Како бре не е ? Никој никогаш не бил премислен во дебата? Па што е тогаш целта ако не да еволуираат мислења?
Дебата нека има, ама со аргументи. ...на форумов и без аргументи, ама да е некако издржано...зашто сепак не сме во Парламент па да вадиме писмени докази за обични работи. И што нај многу ми пречи (и напуштам терен) кога некој сака да ме убеди во нешто во кое не верувам, па почнува со не реални измишљотини и навреди. Тоа не ми е дебата, туку силување т.е. наметнување на свое мислење.
Мене реално не ми е проблем па баш со писмени докази на форум, мислам или дебатираме ставови, или аргументираме факти. А за факти, постои линк. Па и ако е лажна вест, фино ако некој ми посочи, да не верувам во се што ќе прочитам.
Сеа... Има теми за развод, за родителство, за професионален успех...да не треба свидетелства да приложиме или плакета и благодарница Линк за се неможеш.. Ај стави линк за свое ускуство
Да се надоврзам на ова, имам приметено дека некои членки, ако не им одговара твоето мислење, целосно ти го поништуваат со некоја реченица во смисол, мала си уште, или немаш направено толку и толку години. Бидејќи возраст=знаење, или пак искуство? Лош comeback. Подржувам да има дебата, нормално е со постирање да те цитираат, но дебата е кога се издаваат аргументи и факти и само неколку членови ми останале во памтење кои кога ќе напишат, се гледа дека се потрудиле и постот им е убаво промислен, аргументиран. Shout out до @Briar Rose
Енџи, ме изнасмеа ти кога го блокнав лошото детиште Хуго, сега мож и некој друг да блокнам, ме чешаат прстиЌи
Веќе подолго време немам желба за дебата. Пишувам мислења но и сама забележувам тоа е веќе ретко. Ако забележам препукувања на тема, а ако има метеж на некоја тема, огромни се шансите да заврши ,,дебатата" со навреди, оф топици и клуч на темата, па не се ни обидувам да навлезам во таква каша. Најмногу што ми засметало, е фактот дека ако нема согласување на една тема, омразата лично кон членот продолжува и на други теми. Што само покажува дека нема задржување до темата, него лично се пристапува во секоја наредна дебата. Фактот дека повеќето сме возрасни луѓе, уште повеќе е зачудувачки, согледувајќи какви незрели мислења и навреди се пишуваат. Постои исмејување, сарказам на скоро секој втор пост, секој сака да испадне попаметен од другиот, навистина ретки се тие кои изнесуваат аргументи, смирено дебатираат и го споделуваат својот став. Баш пред некој ден читав стари мислења на постоечките теми, колку само се познава дека пристапот, атмосферата и хармонијата на форум биле сосем различни тогаш, со многу повеќе позитивност и дружба.
Оти бре блок Јас никој немам блокирано, мазохист ќе да сум Дебата... зависи на која тема Не можеме да дебатираме дали е ќутек воспитна мерка, а имаме таква тема пример. Значи глупо е да дебатираме, исправно е едно, нема простор за мислење, еднакво глупо како да дебатираме дали земјава е елипсовидна... oh wait Дентина, имам признаено "пораз" неколку пати, еднаш и точно знам на која тема, доење во јавност. Ми се смени мислењето и тоа јавно си го напишав дека ми е сменето. Размислив подобро, сега сум во другиот табор Многу игнорантно мислење сум имала. Исто и со Дангел на една тема признав "пораз" али пошто дебатата беше во ПП нема да објаснувам тука И да, дебата е нешто што фали на форумов, али на некои теми просто не може да има дебата. На пример, јас сега напишав дека ќе одмрзнам ручек оти ме мрзи да правам, и сега да ми се закачат може - како тоа замрзнуваш ручек, треба свежо, органско, еве ти линк... или зашто е твоја обврска, 21ви век, курсетресеволаднавода... бап линк. Е сега, јас не сакам да дебатирам. Донесов одлука. Ќе одмрзнам грашак. Не ме интересира вашето мислење, не е добредојдено. Ако пишам у тема поделба на домашни обврски, ок. Ќе дебатираме. Али у рандом тема како СДК, 40ка, ќошето и слично, јок дебатирање. Тука малкуцка не се прави дистинкција, каде се дебатира, а каде не. Сите сме вознемириле некој, сигурна сум. Али на крајот на денот, idgaf.
