Размислував долго ноќва и ми текна на една ваква тема. Дали преку форумите некој има можност да не контролира, навлезе во нашите мисли (буквално кажано). Дали сте се запрашале дали форумите некој преку навлегување во IP адреса од каде е напишан постот поголеми структури на еден начин имаат контрола врз нашите животи (преку мислењата ги дознаваат нашите брачни, семејни, финансиски и други ситуации). И сега јас не велам ова дека е 100% така, но како еден вид теорија на заговор сте размислувале ли дека форумите се создадени токму за тоа некој преку влегување во сервери, преку лоцирање IP адреси да навлезе во човековата свест, со други зборови да оние кои се членови на одреден форум се метафорички кажано како еден вид учесници во шоу (од типот на Големиот Брат). Бидејќи, „Големиот Брат“ како велеше "Veliki brat sve vidi, sve cuje i sve zna.
И што ќе добие некој ако разбере за мене/тебе детали ? За да некој влијае на тебе преку форум треба да си психички лабилна личност.Ако преку форум некој те дестабилизира тогаш може и преку ТВ...и преку книга...и преку обично писмо.. Ќе навлезе некој во твојата интиме толку колку ТИ ќе дозволиш и ни милиметар повеќе. Не верувам во Теорија на заговор преку Форуми. Форумите немаат ќар да навлегуваат во нечија интима, тие заработуваат од нашите кликања, лајкови и отварање на некоја статија.
Не велам јас за некој да влијае на нас(никаде тоа не го напишав) , туку велам дека можеби (*ова како идеја, како теорија на заговор) дека некој по нашиот е-маил можеби, по нашата IP адреса можеби не контролираат (притоа не мислам тука на членови од форумов, модератори и сл.) туку на помоќни институции. Како што велеа, пример за новите телевизори дека во нив има вградена камера која снима 24/7 кога е телевизорот приклучен на штек. Секако и во ова јас не верувам, но постои како теорија на заговор. И ако е темава излишна, канта .
Не дека не е можно, ама не верувам дека постои такво нешто, т.е. дека го прават тоа. Идејава ти е добра за филм некој да се сними според неа.
Се е можно.. Ако телефоните ни ги прислушуваат, пишаните пораки на Вајбер ги контролираат, зошто да не и преку новата технологија на телевизори. П.С. Среќа постар модел имам...неоти има во него нешто
Гајле и е на некоа разузнавачка служба некој си Петко од ДолноДупени дали јајцата пржени или варени ги јаде и колку пати неделно секс има. Не верувам дека некој би следел рандом персони ако нема причина за следење. Плус од една ИП можат многу особи да пишуваат од кај ќе знае унапред некој сопственик на форум кој ќе се регистрира па да го користи форумот за следење.
Да, технички.. Практично, малку тешко.. Така да, ако не сакам некој да ме дознае, знам како да се сокријам За среќа, не сум толку непријателски настроена НО ... сте слушнале за PRISM? Јас вака од секторот безбедност и контраразузнавање да ве потсетам дека никој не е анонимен
Ме мрзи од телефон ама за тебе.. Се смета дека е еден од пософистицираните начини на собирање на податоци од најголемите електронски бази под капа на NSA.. наводно владата на сад го креирала програмов за да собира информации од серверите на Google, Yahoo, Facebook, Microsoft, Paltalk, Skype, AOL, Apple и мн други.. Се таргетирале конкретни зборови, поими кои се пребарувале, конкретни е-мејл адреси.. Иако првично бил замислен проект за собирање на информации на база на издаден налог, САД не е САД ако не уплеска нешто..па почнале да собираат секакви информации и тоа за секого, не само за високоризични мети. Со години се негираше постоењето на PRISM, но веќе и федерални судии почнаа да признаваат за нејзиното постоење.. Во филмот за Сноуден (препорачувам да го гледаш), има еден добар дел разоткриено ..или барем се смета дека е таков принципот на функционирање. Колку и да се плука по проектов, факт е дека спречил мн терористички напади и друг вид на криминални актовности иако не верувам дека некој ќе излезе и јавно ќе каже - да, постои и функционира на овој принцип - бла бла бла... Сепак факт е - никој не е безбеден на интернет. Колку и да се криеме..прокси, впн, магии чудесии..не помагаат секогаш..
МОжно ее да дознае, ама да влијае на нашата свест и расудување не. И јас сум размислувала за ова шо ако некој баш прочита се шо имам напишано.. ќе знае, мејби, добар дел од мојот живот..
Овде сами одлучуваме што ќе споделиме, па затоа вероватно споделуваме нешто што не се плашиме дали некој ќе не открие. Во денешно време сите имаме фб што сметам дека таму се гледа повеќе приватноста отколку тука. Овде повеќе се дебатира, на одредени теми и тоа е тоа. Не ставаме слики, не се тагнуваме кај сме. И не ми е јасно како може тоа да влијае на мене.