Дебата со луѓе кои сакаат нивниот збор да е последен - не. Несакам. Зашто и тогаш кога не се во право и кога ќе го осознаат тоа, сепак продолжуваат наоружани со навреди. Едно е да си браниш став, друго е да ги омалаксаш дебатирачите со твои убедувања. Нај силен е оној збор кога ќе го кажеш само еднаш.Штом го повторуваш 50 пати и сите по ред ги убедуваш , тогаш не си добар во дебата.
Никој не се цитира сам-себе. Јас барем не се цитирам сама-себе. Додека ме цитираат, одговарам. Го избриша ли постот што го пријавив на 40ка?
Сакам дебати. Меѓутоа мора да признаам дека и јас некогаш сум тврдоглава кога се дебатира на тема која ги дели луѓето. Дали затоа што се ЛГБТ или пак за нивната вера. Едноставно не можам да ги прифатам луѓето кои не делат. Иако знам дека треба секој да го оставам да си го живее својот став. Сепак тоа е посилно од мене
Морам да констатирам дека годинава по повремените дистанцирања доста поинаку го доживувам форумов тогаш кога пак се навраќам да сум активна. Многу подруго е со по едно лп месечно и тоа скроз добронамерно и неповрзано со дешавкиве тука, редовен контакт само со една најблиска особа од тука (исто со муабет исклучиво околу рл) и скоро ништо од приватниот живот веќе изложено, освен се надевам у догледно време нешто значително со што би имала желба да се пофалам Цврсти ставови на одредени теми си имам и сега, за кои некои сметам дека просто се y согласност со научни факти или реално морална страна (на пример насилство, bodily autonomy и абортус, расизам, хомофобија и сл.), кога не ме мрзи се навраќам на истите иако се преџвакани безброј пати, но се трудам да е на посмирен начин и без вадења лични ствари од други теми у секој случај. Не држам лично негативни чувства кон никој што гледам дека е останат редовно активен, и искрено ми е срам и кринџ за тоа на кое ниво и во кои глупости и драми успевале да ме спуштат некои членки, никако не би си дозволила ништо од тоа од сегашна гледна точка. Единствено за падобранци шовинистички тролови нормално ич не ми е жал, тука нема простор за никаква дебата и ништо друго освен мемиња и што појаки comebacks @WildMk, не сум многу во тек со настаните, последно те читав онака упорно во твој стил во политика и иако има други теми на кои (за разлика од таму) помалку сум се согласувала со тебе, сепак потврдувам дека сè уште ко и порано многумина ти се понашаат незрело и неправедно у дебата. Твоја работа си е тоа колку време и енергија имаш за пишување и не е никаков аргумент против тебе, додека е според правилата и плус во сериозни теми имаш скроз право да си се докажуваш и ич да не ти чуе
Еееееј кај си ма Спешл И ти како мене навраќаш-чат пат? Еве кога сме на темава јас и Спешл ногу љубевме да дебатираме дал во политика или други теми во кои секое мое-не за неа беше-да. И еве сега кога навраќам на форумов за многу поразлични теми од порано, дознавам дека ми фалеа муабетите со Спешл . Кога ве читам како се расправате кој бил агресивен, милитантен, напорен, кој скрола итн.се потсетив на едни стари времиња со Спешл и нејзината гајба френдици што во секоја тема беа против мене (да пишев дека небото е сино, ќе речеа дека е розево) , што сега не ми текнува кои беа. И ми иде да се изнасмеам, како можел форумов толку да влијае на мене, да морав да губам саати во контрање и докажување. Ајде малку по рилакс, форум е ова, не трошете толку време од животот. Знам дека сте повеќе затворени со коронава, ама има поинтересни работи за правење. Ако не ти се свиѓа нечие мислење, опцуј кратко и јасно и продолжи на друга тема
