, ако не ништо. И секогаш сум била скроз одлична, завршив во јака гимназија, се запишав на „тежок“ факултет, според другите, иако јас не се држам до тоа мислење дека постои лесен факултет. Како и да е, јас сум помалото дете на моите а исто постапувале и со поголемото. Никогаш ни него не го форсирале па тој едвај заврши средно, на факултет не се запиша. Поентата не ми е да се фалам дека јас сум подобра во никој случај, туку дека џабе е се тоа, детето има право само да си одбере како и што ќе прави во животот, нормално кога веќе е доволно возрасно. Ако има некој родител овде кој го оптеретува детето со било што веднаш нека размисли што прави и која одбивност ја создава. Сигурна сум дека нема некој кој сака неговото дете да остане нешколувано ама со форсирање ништо не се постигнува, освен да му го зае*ете цел живот на детето со тоа што му посакувате добро и го форсирате. Секоја сугестија е добредојдена, ама повеќе од тоа не.
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Па донекаде го оправдувам форсирањето од родителите. Еве на пример една комшивка има син на кој што не му се учи. Од прво одделение детето не сака книга да фати. Ама родителите бе ич напор да не вложат, за да го насочат детето дека треба да учи, па што разбирало тоа во прво одделение?!? Сега е веќе поголемо. Еднаш онака низ муабет и викам зошто не го терате да учи, и комшиката ми одговара, абе не е родено тоа за книги, не му се учи, нека заврши таму средно колку да има, да не е без ич. И чија е кривицата овде? На родителите. Неможеш ти да го оставиш детето само да одлучува уште во прво одделение. Затоа оправдувам мешање на родители до одредени граници.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.