Форсирање на детето

Дискусија во 'Дете' започната од OrdinaryGirl, 21 јуни 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.771
    Допаѓања:
    202.664
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ имаш право, секогаш се учи од личен пример. Јас би да спортувам, еве пливањето ми е во крвта, ама детево не можам да го извадам од дома прво. Не можам (и не сакам) да го излажам и така да го натерам, ќе ми прави сцени, за тоа е мајстор :( цртањето го усовршува, ама сакам и часови да зема. Лани одеше во Stem academy каде што со лего коцки учеа математика и физика и изработуваа разни машини од лего коцки кои работеа со помош на батерии. Интересно му беше на почеток, брзо му досади, и дури и не ни учествуваше на натпреварот што го одржаа на крајот. Не го форсирам да се натпреварува ако не сака, ама маката ми е што брзо губи интерес за нешто, бидејќи прилично брзо совладува нови вештини, па не му се предизвик.
    Ќе видиме во секој случај, фала за советот.

    @Kitten јас сум за индивидуални спортови, оти детево не ми е тимски играч, барем засега, понатаму ќе видиме. Малово на пример, две години е, ама топка шутира, се пика, има интерес за фудбал, го гледам, а големиот не беше таков на таа возраст. Престанав да зборам веќе, оти вчера се изнервира и ми кажа да не му досадувам |(

    @Ano, добра идеја. Ќе ја земам предвид. Фала Богу, детево засега нема проблеми со булинг и ниска самодоверба, ама секако уште е мал. Баш ќе видам дали би сакал нешто вакво.
     
    На M&M, Kitten и Ano им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.264
    Допаѓања:
    182.000
    Пол:
    Женски
    @Annath јасно ми е за каков тип на дете ми зборуваш. Најфрустрирачки за родител и наставник е да имаш дете кое брзо совладува и го бива, ама исто така и брзо губи интерес :doh: Чекај да видиш што те чека во пубертет :drunk: Кај мене најспособните деца се помрзеливи и понезаинтересирани од останатите, па цело време смислуваме тактики со родителите. На крај сама ќе процениш кога треба да се повлечеш, а кога да го поттурнеш. Можеби и сѐ уште не го нашол тоа што вистински го сака и интересира. Околу 7год. има така?
     
    На Annath и M&M им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.875
    Допаѓања:
    152.200
    Пол:
    Женски
    Све од спомнатото сме го понудиле како опција, идеа и со другарите на некои борилачки вештини сите се откажаа он остана уште некој час и не сакаше понатака. За пливање посебно од кога верглам, ништо. Само со скијање е ок ама тоа е 1 недела на зимо кога одиме на одмор, и тоа рече веќе од оваа година бидејќи знаел да скија нема да оди со школо ќе си скијал со татко му :)
     
    На Kitten, Annath и NarCis@ им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.771
    Допаѓања:
    202.664
    Пол:
    Женски
    Да, седум години. Го носев на психолог, го тестираа таму. Детето уште сега ми е во пубертет :worried:
    Добро, така изгледа, затоа што има повремени испади на бес и фрустрации, баш како тинејџер. Добивме добри совети од психологот, меѓу другото и спорт задолжително, ама ела убеди го.
    Мене ме секира тоа што психологот ни кажа дека може да има проблеми со друштвото, да не биде прифатен како што очекува, поради тоа што него го интересираат работи со кои деца на негова возраст не се замараат воопшто. А се работи за прилично осетливо дете и се прашувам како тоа ќе му се одрази, ако се случи такво нешто. Затоа мислам дека спортот е една од опциите, не само поради дружењето, туку и поради растоварување на мозокот од работите што му се вртат во глава моментално.
     
    На M&M, tina-63 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  5. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Јас како дете воопшто не бев амбициозна, а моите за право се обидуваа да го најдат вистинското хоби за мене. Не знам на што не ме запишаа од спорт до јазици, математика, физика, ама секаде одев по некој месец и ми здосадуваше, па своевремено се откажаа.
    За детево мое секако дека ќе се обидам да го насочам но нема да форсирам. Јазици, компјутери, математики во предшколска возраст ми се ту мач. За спорт и физичка активност уште од мали нозе, пред се за здравје, се надевам за година ипол да е готов затворениот базен и да почне со работа па таман дете да наполни 4г па прво со пливање ќе го пробам (срамота е што и до сега во Охрид нема каде да се тренира пливање) Искрено за некоја спортска кариера сум голем скептик не поради децата, туку поради условите за било кој спорт барем тука во Охрид, а мислам и општо во Македонија, ама како што реков ќе му биде пред се за здравје, учење на ред и дисциплина и секако дружење.
     
