1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форсирање на детето

Дискусија во 'Дете' започната од OrdinaryGirl, 21 јуни 2010.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    :tmi: Ова е најголемиот кошмар за сите деца. Колку проблеми потекнуваат оттука, кога родителот со сила го тера да биде нешто што не можел, а самото дете има скроз поинакви амбиции.
    Детето не е копија на родителите! Тоа си е засебна индивидуа. :^)
    Дури и да не е твоја искомплексираност, утре детето ќе ти биде искомплексирано и тоа многу!, кога нема да го бива за нешто за кое не е `родено`, ама мора да го прави зошто мама сака. :tmi:


    Јас сум за подржување на децата. Не за форсирање со сила. Ако увиди родителот дека го бива за нешто, нека му помогне (преку запишување на курс, спорт, часови по нешто, набавка на литература) и да не се потценува детето ако е најслабо во групата/мнозинството. Секогаш да има подршка од родителите, се` додека она што го прави е исправно и во ред. :)
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.002
    Јас нема да го терам да го прави она што јас не сум го правела а сум сакала, туку ќе го форсирам да се насочи кон нешто и само тоа да го прави. Битно е дека ќе биде нешто. А да го оставам да клошари низ град и само да одлучува за животот, тоа не. Детето нема само да покаже желба за нешто, треба ти да му ја дадеш!
     
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Па не би рекла дека ме форсирале. Под форсирање подразбирам кога родителите го тераат детето со сила да прави нешто , и го фалат а не го бива :"Леонида моја најубо пее, она е најпаметна најталентирана најнајнај " и на крај она се претвора во едно самобендисано суштество и мисли дека цел свет се врти околу неа. Неизмерно сум благодарна на татко ми што ме поддржувал и мотивирал, тој е главниот виновник за мојата огромна љубов кон математиката. Уште во предшколска возраст сум ја знаела таблицата, баба ми плачела (ако знам таблица пред школска возраст до факултет ќе си зборам сама по улица :D) и дека ќе ми биде досадно во школо. Потоа сама се надоградував, учествував на натпревари , не ми претставуваше тешкотија и не го правев сето тоа бидејќи татко ми така сакал. Тој ме насочил од малечка, работел со мене и потоа јас одлучувам. Што сум разбирала јас тогаш што сакам, па да одлучувам? Не се согласувам дека треба да се чека детето да тргне на училиште, па потоа само да одлучува. Мислам дека е најдобро да почне уште од мало , особено ако е за музика и спорт. Моите деца би сакала уште од малечки да ги запишам на курс за тоа што ќе покажат интерес. Имам братучед кој со сила го запишаа на музичко и играорна, се гледа дека не му се оди. А друг братучед има неверојатен талент за цртање, мајка му сакаше уште од мал да го запише на курс, ама татко му се противеше пари немало. Кога дојде време во средно да оди, тој сакаше во уметничко да се запише "неможел да најде работа со тоа" па го запишаа во хемиско, и сега 6 единици има. Многу ми е жал за него, до сега ќе напреднеше многу побргу, ама и сам се труди црта, гледа туторијали од интернет .. Не сакам ова да се случи со моите деца
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не памтам да сум била нешто особено форсирана, дури некогаш кога ќе сум изразела некоја желба знаеле да ме пресечат мислејќи дека е само детски хир.
    Мајка ми знаела понекогаш да претерува со тоа како треба да учам, понекогаш и една 4ка или 3ка ја сфаќала како готово да сум тргнала јас по лошиот пат што страшно ме нервирало. Ама никогаш не учев за она да е задоволна, туку учев за себе. И верувале или не, особено на неа и забранив да ме испрашува и потпрашува за оценки на факултет, полагања и слично. На почеток се бунеше, сега си ќути и ме остава сама да си решавам и одлучувам :whew:
     
