1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумот и дебатирањето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 21 јули 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    И 40ка не е тема за европски фондови и барање решенија во кризни ситуации на ниво на држава ама тоа е што е :rofl:

    Се шалам. Не е работата во тоа во кој дискусии се вклучуваме. Целата работа е во тоа како се вклучуваме. Дебата ќе се нарекуваа сите дискусии кај што нема цепидлачење. Мислам и тоа е океј, некогаш има човек таква енергија, свежа, може од спиење станал, одморен :D ама јас сакам да кажам, кога дебатата преминува во "јас сум најчитан сега ќе ти постирам 15 линкови од студии кој патем знам дека никој нема да ги отвори ама ќе ги постирам за да покажам колку сум начитан", тогаш дебатата веќе преминала во лични препирки и нема што конструктивно да се извади понатаму. Е тоа сакам да кажам, дека 99 посто од дебатите се такви, манипулативни, и затоа за мене е најубаво да се вклучам во дебата ама да направам добра проценка кога треба да запрам.
     
    На SURF, LunaGrey, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Каме @CameliaMiller , част изузетцима и присутнима:)
    Јас ретко да прочитам тоа, ете во таа тема не сум видела, што не значи дека не постоите вие кои ќе признаете дека туѓи аргументи ве натерале на промена, ама ретки сте, ко еднорози прекрасни:inlove:.
    И Рефка има пишано дека влијаел форумот, и секако влијае на доста членови кои често пишуваат или читаат, јас имам периоди само на читање, не ми се пишува, или зафатена сум едноставно па ме нема , ама уживанција ми е да читам некои членки, што се вика уште забелешки да почнам да си вадам. Навистина се позитивно влијание и тоа не е само мое мислење.
    За мали злодуси, секаде ги има, :devil:, ама стваааарно освен ако не ми е денот, нема што да се расправам. Ќе кажам што мислам, ќе се спротиставам, не дека не,ама на крај на денот ум не можеш да дадеш на сила, ни да земеш на сила.
    Пис:f:
     
    На Lady D ❤️, SURF, Nightwish11 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Тоа е субјективно.

    Демек @Briar Rose и @theowndemon (на вас прво ми текна, сори шо ве ставам на тапет) кога пишуваат долги, аргументирани постови, со линкови и цитати, тоа значи дека се 'прават важни'?
     
    На SURF, Someonespecial, Ahoy и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Конкретно од нив две никогаш во овие 3 години на форум не сум осетила таква енергија. Ги доживувам двете ко стварно да се борат од срце за тоа што го пишуваат, и дека целта не им е да покажат колку се паметни туку дека се стварно паметни девојки.
    Тоа лесно се проценува. Се додека објаснуваш зошто мислиш дека е така ко што е, со постирање цитати и докази, тогаш ќе те сфатам сериозно, ќе отворам да видам што си пишала. Ама се дур пишуваш со нота на "јас сум најјака, вие глупи, јас ќе ве едуцирам" не можам да те сфатам сериозно и веројатно нема да ги отворам линковите бидејќи имам доживување дека тоа го правиш за лично убедување повеќе одколку за мене.
    Ни од briar ни од theowndemon јас лично не сум почувствувала таков вајб, а и не сум ни видела некој такво нешто да им пишал. Не сум видела некој да напишал дека така ги доживува.
    Затоа со кејф ги читам двете :)
     
    На SURF, Sejfullai, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Што значи не е до аргументите, цитатите и линковите, туку до конкретниот член е?
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    До конкретниот член е моментот дали јас ќе ги отворам линковите и цитатите или ќе ги прескокнам. Ќе ги отворам ако конкретниот член го доживувам ко сериозна, сталожена личност. Ако го доживувам ко некој што од мене бара потврда да му кажам "леле каков линк, ти си најчитан, ајде да збориме за тебе и твојата начитаност, а не за линкот, пошо линкот беше само транзит да видиме колку си начитан" веројатно ќе го прескокнам пошо не сакам на форум да бустам самодоверба на некого, не е тоа моја обврска. Инаку на интернет се, и сама да ги побарам и ќе ги најдам линковите, не се скриени.
    Ама се проценува одма зошто некој е дојден на форум. Дали стварно не бори за каузата или си докажува себе си дека е најпаметен. За briar и demon не треба никој да им каже дека се паметни, си ја знаат вредноста и затоа не очекуваат на форум некој да им ја потврди. Ако биле такви и постовите ќе им биле такви и многумина ќе го забележеле тоа, од еден, двајца може да е субјективно, си се скарал, ама од повеќе ако доаѓа истото, веројатно е точно, а за нив ко што кажав, ниту еднаш немам прочитано некој така да пишал :)
     
    Последна измена: 22 јули 2020
    На SURF, Lianna Anna, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Исто како што е до конкретните луѓе во реалниот живот.
    Не можам попов локален да го слушам што има да каже за феминизам, оти па поп е на пример.
    Или како што колешкава што ми кажа дека сум дебела оти себе не се почитувам, нема да сакам да ја слушам за што било, па сто пати нека е во право.