    На tina-63, *Лорена*, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.875
    Допаѓања:
    152.200
    Пол:
    Женски
    А што го интересира повеќе? Може да пробате да го насочите баш кон нешто што има интерес. Мојот пак го интересираат баш работи како и повеќе врсници, компјутери, игрици, фудбал сака да игра многу ама не да тренира. Нема воопшто проблем си другарчиња многу лесно го прифаќаат деца, само не приоѓа прв. Кај нас е проблемот во тоа што не сака да оди на никаков тренинг без оглед на тоа што сите негови другарчиња одат.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    36.742
    Пол:
    Женски
    @Annath Мојот внук од брат има 9 год и се соочуваа(т)со истиов проблем како и вие.
    Детето до толку што не можеше да се вклопи во друштво на негова возраст, одеше само со поголеми деца, го интересираа работи кои не беа за негова возраст, па се повлече во себе, почна да станува агресивен и арогантен, многу проблеми. Се смируваше малку кога јас или другите тетки го земавме кај нас, ама тоа беше краткотрајно решение.
    Сега го запишаа на глума, за тоа изрази желба, има нови другари, активности и те како е сменет.
    Барајте нешто што му е интересно и што ќе го исполнува, нешто во што ќе се пронаоѓа, мислам дека ова е еден од потешките периоди на ваквите деца.
     
    На Annath и NarCis@ им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.771
    Допаѓања:
    202.664
    Пол:
    Женски
    Нема покажано особен интерес за нешто, освен за цртањето, најголем дел од времето кога е дома црта нешто. За тоа секако ќе земе часови да го развива талентот, ама вака по спортови конкретно не е. Физички е активен, не е дека само седи, ама не е насочена таа активност.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Не знам дали имам пишано во темава...ќе го кажам нашиот пример.
    Маж ми се занимава со повеќе индивидуални спортови. Нормално, на децава им е идол, и сакаат да го копираат. Гледам никој не спомнал, а ние го практикуваме многу често одењето во скејт парк. Маж ми тренира со BMX и децава одвај чекаат таму да „тренираат“ заедно. Возат со саати, не можеме да ги одделиме за да си одиме. Ова е само еден пример кој гледам не е споменат, а може да ви послужи како идеја за физичка активност на децата.

    Се согласувам дека примерот од родителот е многу важен за детето да се заинтересира за нешто. Кај нас маж ми е тој што се занимава со многу работи и тој им е водич на децава. Премногу го сакаат и го следат баш поради тоа. Се што прави тој, сакаат и тие да прават: скијање, летање, возење, скокање, па дури и стомачни вежби, склекови кревање на вратило и слично. Нормално дека тие тоа не го прават вистински, но се забавуваат додека го имитираат татко им, а воедно и се физички активни.
    Истото се случува и со музиката. Дома имаме клавир и органа и се додека маж ми не седне да свири, тие не пројавуваат желба. Ние не ги форсираме за ништо, иако сите од страна знаат да прашаат дали маж ми ги летал децата со параглајдер и зошто уште не? Едноставно, не пројавиле досега никаков интерес за тоа досега.

    Јас сум повеќе задолжена за читање, боење, цртање, учење (иако понекогаш знам и јас да ги размрдам здраво со некоја игра или вежби за деца од интернет). Ама ни во овие претежно умствени активности не ги форсирам. Различни активности ги интересираат децата и јас ги следам, кој што сака, тоа го практикувам. Досега, искрено, не сум осетила потреба дека треба да ги поттурнам за нешто, оти доста работи ги интересираат и ги прават, иако се уште само со нас (не во некој клуб или школа). За понатаму, ќе видиме.
     