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Искрено, не знам како ќе се понашам во врска со ова прашање кога ќе дојде време за тоа.
    Амбициозна личност сум и знам уште од сега дека многу криво ќе ми биде моето дете да биде просечен ученик, посебно па знаејќи денеска како се пишуваат оцени (буквално се поклонуваат), а во времето па кога мое дете ќе биде ученик и стотки ќе се пишуваат за два збора кажани,така да нема лесно да поднесам негов неуспех на училишен план (im guilty for this, kill me now :D ). Но, со сила убавина не бидува. Нема да оставам ништо на случајноста, меѓутоа се си е до детето на крајот на краиштата.
    Мене никој не ме форсирал, јас сум типичен пример каде од првата до последната домашна работа/ научена лекција се си било мој труд и интерес и од првата до последната оцена во индекс исто така.
    За да биде добар ученик ќе настојувам колку можам, преку разговор колку тоа во животот може да му се најде, преку моја помош кога и каде ќе ја побара...
    И покрај тоа,никогаш нема да настојувам да го насочам кон одредена сфера која не го интересира, да запише такво средно училиште или таков факултет (одредена моја нереализирана желба да ја остварувам преку него). Можам само да дадам сугестија кога ќе дојде ред да се бира животниот пат и професија, меѓутоа крајната одлука ќе си биде негова и само негова.
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    :) ме потсетивте на нешто што сум голем противник и биев битка по дома.
    Имаме дома клавир т.е свекрвата и золвата :) . Золвето на времето одела во музичко и свирела на клавир и татко и бил во можност да и купи и и купил. И тука застанува приказната, таа завршува друг факултет а клавирот собира прашина и кога дојдат некои деца на гости лупаат по дирките. Свекрва ми вели тогаш, за да не плаче детето :^) татко и купи клавир а јас останав без кујна во куќата.
    Која утопија.
    И малиот мој кога оди кај нив почнав да слушам ,,ти ќе бидеш Шопен,, (го учеа и некои песни да свири...) де ова де она и настана битка. Чекај бре жено божја, лечите хирови преку него или што правите. Ако има талент и сака таква музика ок, ама уште од мало да го задојувате со ваши глупави хирови, нема да може.
    СДК ќе му помогнам во некоја одлука или да го насочам кон нешто ако видам дека јавува интерес а не и да го форсирам.
    Ако јас сум тоа по струка не значи дека и тој ќе биде. Горда ќе сум и ќе се радувам ако достигне повеќе од мене али не и по секоја цена.
    Реалноста е едно а желбите друго, мислам дека ова тешко го сваќаат некои родители.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    мислам дека претерваш ! :D ако му рекле на детето и тоа е нивно внуче не е лична твоја сопственост :D :D можеби ке стане мајстор за кујни и клавир от ке и го пренамени во кујна на свекрва ти ! :D


    и Јас го пуштив во музичко син ми мислев има талент ама тој бил ,,сноб,, :$ ама нон стоп му викам иако е веке 4 та година на виолина ако сакаш откажи се ама тој не сака да се откажи ама и не е и многу напреден ни заентересиран таму му ставаат оцени
    3 или 4 и пак 3 и така си варираат !
    П.С. барем една вцел постигнав детето многу се социјализира и повеке се дружи порано беше срамежливо и повлечено а сега веке почна лесно и брзо да се вклопуват во друштво !
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Нема потреба три-четири годишно дете да се замара со свирење на клавир кога тој самиот не покажува интерес. Да го седнам на столица и да му ја објаснувам ,,Ода на радоста,, :^) еден сат
    Е, моја сопственост и ќе го воспитувам јас како што сакам. Подобро мајстор за кујни да биде туку трета виолина во оркестар. (парите се во мајсторство за кујна а не во музицирање во слободно време)
     
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :$ се надевам дека не бев погрешно разбрана Јас го кажав и мојот пример со мојот син ми подолу за да објаснам дека не треба да се форсираат децата .Со тоа сакав да кажам дека ти си во право затоа во иронична форма го напишав ! Само од искуство знам дека иако ние понекогаш ги усмерува ме како што велиш ти како ние што сакаме , а не како ке речат бабите сепак децата понекогаш прифаќаат и нивни сугестии го сакале ние тоа или не дури се помали .Но кога ке пот пораснат децата самите донесуваат заклучок што е добро за нив , а што не !
     
  10. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    1.091
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ме форсирале за ништо што не сум сакала, баш напротив - за се што сум изразила желба, ми дале можност да се пробам на тоа поле, од аеробик, англиски, грчки, танцување, ракомет, а не на балет бидејки мајка ми одела порано на балет и ја отпишале мајка и и татко и од х причини, па ај сега мене да ме запише да и ги продолжам нејзините желби ... никако :shake:
    Благодарение на нив, имам многу работи научено како треба да го воспитувам детото а тоа е една од нив - пробајте да му ги исполните неговите желби, да му овозможите да се истакне на тоа поле каде што тоа сака и да му го следи неговиот талент

    Но тоа не значи ако детето книга не фаќа, да го оставите и да речете: не ми е детето по книгите!
    Баш напротив, ако ме оставеле да го тепам времето без врска и да си продолжувам да си ја уништувам иднината бидејки ме фатил период на неучење ( кој преминува во навика ), немаше да успеам да сум таму кадешто сум сега.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Да ја активираме темава малку, мислам дека и мене ми треба Ваше мислење.

    На која возраст децата ги запишувате на активности ?
    Се мисли: јазик, балет, пливање..
    Дали чекате да дојде школска возраст или уште од мали ги носите на било каква активност.

    Гледам околу мене деца од 4 години веќе посетуваат јазик (додуши елементарен, само вербално нели незнаат да пишуваат и читаат).
    Во локалното балетско школо примаат од 3 години.

    Дали е ова форсирање или потреба?
     
