Е добро де. Ако има некој/а кој/а не се согласува, нормално дека ќе ти реплицира. Дебата е тоа, не убедување. Додуша... зависи од стилот на реплицирање...
Ако ви смета дебата купете си дневник и пишувајте таму.Тоа е поентата на форумов, да се разменуваат мислења, ако се осеќате загрозени доколку ви реплицираат, не знам што да кажам.Не дека нема досадни и безобразни членови ама не е секој таков.
Некои луѓе тука очекуваат дебата, ама прво немаат основна култура. Секогаш оштетените, навредените, погазените. Просто, солзи сами да ти надојдат. Ама пак имаат его до плафон и филм жена од Султана. Па мераци се тоа.
Кога тој што не се согласува со одредено мислење би дал конструктивна реплика на истото, тогаш се' би било во ред. Меѓутоа, на форумов тоа веќе изумре. Се согласувам со членката погоре дека истите тие што кажуваат дека дискутираат, не знаат како се води дискусија, а глумат жртви. Уште и пораки си пишуваат за поддршка.
@Bridget не можам да те цитирам бидејќи темата е затворена, тука ќе ти одговорам. Има ли твоето мислење повеќе тежина од моето само затоа што си подолго време на форумот?
Мнозинството од тука нема способност да дебатира, па затоа и нема квалитет во мислењата. Не знам како давате да ве "возат" укотвени ликови, па уште и ги силите (ненамерно) кога им реплицирате. Ако до сега гледавме ултра аматерски тролови кои се решаваа со еден потег, тек допрва ќе доаѓаат "просечно интелигентни". За да не препрасне во манипулативна дебата (како сега моментално што е), не се објаснувате, туку директно поставувате прашања и барате јасен одговор на вашите претходно поставени. Вакви манипулативни, често групни (суптилни) завлекувања само имаат контра ефект и го нормализирате таквото однесување на членот. И најчесто секогаш овој е еден (демек жртвено јагне) наспрема мнозинството кое има нормални, свесни и морални квалитети. Не дебатирате кога гледате дека некој нема капацитет за тоа, од друга страна сам не може да спама до бескрај.
Во право си, ама пак ќе кажам, не е до стањето на форумот, до (карикатурното) стање нације е. Зборот ми е, уште по бизарно е. Вакви карикатурни ликови станаа дел од секојдневието и надвор од социјалните мрежи. Благодарение на социјалните мрежи меѓу другото (за нивната карикатурност) . И така во круг.
@INNERBEAUTY нека е. Се почнува од некаде за да се смени нешто. А се почнува баш од тука, со препознавање на намерите на одредени членови.
Се согласувам дека многу од другите членови тука го имаат овој проблем. Се трудат да аргументираат со превртени аналогии, ама кога некој ќе им ја сврти истата аналогија или им ги потенцира двојните стандарди околу нивниот аргумент, комлетно се исклучуваат од дискусијата и започнуваат со лични напади.