За жал морам да се сложам со мислењето на @Someonespecial . Ви ја пратам темавата и гледам дека само @WildMk реплицира на секое мислење. Да се објаснам што е дебата во приватен живот обожавам да зборам со луѓето за длабоки теми. Често со другарките та и некој дојденец да зборуваме за невообичаени теми,во тој аспект не сме дошле до префрлување,препукување, навреди и имање на пик некого. Евентуално ако не се согласиме ние пак си ја имаме хармонијата во другиот мубает. Нема тоа “не ти правам муабет ако не се согласиме веќе”. Едноставно си тече разговорот релаксирано. Зрело,паметно и одговорно за своите комуникациски способности. Е сега на форум тоа е друга прича. За моите 8 години овде имам се живо видено и доживеано. Во 80% од случаите не се согласувам со вас и често завршува со кавги и препукување. Најчесто од немање аргумент за додавање се започнува со лично препукување,пребацување лични работи, пукање под нос како начин да подгазиш некого. И? Што си постигнал со тоа ? Едно големо ништо. Другата личност ќе си продолжи со животот, ти уште во секоја тема ќе брцаш прсти. Не е убаво тоа, делувате ко очајни губитници и стварно ја губите ситуацијата, дека нападот е најдобра одбрана. Ќе тргнам од себе,сум навлегла у конфликти затоа што сум го изнела моето мислење поразлично од вашето. И тоа е голем проблем овде. Не се прифаќа туѓо мислење во квалитетна дебата и се продолжува со индиректно навредување. И? Ќе навредиш и? Што си постигнал со тоа? НИШТО! Колку помалку сме на форумов толку повеќе не завлекува да се откриеме. Повеќе и не е анонимен. Темите како 40ка и ФМЌ открива многу за вас и после се чудите од каде толкави информации за вас. Колку помалку инфо толку подобро,само што за жал на почеток се залетуваме поради пристапноста на информациите и на она “И другите ставаат па и јас ќе ставам,пишам”. Дебата во приватен живот и овде на форум не е исто. Она “пази што пишуваш” е повеќе ко забрана за изнесување на мислење. Многу ми е жал што на повеќето не ви одговарам, си кажувам што мислам без влакна на јазикот и без лицемерие. Тоа ептен ви пречи знам. Тоа е, сите сме различни не сме исти. Треба да знаете да ја затворите дискуцијата без да употребите пцовки.
Дебатирање ми е океј и разбирам дека некогаш со некои луѓе никогаш нема да се согласите, дали поради сигурност во своите аргументи или пак поради затворен ум и незрело дебатирање каде не читаш што некој има напишано туку цитираш со цел "да вратиш". Ама, порано кога дебатиравме за хомофобија и гејови многу почесто, се сеќавам дека ми беше многу чудно и непријатно да дебатирам за нечие постоење како да не постојат на форумот и реалноста туку да се некаде таму далеку па јас сум дошла на форумов да ги бранам или плукам нивните права. Така да сметам дека некогаш има претерување на форумов каде што луѓето се препукуваат и се губи емпатија во оние дискусии каде што највеќе треба да биде присутна.
Дебата е кога секој ќе си го каже своето мислење, со аргументи, факти, и свое лично мислење и заклучок на крај. Повеќето знаат да го навредат соговорникот ако имаат спротивно мислење од неговото па ќе те убедува и ќе ти го наметнува своето мислење. Научете се да прифаќате туѓи погледи кон одредени ствари, ќе ви треба многу во животот.
По природа избегнувам конфликти и во реалниот свет, едноставно ме исцрпуваат и ме вознемируваат. Дури и кога знам дека сум во право, еднаш го кажувам својот став и често се повлекувам потоа. Иста сум и на форумот. Дебата прифаќам, но одење со глава во ѕид и непотребно докажување не сакам. Можеби некој ќе го толкува тоа како ,,лажна љубезност'', па дури и плашливост. Не е баш така. Едноставно, не сакам да ја трошам енергијата на докажување. Почитувам туѓи ставови, прифаќам и толерирам многу нешта. Каква сум во живо, таква сум и во виртуелното пространство.
Најсмешни ми се оние... ќе пишам тука, ама не ме цитирајте. Или: зошто ме цитираш? Алооо, ако не сакаш да те цитираат, отвори си блог и направи turn off на коментарите таму. Форумов е за дискусии и затоа постои опцијата за цитирање. И најпосле, зошто се плашите да бидете цитирани? Не сте сигурни во кажаното, па се плашите некој да не ве демантира? Па и да се случи тоа, нема сигурно круната да ви падне од глава. Така барем ќе научите нешто ново, ќе ги исправите вашите гледишта и нема да се обрукате со тој став во real life надвор од форумов.
