Не знам кој пиша, ама беше многу невкусно. А може и уште стои мислењето, не знам. Може треба да стои таква подлост.
Поддржувач на политичари и партија кои ја уништија државата и ја направија и прават мизерно место за живот, се чуди и е полна со критики како жениве на форумов дозволиле машко да биде номинирано и го гласаат Btw @FriendOfDorothy сосема заслужено си на листава, доказ дека остави впечаток и си навистина квалитетен и забавен, и без да ти го знаат полот и разбираат корисничкото име, зошто секако тоа е најмалку важно. Полека со предрасуди и напади на личности кои што најмалку го заслужуваат тоа. А за @LejlaD ретко кој има нешто против, дури ни ,,конкуренцијата" џабе драми и навреди.
Приметив, интересен Гринџ на форумски избори, редовна си е, и у ланската тема исто. Ама ти зошто вака ни правиш, сега нас што ни се затворени изборните кутии што да праиме? А така топло ми иде околу срцето ко ќе те видам вака светнат, автоматски ми иде да искинам и странски пасош и све, упм, туѓината пуста да остане, тргајте маглата од аеродром, одма палам авионот за татковината
Јас само мое мислење си пишав, без да навредам некој, вие цели драми и реферати сте пишале. Ако Михајло смета дека и мажи треба да бидат гласани за форумџика на годината нека го преименува насловот, вака малку смешно изгледа
Ах, небинаризација на форум Фемина, не стигнаа времињата... Инаку мислам дека сите ќе преживееме да остане насловот таков каков што е, и само во случај да победи Пријателот на Дороти, да пишува Член на годината... тоа би било исклучок, не правило, и готово. Не мора да се цепидлачи кога и сами сме сведоци дека и претходно биле номинирани машки членови, па до ден денес насловот е ист.
Јас прв пат приметувам, можеби е имало и мажи не знам. Не се замарам со гласања и номинации затоа. Сега ми забоде очи и пишав. Чим на Михајло му е ок, тоа е што е.
40ка како тема е супер, имам пишувано таму и ќе пишувам пак. А Лејла веќе го доби најважното, поддршка, љубов, единство. Темава и изборов е еден убав гест од страна на администраторите и нема потреба да го укинат поради поедини кавги. И за да нема лутиш, бидејќи е женски форум, треба да си остане терминот "форумџика", па ако победи машки член, форумџика ќе си биде.
Се надевам дека Михајло ве тера да се расправате заради посетеност, се друго би било прееемногу глупаво.
Секако, ниту една дискусија не поминува без избришани мислења. Од што веќе толку и често се брише, и самите модератори врска немаат што и каде избришале… секоја чест на исклучоци. … ама важно форумот пропаѓал оти се гласа машки член, шта чеш. Баш разочарувачки се мислењата на конкретниов аргумент, ма да од некои членови и не очекувам повеќе… сè во граници на менталниот склоп. Сакајќи да “одбранат” некого, прават повеќе штета отколку добрина, односно навреда.
Фала за ова, преубаво срочено. Никој од нас не е имун на заблуди, сите ги имаме, и јас и ти. Затоа и е интересна размената на мислења. Ми се десило и да сменам некое мислење овде после дискусија со неистомисленици или да омекнам со некои ставови/луѓе, иако тешко признавам и сум голем инат. А и некои просто ми станале симпатични. Ако верував во атрологија, ќе речев - омг, тогаш пишуваше јарецот од мене!! Да бе геј, секој нека си прави што сака у 4 ѕида, само нека не ме чепка мене, ништо против тие луѓе. Spoiler Јас у 4-те ѕида: Внимавај што им посакуваш на другите, тебе ќе ти се деси. На сите ви посакувам вила покрај море. Фала срцка, уште немам отидено кај стоматологот кој ми го пиша, уште ми пика раце у уста стариот. Доста е за денес ајде, утре со нови сили, у нови борби. Добра нооќ!!
Како бре на женски форум,и со такво име ФЕМИНА -ЖЕНА-ЖЕНСКО ке се номинира маж.Лично разочарана,се гасам.Ама ова знам дека се праи намерно за драма малку да има ,ама пак се осеќам предадено.Ме потсеќа на она опцијата во школо-родител 1 и родител 2 кога порано беше мајка и татко.
Еднаш годишно воскреснав за темава заради drama urge, ама ништо. Анѓа ми е непребол од секад, ама знам дека нема да ја изберете. Знаете кои сте тие што ве сакам и бај бај.
А зашо да нема критериуми кој смее да стои во изборот? Минимум теми или категории каде имале пишано нешто така. Не може бре да бидат и членки што цела година во една иста тема пишуваат и такви што сегде пишуваат и отвораат нови теми? Вака е многу пристрасна номинацијата. Тумач детски е да сметате дека имаме нешто против некого оти не е соодветен за ваков избор. Мислам...за вас тоа си кажува
@FriendOfDorothy јас гласав за тебе ,а во друга тема дознав дека си машки член. Секако заслужено и да победиш
Тумач детски е да се лелека ко дете мало за избор на форумџика секоја година па лелекате и пискотници се слушаат од Галичник до река. Па бришете под со луѓето кои се нашле на листата. Да, за вас тоа си кажува.
Ниту отворање на што повеќе теми ниту пишувањето во различни можат да бидат критериум зошто не прават членот да има квалитетни мислења и ставови и дискусија.Може да спама по темите да отвора нови ама да нема ниту издржливи ставови ниту здрава дебата ниту квалитетни мислење.А, да не заборавиме дека лани се водеше војна и за @theowndemon а она пишува и квалитетни мислења и отвора теми за дебата има став и мислења па пак се плукаше лани и по неа.Кој и да е ако е подржан од 40 ќе се плука по него.