    На La.loca, M&M, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.812
    Допаѓања:
    174.478
    Пол:
    Женски
    Според мене, најубаво е ако детето има желба. Не сметам дека е форсирање ако, истото тоа, сака. Ќерка ми има голема желба за балет, а сѐ уште нема 4 год. Искрено, осеќам и грижа на совест што не сум ја запишала во некое балетско училиште. Секој ден гледа видеа од мали девојчиња балерини и ги имитира. Ја обезбедивме со фустанчиња и балетанки, мислам дека е редно и да ја запишеме.
    Јас сум против само, и само ако тоа е некоја неостварена желба и амбиција на родителите, а детето не сака воопшто да учествува.
     
    На dayla, sanja.burgundy, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    29.153
    Пол:
    Женски
    Во принцип не би требало да се оди на плус активности до училиште за да се овозможи на детето што е множно повеќе простор за полуструктуриран игра бидејќи така најдобро се развиваат когнитивно, емотивно и во контакт со деца социјално.
    Е сега ако детето многу сака да оди на некоја активност тогаш јас после 4 години можеби би попуштила од нормите и би го носела на активност, ама само ако има игровна компонента сето тоа.
     
    На referentka и azelea им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Лично не ми се допаѓа ваквиот начин на воспитување на децата.Во прв план доаѓаат амбициите на родителите и нивната необјективност. Мислам дека ваквото нешто доаѓа од преголемата желба на родителите нивното дете да се издвојува,да биде посебно и подобро од останатите врсници.
    Едноставно да не биде просечно и притоа не го оставаат детето да биде дете.
     
    На Abeja, Tan4ence, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.194
    Пол:
    Женски
    Важна е желбата на детето па со малку поттик од родителот да се насочи кон нештото што го сака, без форсирање.

    Ќерка ми лани почна со балет, но само во склоп на активностите во градинка, бидејќи беа група од 3 до 4 години. Од оваа година повторно продолжува во градинка, но на мисла сум да ја запишам во една школа за модерни танци тука во населбата. Е тоа е веќе активност плус, да речам форсирање, но ќе видиме како детето ќе се снајде, сепак 4 години е. Ако понатака покаже интерес за нешто друго, нема да ја спречам.

    Кај волку мали деца јас сум пред сѐ За да се развива моториката, а малку подоцна и когнитивните способности. Затоа јас изоставувам англиски јазик, ништо повеќе нема да научи од тоа што веќе го знае од цртаните, и така по програма им е задолжителен англискиот јазик од прво одделение.
     
    На M&M, Lolipop23, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    5.508
    Јас не гледам потреба од вакви дополнителни активности кога детето уште не посетува ни училиште. Еве ако има желба за балет, сметам дека е доволно по дома да гледа видеа и да си вежба, сосема доволно за таа возраст, па кога ќе започне на училиште ако сеуште ја има таа желба може да посетува и дополнителна активност. За јазик ми е апсурдно дете да оди на 4 години, тоа ми е веќе форсирање. Плус најчесто децата на таа возраст менуваат желби често, денес сакаат едно, после еден месец друго така да може треба да се остави детето да се пронајде само во нешто, а не секој месец, два да се менуваат те на јазик, те на балет, или сл.
     
    На Abeja, Someonespecial, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    Во градинка исто има понуди за јазик, ритмичка гимнастика, балет и фолклор.
    Гледам сите децата ги пишаа во скоро секоја ,,секција,, јас си оставив време за размислување.
    Само на ритмичка гимнастика го пишав, нека троши калории.
     
    На M&M, violetblue, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.194
    Пол:
    Женски
    Доволно е една активност според мене.
    И не само на оваа возраст туку и понатаму.

    Во ред е да има вон школска активност еден странски јазик и еден спорт на пример, но понатаму, кога детето има стекнато навика за обавување обврски. Незнам точно која е таа возраст, грубо би рекла после 10та година.
    Но кога ќе чујам дека дете од 10год оди на англиски, фолклор, свири виолина и плус да речеме кошарка, тогаш сфаќам дека родителите го форсираат, демек- моето дете може сѐ! Децата треба да имаат и време да бидат деца.
     
    На Abeja, Someonespecial, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.710
    Допаѓања:
    322.528
    И јас размилсувам како тебе.
    Ама не мислат сите така.
    Се прашував дали ќе биде ОК ако освен во школо не го носам дополнително на останати активности.

    Еве пример, има родителКА која сака детето да и е сестрано.
    Го носи на разни спортови, свири клавир, збори јазици и игра тенис.
    Таа постојано е ангажирана со разнесување на детето од едно место на друго и нејзиното мото е -подобро на кирсеви отколку со таблет или на улица.

    Лично сметам дека е тоа дете е префорсирано.

    Од друга страна гледам огромна разлика во интелектуалниот развој меѓу нејзиното дете и друго дете кое не оди по курсеви и спортови.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.816
    Допаѓања:
    5.508
    И после се чудиме зошто експерти во Македонија со знаења од секоја област.:D Не може некое дете да го интересира исто и спорт и музика и јазици и што ли уште не. А и не верувам дека детето баш сака да оди на сите овие активности. На крајот ќе знае од се по нешто, ама ништо конкретно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.