Ме интересира, зошто секое несогласување го гледате како личен напад, а не како причина за аргументирано дебатирање? Форумот е место за дебатирање, разменување мислења, совети, идеи, не место каде сите едногласно викаат: Да така е! Не е партиски митинг. Што е за вас дебата?
Не знаат повеќето овде што е дебата. Јас не сум многу активна околу пишување ама почесто читам и кога ќе почнат лични р'чки околу некоја тема, одма некој се наоѓа прозван па трет доаѓа да просветли... До бескрај. Ако е отворена една тема, очекувам секој да си изнесе свој став околу таа тема а не да ми се закачи пример мене со цитирања зошто јас мислам како што мислам, да лепи етикети, да ме убедува итн. Јас мислам така, ти мислиш поинаку, повели изнеси го твоето мислење културно без да напаѓаш лично други. Зависи и темата од каков карактер е ама се треба да се прави културно и со одбрани зборови, а не ко накострешена тетка : А ти мори?! Луѓето имаат различни мислења околу се во надворешниот свет и не можеме да ги "оправаме" сите според нашето мислење. Колку и да не се согласуваш или те "дира" нечиј став треба да се биде културен. Зашто форумов мн често наликува на селска чешма кај што се препукуваат баби.
Како испадна денес на три места со башка мислење, ќе мислиш те таргетирам. Ќе пишам накратко оти неќам типкање од телефон. Не можиш да земиш група луѓе кои во живот немаат дискутирано и да очекуваш да можат. Особено зошто другата страна можи да те боцка just cuz. Во секој случај сум целосно против навреди и шотизнам друго. И вервам дека секој има во себе без навреда да комуницира. Али и сфаќам дека некогаш некои теми се земаат лично и кога мислиш со емоции, а не со глава - иди до конфликт. Зато и има модератори за тогаш. Не си земајте при срце. И во контролирана irl дискусија мора да има модератор оти се е под ризик да излези од контрола. То е нормално, луѓе сме. Сега за цитирањето. Н о р м а л н о дека ќе има цитирање. Како инаку ќе зборате? Секој ќе кажи шо има и после чао нема врска поќе? Ако неќите да ве цитираат има две опции без да се дејствува агресивно: 1) не пишиш 2) свесно игнорираш цитирање Ама кога некој пиши "не ме цитирај" ти е чисто ради God complex да го има "последниот збор". Лично, се дур некој не повредва друго живо суштество физички или ментално, можам да сум флексибилна и да пробам да сфатам оти така мисли иако не се согласувам и со многу луѓе се имам најдено на средина али то е под услов да не ми се постави агресивно, оти немам нерви да ги смирвам за да се најдиме на средина. На времето имав. Немам веќе. Ама кога влегва тој некој во таа зона на "предатор" - немам толеранција и флексибилност.
Би сакала да додадам дека нема потреба толку лично да се сфаќаат работите. Ова е форум. Секој ќе ве цитира, не секогаш ќе се согласувате со некого за нешто. Дури и да имате член фаворит, секогаш ќе се најде нешто за што не се согласувате и тоа е сосема во ред. Не постои форумов да си го најдеш близнакот, туку да се слушнат мислења од различни глави. А секако има такви кои веднаш напаѓаат и сакаат да се тепаат преку екран. Не можете да контролирате нечие однесување, можете само да ја контролирате вашата реакција. Доколку некој не се согласува со вашето мислење, не значи дека ве мрази и сака да ви наштети. Штом сте се зачлениле на форум, треба да бидете спремни за критики, за луѓе кои ќе бидат против вас и за луѓе кои ќе се согласуваат со вас. Nothing personal. (можеби малку ви забегав off-topic, се извинувам)
Поентата на дебатирањето е цитирањето. Така 'всушност се одржува во живот' дебатата. Ако нема цитирања, не е дебата, туку анкета.
Јас би рекла да прекинат членовите да напаѓаат ако некој има различно мислење од нив. Не може сите исто да мислиме,ти кажи си што имаш ама едно е да дебатираш а друго е да се расправаш.
Има луѓе што цитираат и дискутираат, многу ми се океј тие иако не се согласувам целосно со нив.А има и втора група од луѓе што цитираат и почнуваат со провокации, вадат стари работи од други теми и се префрлаат на лични навреди и после откога ќе заврши дискусијата што се претворила во караница одат и во други теми и пак продолжуваат да ги буцкаат истите членови со кои се цитирале. Треба некои да си повторат што значи дебата и да прекинат со изживување. И да додадам, вадење работи од приватен живот што биле искажани на форумов, а со цел да се искористат против некој член во "дебата" ми е дно, а го имам видено повеќе пати.
Ова мене ми се деси пред неколку месеци и во секоја тема бев напаѓана поради едно мое мислење,точно е од а до ш. Можеш да замислиш која некултура се во живо чим вака на анонимен форум се понашаат или евентуално лечат фрустрации тука.
На сите им се случува истото. Посебно на почеток кога ќе почнеш да пишуваш, од сите страни има напади. Ретко кој ќе ти реплицира со аргумент, 90% ќе ти се изнасмеат, или ќе те навредат.