Точно, линк за се не можеш, ама ако зборуваме за наводни факти, би било пожелно. Пример, се дешава дебата во Детска козметика, сите пишат јас мислам вака, не, јас мислам онака. Дали темата детска козметика е за дебата? Мислам, состојки на крема се факт, истражување за состојки се исто факт. Можеби не секого го интересира, ама мене на пример ме интересира. Јас барем не сметам дека знам се, и секоја нова информација, поткрепена со факти е добредојдена. Се согласувам со Каме погоре, нејзиниот замрзнат грашок е нејзина одлука и нема дебата, освен ако сама не побара.
Се слагам...ДА...неможе сега сите да трачариме и да правиме форум. Ама, мораш да се сложиш дека има и искуствени работи за кои неможе да се приложи доказ
Јас лично форумов не го сфаќам ко место кај што треба од петни жили да дебатирам, да постирам линкови, да се опседнувам по цел ден. Повеќе ми е тепање време, и нормално дека некогаш ќе влезеш во тема која те чепка и ќе се убедуваш ама после некое време не ми е гајле дали непознати ликови што ги среќавам на форум се согласуваат со мене. Мислам, да очекуваш на интернет секој да се согласува зо тебе... 99 посто од "дебатите" на форумов се ваѓање комплекси на површина, јас колку сум начитан, јас колку сум свесен Една дебата не сум видела без напинање да заврши. Во превод, ментални мастурбации. Јас кога знам дека за нешто е така, не морам да одам и да му се качувам на глава на луѓе. Едноставно "мир" ми носи тоа што знам дека е така како што е. И тоа е. Затоа во дебати се вклучувам некогаш со неколку коментари и толку. Повеќе ми е ко што кажав, кафе муабет.
За многу работи е така, не за неколку само. На крајот нашите искуства ги формираат и нашите ставови генерално. Или недостаток на искуства, исто така. Тука единствен проблем е кога нечие сопствено искуство се пробува да се прикаже како факт - ама тоа е сепак - лично искуство. Од мое лично искуство, сабајле ме тестираа, вечерта имав резултати. Некои чекаа повеќе. Ни моето, ни нивното, не е факт. Искуство е...
Форумот го сметам за место за дисксија на одредена тема. Сакам да дебатирам ,да кажам што мислам,не ми сметаат жестоки дискусии,ама на овој форум многу малку е возможна дебата. Затоа што има многу другачки по лп кои се бранат на секоја тема,па нема поента дискусија на некоја тема. Тоа е аматеризам. На ниеден друг форум не сум ја сретнала оваа појава.
Затоа ќе си постираш по чат теми и форумски игри. Тие се за 'тепање време'.. Абортус (пример), не е место за некој 'да си тепа време' оти му е досадно.
После 4 години на форумов од кои првата не ни пишував толку многу (веројатно затоа што ми беше страшна атмосферата кога гледав какви fight's испаѓаа од нигде никаде помеѓу некои членки), сфатив дека во најголемиот дел од времето не може да има конструктивна дебата бидејќи сите изнесени лични работи (почнувајќи од години, па место на живеење, па имање/немање брат/сестра, дечко/девојка и се' до некои уште почувствителни теми како неплодност, семејни проблеми, финансиска криза и слично) му се плеснуваат на соговорникот во теми кои се апсолутно неповрзани со тоа, само за да „се добие“ дебатата. Сите го прават тоа. Веројатно и јас некогаш го имам сторено. А и мене ми го имаат сторено и дебатата тука прекинала, затоа што штом цената за нивната „победа“ е напад на нешто толку чувствително што имам изнесено за мојот живот едноставно не вреди да си трошам зборови на такви луѓе. Не се плашам од разменување мислења, не ми е ниту лошо ако некогаш треба да се најдеме на средина, но кога ќе се почне со „ти врска немаш заради тоа и тоа“ веќе и нема можност за нешто паметно да се размени. А да и морам да си признаам дека кога ќе прочитам некој да оправдува нешто неодбранливо од тип на физичко насилство, мизогинија, расизам и слично, факт е дека тој член/ка веќе и на сите други теми го/ја гледам поинаку (полошо). Фак ит, човек сум.