1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форсирање на детето

Дискусија во 'Дете' започната од OrdinaryGirl, 21 јуни 2010.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    А факултетџииве демек писмени? :rofl: Оф леле. Образованиево ни е ѓон, ти писменост бараш.

    Инаку, во мое време писменост се стекнуваше со основно образование, сега не знам како е. Ама како што гледам џабе е и факултет кога има неписмени доктори, магистри еден тон.
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    ако не им се учи нека не одат на школо. Јас го запишав за да учи а тоа не значи дека ќе форсираш и ќе тераш со сила. Јас имав многу мака како мала,не знам дали беше тоа добро или лошо ама знам дека на мое дете такви маки нема да им задавам. Ќе учи а не само ради реда да врви на школо. Ќе учи за знаење а не за оцена.
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.741
    Допаѓања:
    32.091
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што кај нас успеваат само оние со купени дипломи. Ретки се оние што навистина имаат знаење. Ниту сум форсирала, ниту ќе форсирам заради некоја придобивка. Немам намера да се покажувам пред другите. Веќе пишав дека мене татко ми многу ме форсираше. Ако не добиев 5ка или 4ка, одма викаше по мене. Кога почнав да учам средно, тоа престана. Сфати дека не ми лежат сите предмети.
     
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    Имам син од 5.5 години кој е многу интелегентен и навистина многу двои од негови врсници дури и од малце поголеми деца ама е многу темпераментен, буквално е како торнадо.Веќе една година оди на карате, и сака да оди, му се допаѓа, не се откажува, има тренинзи 3 пати неделно и не пропушта за жива глава, ама градинката ич не ја сака зашто ги тераат да спијат на пладне а он неможе да издржи да седи мирен а не спие на пладне уште од 2 години, и во градинка седи до 12 само и сака да си оди дома, плус не јаде таму ништо што е дополнителен проблем.
    Сега размислувам да го запишам во некој центар за детски развој каде што можеби ке му се доразвие и насочи правилно интелектот.Ги гледав тие stem academy учат со помош на лего коцки или пак малац генијалац,и размислувам да го отпишам од градинка, пошто реално ми е повеќе малтретирање да го терам со сила да оди некаде, во овие центри можеби работат по други програми и ке му биде интересно.
    Он нема проблем со социјализација, одлично се вклопува со други деца, се снаоѓа во непозната средина, комуникативен е, нема проблем со фокусирање, ако седне да бои или да составува лего коцки задржува внимание одредено време ама после е турбо, ке бои на пример 20 минути па ке трча и скока 2 саати и слично.Лего коцки составува без шема, брои до 1000 па му иде логиката и за понатаму,знае да брои по 5 од типот 5-10-15 итн, или по 10, 10-20-30 или по 100, 100-200-300, раскажува приказни,знае месеци, годишни времиња, помало поголемо, да дополнува низа со броеви или букви, ги знае буквите и латиница и кирилица , пишува кратки зборови,не знае да чита, препознава по нешто да прочита на пример пикабу да го најде на тв или некој др канал што го гледаме, или песни што му се свиѓаат во кола ги препознава сам да ги пушти од листа, ама не и пишан текст,интернет укинав уште од зимоска и playstation i телефон не гледа, и многу е подобро од тогаш.Сега гледа пикабу, и чат пат некој филм на нетфликс или детски јутуб ама ептен кратко. Не ми е намерата да го форсирам, сето ова 90 % го имам научено на негова иницијатива, сам прашува,и се интересира, мислам дека одлично ке се снајде во некоја креативна програма, доколку имате слично искуство дајте ми совет каде да го насочам.Кога веќе има потенцијал детето мислам дека е подобро да го насочиме правилно.Малац генијалац има во Куманово, ама мене оваа стем академи во скопје некако повеќе ми фаќа око. Што мислите дали вредат за парите, ги учат ли нешто децата, не ми треба за помодарство да се каже само дека оди некаде.Се мислам да го одпишам од регуларната градинка и да инвестирам во некоја таква програма, бидејки реално за двете немам финансиска можност.Ве молам за искуства и совет.Благодарам.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.636
    Види iqup. Малац генијалац ограничено работат со бројки само ко шо ми кажаа кога прашував
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    27.140
    Пол:
    Женски
    Сите овие програми се фокусираат на когнитивен развој. Него тоа добро му оди од ова што го кажуваш. Било кое од овие ќе ти заврши работа.
    А ако мене ме прашап на дете во предшколска возраст што помалку структурирани активности тоа подобро. Слободна игра за развој на моторика и самостојно откривање на светот е најдобро. Ама ти си знаеш.
     
    На Anaksunamoon и LazaLaza им се допаѓа ова.