А има и луѓе што не цитираат, а провоцираат мотивирани од твоето напишано Форумот е за дебатирање, не за наметнување мислење или превоспитување. Дебата, што знам што е тоа. Имаше еднаш кажано, мислам @Billy Idol во СДК, нешто во стилот, ако после три реплики, не се разбирате, престанете дискусија (извинете ако сум помешала лончиња). Се согласувам дека понатаму веќе не станува збор за дебата, ако уште се вртите околу истата поента.
Tribal wars ми е омилен концепт на форумот. Сите очекуваат некој зад нив да застане, некое племе. Или некоја матица се најде и куп другаркички што ја бодрат по ЛП или на четови на страна. И или си со нив, или си против нив. Се настапува како група, не смееш да имаш спротивно мислење од нив. Ако напаѓаат некој член, не смееш да не го нападнеш. Масовен булинг од entitled госпоѓи што мислат дека е битно само нивното мислење и ничие друго. Затоа сум воглавно самотник, не барам никој да го поддржи моето мислење кога го искажам, не се вклучувам во дискусии во кои е евидентно дека се насочени кон напаѓање на некој лик, а не дискутирање на темата. И блокирам личности кои на таков начин се обиделе да ме нападнат, т.е. кои се собрале со другарките и пробале да ме навредуваат, провоцираат или банираат. Не се тие криви, само го изедначуваат форумот со реалниот живот, а таму се трудат да не бидат ѓубриња за да не збори комшиката, па само форумот им останува.
Ај да се корегирам- после три последователни реплики, во органичен временски период. Реално, ништо паметно и ново нема да ми текне за 15 минути. А најреално, немам време за повеќе. Ако не се внесе нов стрим во дискусијата, нема поента, истото па истото. Утре може поинаку ќе биде.
Ок.. значи ти секако нема да реплицираш повеќе од три пати. Иначе, дебата може да се тера, додека не се исцрпат сите аргументи, а како што не читаат сите се' со ред, само се повторуваат и повторуваат истите муабети.
Јас како нова еве ќе ви го кажам мојот впечаток за форумот, со оглед на тоа дека уште за никого немам некој посебен впечаток. Генерално да, забележав многу навреди кон членки, кои не исповоцираа со ништо. За второво не сум сигурна ама имам впечаток дека постојат групи на форумот, кои веројатно лично или виртуелно приватно другаруваат, па имам впечаток дека често во група и се нафрлаат на членка ако не се согласуваат со нешто. За разлика од други форуми, дискусиите поприлично брзо се "губат" во напади од една или друга страна, што е штета, зошто забележав неколку членки кои ми е задоволство да ги читам и кои навистина знаат да дискутираат, ете @theowndemon ја забележав во темава со сосема издржано мислење. За крај, гледам дека има многу теми од типот на семејство, бебе и слично, каде се смета дека мораш да имаш предиспозиции да си мажена со дете и да живееш во заедница за да имаш право да коментираш. Јас разбирам дека дадена ситуација не може да ја толкува секогаш некој кој не е директно вмешан, ама сметам дека е лошо за форумот пред се да постојат такви теми каде одредена група е привилегирана да коментира. П.С. Се надевам не навредив никого лично, навистина уште никого не ни знам и воопшто тоа не ми е намерата.
Често се воздржувам да се искажам на некои теми, оти знам некои членови во кој правец ќе го однесат тоа. Знам точно кои членови за што ќе се зафатат. Прочитани се веќе. Ќе пишеш нешто, ќе го поврзат тоа со нешто друго од друга тема или нешто лично за членот ќе му плеснат. Не, фала, не ми треба тоа. Ретки се тие кои вистински дебатираат. Повеќето се само буцкала и кавгаџии кои уствари малтретираат тука.
Јас забележувам по малку дека жив човек нема на форум кој ќе признае дека згрешил за нешто, дека не е во право... Илјада оправдувања ќе се измислат, од " не мислев така" , до замена на тези, сите logical fallacies, абе на глава ќе се наместат, чак и жртви ќе глумат само да не признаат дека утка биле за нешто макар и неважно. Друго, одма се оди на напаѓање на личноста, не дека јас не сум го направила тоа, гилти ес чарџд, и после е фешта . Контранапади, чуда. ТреЌЕ, немам време да се бафтам со некој за да се докажувам, овде сум за да ми е пријатно,не да ја убедувам перса дека митра е кабает а јас најфина. Задње- секој себе да се погледне, ама баш убаво, во огледало, ќе си види и делови што ги напаѓа понекогаш. Несвесно, не сфаќајки дека и тој е таков каков што пљуцка во моментот. Со тотално неразбрани, идиотски поставени, не сакам да дебатирам. Блок и ај чао. Нема тука дебата,ако едниот или двајцата сака/ат да се изживува/ат.
Не е поентата некој да признае дека не е во право, поентата е да се разменат мислења преку дебатата. Нормално дека сите сме субјективни, дел од природата ни е тоа што ја доживуваме реалноста секој различно.