    На Espadrila, Vennera.aa, Ano и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    10.127
    Јас мислам дека на детето треба да му се понуди спорт или некој курс за да проба дали ќе се пронајде. Не да се тера со сила туку да ги истражи можностите. Уште од најмала возраст треба да им се понуди некоја активност за да се навикнат на распоред. И како што кажа жуто да се биде пример со своето однесување зашто децата повеќе учат од примери. Истото така посетувањето на активност надвор од градинка/ школо ги прави да се покомуникативни и да се прилагодуваат во различни средини.
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.497
    Пол:
    Женски
    Значи јас нема кај не сум пошла вон школо. И на курсеви и на спорт и на играорна и на глума.... И што е најтрагично тогаш не ни бев свесна дека е тоа форсирање. Ајде кај ќе ме прати мајка ми таму одам,за разлика од сестра ми која буквално никаде не била праќана ни терана да вежба и учи. Подоцна се пронајдов во играорната и своеволно останав 10години. Сега како родител моето дете ќе го "форсирам" да оди на училиште и да учи а не да биде како современите хулигани кои 1/3 од школската година ќе ја поминат лежејќи или по кафичи спиејќи на тоа уше дека мама ќе помоли за двојка па ќе поминам. А се друго во животот ќе зависи од неговите способности талент и желба
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.449
    Допаѓања:
    37.616
    Пол:
    Женски
    Не го форсирам поголемиот. Имам лошо искуство со тоа форсирање. Татко ми ме тераше да правам работи што не ги сакам. Јас тоа нема да го правам со моите деца. Ако не им се учи, нека не учат. Најважно ми е да се описменат и да не паѓаат година. Па нека им бидат оценките двојки/тројки. Не го бива секој за учење. Ако сака да оди на некаков курс или тренинг, ќе оди. Само да има желба. А не таму кај што јас сакам да оди.
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.167
    Пол:
    Машки
    Лоша ти е филозофијава. Ти ко родител треба да го стимулираш, поголем број од децата немаат баш нешто мерак за учење али родителот мора да се труди да го поттикне детето да се образува што подобро.
     
    На Someonespecial, crimson, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.449
    Допаѓања:
    37.616
    Пол:
    Женски
    Демек ако заврши факултет ќе успее во животот? Човек треба да е снаодлив. И татко ми не учел па повеќе успеал отколку оние од негова генерација што завршиле факултет.
     
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.167
    Пол:
    Машки
    Не значи дека ќе успее али и неписмено дете не знам колку ќе успее.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.449
    Допаѓања:
    37.616
    Пол:
    Женски
    Очигледно не прочита убаво кога напишав за описменување.
     
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.167
    Пол:
    Машки
    Да не се разбереме погрешно, ми засмета делот ако не му се учи нека не учи. Ти треба да го советуваш целта да му бидат високи оцени а не двојки/тројки.
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    Dovolno e da ima zelba i da pokaze interes za nesto i jas go ohrabruvam so dopolnitelni objasnuvanja za pozitivnite i negativnite vlijanija od zelbite. I ostavam da odluci sam.
    Moe e da go poturnam malku a ne da go naveduvam po koj pat da odi. Nikogas ne sum nastojuvala da odi po moi stapki i da mi gi ostvaruva moite neostvareni zelbi vo mladosta
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.449
    Допаѓања:
    37.616
    Пол:
    Женски
    А ако не му оди што да правам? Не го бива секој. Не му лежат сите предмети. За англиски и за ликовно покажува интерес. И за спорт.
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    14.223
    Пол:
    Женски
    Едно е на детето нешто да не му лежи, друго е воопшто да не се труди. Училиштата постојат за да добиеш основно познавање од сите теми. Не мора да знаеш интеграли, ама мора да научиш множење и делење. Не мора странски јазик совршено да го зборуваш, ама можеш граматички правила и одреден фонд на зборови да научиш. Не мора да си фантастичен писател, ама треба да си писмен во мајчиниот јазик.

    Ако нешто не го интересира детето, нема логика да го учи тоа по курсеви, како некој спорт или странски јазик. Тие активности се наменети за да се посвети внимание на нешто што детето го интересира и сака да го совлада, и е спремно да посвети дел од своето слободно време. На денешно време идеално би било тоа да биде физичка активност. Ама еве јас одев на курс за 2 странски јазика. Мене и ден денес ми тежи газот, освен точакот што го користам за превоз, не сакам да слушнам за физички активности. Ама барем во училиште учев основи на кошарка, одбојка, ракомет. Се случувало да имам петки по сите предмети, физичко 3 или 4. Татко ми ми се смееше како може да сум паметна и неподвижна :D

    Секое дете има преференца што повеќе го интересира. Наша должност како родители е да најдеме што е тоа и да му овозможиме да се развива на тоа поле. Барем на денешно време има курсеви и часови за буквално се. Немам намера да ја форсирам ќерката во одредено поле, ама ќе следам што ја интересира и само ќе создадам услови да се усовршува во тоа. Не верувам дека има деца што апсолутно ништо не ги интересира. Може им здосадува брзо, или само сеуште не нашле нешто што им стимулира интерес. Па нека пробаат 7 различни работи. Нешто ќе профункционира.
     
    На Animali, Someonespecial, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.