    Има нешто и во нашето однесување.
    Има нешто и во начинот на кој ги искажуваме мислењата.
    Тоа не важи само за тебе Вајлд.
    Важи за сите.

    100% сум сигурна дека има луѓе што скокаат мои мислења просто зошто јас сум им антипатична, и тоа е ок.
    Сите бираме кого слушаме.
    Нема потреба да изиграваме hollier than thou пошто не сме.
    Има членки 10 реферати ќе им прочитам, пошто сакам да ги прочитам, може со 50% нема да се согласам и нема да ги конфронтирам оти не сме во тема за дебата пример.
    Од друга страна, има членки чии 2 реда мислење не читам, оти мене не ми се допаѓаат членките и целиот нивен вајб.
    Тоа не значи дека ќе ги конфронтирам во тема во која дебата не е потребна.

    Најпрост пример ми е, @Dust ќе ја означам пошто нема да се потресе од мислењево мое, обожавам да ја читам и забавна ми е, ама ете со многу работи што ги пишува не сум согласна, на пример сточарството. Па нема да најдеш како во 40ка пример јас и Даст коментираме за различните наши гледишта за иста работа. Исто нема да најдеш како во 40ка конфронтирам некој што иде у црква пошто така мисли, или носи црно за умрен, или бебе не вади од дома 40 дена. Ако сме во тема за дебата ќе ги конфронтирам. Во кафе муабети нема.
    Па кој сака нека биде.

    И да, ако членката ми е напорна, шансите се дека нема да ме интересира колку е вистина тоа што го кажува. Ако го кажува агресивно, упорно, напорно, ќе се повлечам и нема ни да читам. Пошто нема да дозволам никому да ме малтретира. А, агресивно убедување за мое мислење или постапка, посебно во тема во која не сум ни побарала мислење, секогаш ќе биде игнорирано.
    Од било кого нека иде.
     
    На SURF, LunaGrey, crimson и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека во теми од типот на сдк, ќоше и 40ка нема многу простор за дебатирање, бидејќи ќе одземе од прегледноста на темата, затоа и постојано се потенцира да се префрлаат членовите во соодветна тема кога ќе дојде до повеќе мислења за одредена тема напред-назад.

    Морам да кажам, дебатирањата ми се омилени за читање на форумов, ама за жал страшно се ретки. Најчесто она што тука го викаме дебата е всушност тврдоглава битка за тоа како јас да излезам попаметната, како да го зафркнам соговорникот, да го столчам, да го заќутам со една реченица, да соберам 20 и кусур лајкови. Е тоа не е дебата. Не знам што е, тензичен муабет можеби, ама дебата не е. :D

    Не е тоа ништо чудно, бидејќи најчесто и во живо луѓето така разговараат, без да имаат предвид за тоа од каде доаѓа соговорникот и на кој начин треба да му се обратат за да го натераат да размисли, во превод, дебатата да биде продуктивна. А не може да има продуктивна дебата ако целта не ни е логички да го разубедиме противникот, туку само да покажеме дека имаме повеќе познавања од областа, дека знаеме повеќе од нив, дека се наоѓаме ја повисокиот коњ итн. И сите понекогаш го правиме тоа, секако, и јас сум се однесувала така мал милион пати, ама секогаш пред да почнам да пишувам пробувам да го составам мислењето најблиско и најпристапно што можам. На крајот од краиштата, може и во право да си, ама ако се ,,опнеш", многу добро знаеме дека членовите нема ни да ти го дочитаат мислењето пред да те цитираат со опнување назад, и ете ти хаос. :D

    Што се однесува до муабетот за линкови и факти погоре, би се сложила со Ментаб. Секако дека фактите и истражувањата се битни за оформување аргумент, ама бројките знаат и да бидат нерелевантни, субјективни и залажувачки. Најлесно е да се залепи линк, ама треба да се објасни што тој линк значи и каква улога има во аргументот. Во школо кога вежбавме нè учеа дека на прво место оди логиката, а потоа бројките. И апсолутно може да се победи дебата без бројки.

    Само битно е да не си копаме очи одма бидејќи колку и да сме во право, за нас ќе си е, на противникот не му е гајле дали имаш аргументи ако те смета за антагонистички настроен.
     
    На do-re-mi, Scott Weiland, SURF и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Ова како јас да сум сакала да го напишам ,добро е што го напиша ова се согласувам со тебе (highfive).Затоа одбегнувам да навлегувам во дебата ,забележав само напади и фрустрации од некој форумџии ,а ништо лично не се однесувало кон нив ,но сепак рипкаат ко да си им зел леб од уста :?:.Не ги разбирам ,,зошто,,? Но сепак се воздржува ова е виртуелна и затоа повеќе ги преферирам Ф.игри ,забава,опуштање позз на членки ,почит и чао @Bitter -Sweet ..извини што те цитирав ,само го почитувам напишаното :hug:
     
    На SURF, Mr.Lover, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Уф со направив со постот :whew:
    Бришете ако згрешив
     
  11. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Првите 30 минути можеш да го избришеш или редактираш;)
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet
     