Сакам да дебатирам на најразлични теми ама најчесто луѓето тука како и во "реалноста" имаат големо его и кога ќе се почувствуваат загрозени почнуваат да користат ниски, простачки зборови, навреди. Затоа кога ќе намирисам такви избегнувам да се објаснувам, може ќе одговорам со една реченица или ќе игнорирам за да си ја чувам бесценетата психичка енергија.
За квалитетна дебата треба да ги оставиш емоциите на страна. Често пати некој од соговорниците се чувствува навреден од спротивните ставови, па настапува одбранбено. Некогаш е навистина така, некогаш не. Мене па повеќе ме нервираат оние кои на фињака те удираат во слаба точка. Со агресивниве знаеш на што си.
Дебатирам кога и од другата страна има простор за убава дискусија со смирен тон, аргументи и се поврзано за таа тема на која се дебатира. Ќе издвојам баш пред некој месец во темата за матуранти 2020 со @Glowy и @ElenaOfRivendell колку добра дебата водевме. Страни и страни се изнапишаа. Ама лесно е кога учествуваат такви смирени форумски членови и дебатата се одвива одлично. Доколку приметам некогаш дека некој напаѓа лицемерно, па ти вади работи од 90 и друга што си ги пишал неповрзани со темата и е настроен за карање или враќам една реченици или целосно игнорирам. Има и такви шо едвај чекаат па на тебе да ти реплицираат. Сметам дека не може со секого да се дебатира и некогаш бесполезно е да трошам време на дебати без поента на форум. Се согласувам со @BeLLaDona23 целосно. Исто постапувам како неа.
Изреката „Каков народ, таква држава“? Епа, какво членство, таков форум. Да беше ваква атмосферата во 2013, немаше да се зачленам. Дебата? Тоа некогаш, сега се се сведува на напад. Зошто во ред е да се има спротивставено мислење, и да се дискутира ама не некој да си истура фрустрации и да си лечи комплекси. За мене форумов пред се беше забава и тепање време. Пуштање мозок на пасење. Ама моментално која тема и да ја отворам налетувам на кавга. Место релаксација, куп токсична енергија. И како што го отварам форумов, така го затварам. Не ми се чита, не ми се пишува. Има милион поквалитетни начини за поминување време. Форумска култура се учи. Ама треба се има од кого да се научи. Дотогаш агресија, дрскост, ароганција и хистерија ќе доминираат. Нормално дека членовите ќе се тргаат по катчиња, никој не сака да се полни со негатива од членови кои не знаат нормално да комуницираат. И секако дека ќе нема нови квалитетни членови. Со што ќе ги привлечеме? Со драма, кавги и лични напади секако не.
Знаев дека си паметен, ама ти си гениј. На мене ми се најинтересни оние кои упорно викаат Не ме цитирај. Ако нема цитирања, нема да биде интересно. Или оние кои пишуваат во темите како некои членови се досадни што пишуваат. Ако не сакате да читате некој член, имате опција Игнор. Едноставно е. Или скролајте ги мислењата. А можеби и не ви се допаѓа кога некој член има поразлично мислење од вашето. Некои се хранат со тоа да навредуваат други членови. Ехеее...какви пцовки и клетви имам прочитано овде. Очигледно имаат домашни проблеми па мора своите фрустрации да ги лечат овде.
мислам дека нападите се доживуваат како такви бидејќи изразувањето на несогласувања и спротивни ставови се пласираат со омаловажувачки тон, најчесто заради задоволување на ниски страсти, притоа без најмала етика односно почитување на правото на тоа секој да си има сопствено мислење, став и да си го изрази. речник и изразување посебна приказна.
Не сум заинтересирана за форумски дебати. Нема сврха за мене на виртуелна платформа нешто некому да докажувам и баш ми е жал за оние ретки пати кога сум реплицирала зашто ми се закачиле, изгубено време. Јас моите убедувања и ставови кои внимателно сум ги премерила нема да ги променам оти некој си непознат ни виден ни чуен запнал да ме предомислува.
Тогаш зошто си на форум? forum - a meeting or medium where ideas and views on a particular issue can be exchanged
Заради теми од забавен карактер и некогаш кога ми е досадно да оставам некој коментар без натамошно навлегување. Да се убедувам со секој ич не ме интересира, ни на форум ни надвор од него.
Ama stvarno koga ke se zakaci nekoja ko slep za stap krlez ne mozes da se otarasis ke te true so nejzinite stavovi