А зашто воопшто форумов се направи за машки членови (ништо против никого) ама јас да сум машко би ми било глупо да сум член на форум насловен Фемина плус розевово дречи...мислам нема врска
Лично и двајцата ми се победници оваа зима. Срцката очигледно издвојува последнава година на форумов, има став, има некоја заразна харизма и нема кого не насмеал, што е битно и се поретко гледаме денеска да знаеш како умешно да насмееш, а и смеењето само по себе е битно оти го продолжува животот. Не знам уште колку долго ќе се залажувате, форумов само во опис е “женски” ама за жените ни ж од него. Па не ни мења ништо особено машки член да земе награда. Сосем легитимно. Лејлица веќе има една приватна успешна победа за која форумов не сакаше да отстапи место. Сепак победи баш таму каде што беше најбитно и требаше и со сите оние кои со љубов отстапија мал дел од своето време. Лејла по сите дефиниции е душа од човек и никој не останал рамнодушен на неа. И посакувам да продолжи да биде таква добричица каква што е, да се дава повеќе на себе си оваа година и да реди само победи. И на сите останати во Новата Година ви посакувам успешно да нижете победи кон личните задоволства пред се. Мали и големи, ваши, длабоки и искрени.
Касниш. Испратив скринови на админ што покажуваат нешто. До останатите членки... За резултати џабе се буните кога Фемина уште се нема јавено да каже конечно. И вие кои сте од почетокот на форумот не сте направиле ништо кога Михајло решил да дозволи да членуваат и мажи,па џабе е да се буните против Френдот. А и членка веќе покажа дека и претходно машки член добивал поддршка со гласови, па смешно е да се мрчи во 2025та.
Ајде и за ова ли се расправате ? Колку беше форумов поубав 2014 кога се регистрирав или ми се чинело само ... Ајде среќна нова на сите , бидете попозитивни од новата година па натака
Кога се прави анкета, има опција гласовите да бидат или да не бидат прикажани јавно. Нема потреба од правење скриншотови, има кој да провери за дупли и лажни профили.
Баш треба. Така одма се приметува кој за кого и со кого се договарал (бидејќи машала, гласаа и членки кои не се или се слабо активни долго време).
Не, само велам дека тие се доказ дека има договарања однапред и дека некои од нив може да имаат и направено дупли профили за да додат гласови на своите.
Ама имаше неколку членки шо сами пишаа дека се уклучиле само за гласањето. Јас не гледам проблем во тоа. Ваљда прочитале номинирани, чепнале некое мислење и гласале. Многу сериозно ова чудово , ко претседател да бираме
Ќе бидам многу искрена, ич не ми е јасен изборот на топ 2. Од една страна имаме релативно нов член кој според некоја логика успеа да биде фаворит кога на листата има девојки и жени кои со години го "освежуваат" форумов и се исто пресмешни, презабавни и интелигентни. Ваљда на некоја од нив треба да и следи титулата. Од друга страна членка, чие мислење немам видено затоа што пишува само во една тема, која јас не ја отварам. Ништо против никого, само кога ќе ја погледнам листата, мојот вкус е скроз различен. Верен гласач сум на @Angie1432 секогаш кога е на листата и еве веќе сега ќе почнам да правам фејк персони за гласање наредна година, затоа што нема смисла вака.