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Камелија, да, тоа е тоа, и @Lella , многу слично размислуваме за оваа работа.
    И забележувам самокритичност кај вас, што кај некои уопште ја нема, а со такви луге несамокритични не ми се ни дебатира. За нив само " спуштање".
    И за мене важи, гледам што , но гледам и од кој е , зашто и Боки 13 можи за поштење на форум да дебатира ама едноставно не му верувам, сега Вајлд може да рече дека ете, аверзијата кон него ќе ме заслепи , ноооо....чекај малку. Јас денес можам да пишувам против абортус а приватно 7 пати да сум абортирала. Од каде ќе знаете вие?
    За репутација на форум баш ме брига, ете и јас една членка со сосем фина репутација, абе вештачка ми е и точка, и не ја поштовам. Во глава се преиспитав што ме одбива, не знам, фејк некако, злица , само да се мрчело, жалело, се' она знае бла бла. Фајн, не ми е на игнор ама често ја скролам зашто кога читам како тенџериња да ми тропаат ми е некогаш. Па колку сака нека ја " сакаат".
     
    На SURF, ivi1987, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Јас од дебати тука многу сум научила. Искрено.
    Јесте да сум некогаш во погрешна насока ( се дешава) или пак саркастична.
    Примам критика. Знам дека претерувам некогаш и се обидувам да не се дешава често.
    Има секакви членки. Некои ќе ти врнат мислење пред 5 години, некои нешто сосем трето што не е во ред.
    Многу пати некогаш ме цитираат па не вратам пошто знам дека ќе се врти се околу круг.
    Сум го сретнала тука и феноменот "ја сум во право за се" што ми е глупав и тоа не е дебата.
     
    На SURF, Purplelilac, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.672
    Допаѓања:
    116.490
    Пол:
    Женски
    Во некои теми ќе напишеш мислење и одма ти скокаат,често со навреди и се прават паметни.Ти кога им скокаш,тоа не им одговара.Тоа не е дебатирање.Дебатата подразбира разгледување на сите мислења.
     
    На SURF, Nightwish11, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  16. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Според мене најокеј е секој да има мислење, со самото тоа што ќе прочиташ некое мислење се надогадуваш и ако гледаш конструктивно од некои коментари се стекнуваш со знаење и обратно и многу е во ред да цитираш некој и да дебатираш на тема. Работа која ми пречи е постојаните увреди на некои теми кои за жал остануваат и не се бришат. Форумот е за коструктивни критики и совети. На темата Инста-богерки и Македонски јавни фаци имам прочитано многу увреди за членови на форумот и за личости кои не се на форумот. Тоаа е на некој начи bulling и треба да се запре. Критиките не се напишани во стилот оваа парче не ми се допаѓа поради тоа и тоа или девојката не ми е соодветна за инфлуенсер од таа и таа причина и да се врши дебата на ниво , туку има коментари каде што буквално има навреди и почнуваат дебати кои имаат толку ширење на омраза едни со друѓии...
     
    На Nightwish11 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    веќе 3 години скоро на форумов ... не Ве знам , немам мислење за Вас како членови , никој посебно не се издвоил и немам желба да влагам во дебати на кои неретко им нема крај , долги постови кои често се офтопик а релно без некоја уникатна линија која ги издвојува луѓето како единствени или не. Ценам мислење и спротивно мислење на тоа па дискусија без вреѓање и омаловажување на членот со кој се дискутира ( ама тоа тука малку тешко остварливо е ) ретко ме цитираат , скоро никогаш и не верувам дека сум оставила впечаток па да ме запамети некој од форумов , ниту па имам таква желба да се истакнам или да припаѓам на некој "клан" , група .... моето мислење е мое и го кажувам колку да се учествува во дискусијата не дека ќе смени нешто , не дека ќе премисли некого и не дека е со намера да иницира расправија или жестока дебата , евентуално кога ми треба совет прашувам и добивам одговор на тоа им благодарам на членките :l:
     
    На SURF, Nightwish11 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сум заборавила на тоа... Ме потсети. :D ќе речат на подмолен начин афектирам луѓе по ПП, кога се најранливи и нема друг да им каже да не ме слушаат :rofl:
     
    На M&M и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Ако ме доживуваат така, шо да кажам не знам, без зборови останав ;)
    Ама таа дебата беше боље него 99% од јавните, иако јас "изгубив".
    Пошто добив нова перспектива.
    А тоа е важно уствари.
    А може сум само ранлива па манипулираш со мене :|
    #wewillneverknow :D
     
    На M&M, candy.cane и Dentina им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не бре, што ти е.
    Не пишам јас по ЛП со секого. :wasntme:
    Бев заборавила искрено, се навратив да се потсетам. Се изненадив колку кратка е, како прво. И сé прочитав. Две страни убав разговор. Никој никого не навреди, никој никого не нападна, никој со никого не се испокара :D
    После јас изненада сум ја прекинала, кој знае кај сум фатила :D
    Се изнасмеав оти видов куп линкови, и слики, и мислења. А овде зборат дека линковите биле во стил „види ме мене само јас знам“ :D Мерачки муабет беше тоа. Јас за дебата не сум го ни сметала :D
     
    На Biljarkata, CameliaMiller и Dentina им се допаѓа ова.