И така, жените изгласаа маж за најжена на годината, оти ниедна жена не е рамна на ниеден маж на форумов. Алал. На ниеден машки форум немаше за најмаж да изгласаат жена. Оти барем малку имаат почит кон себе. Ние на прв кур се израдувавме.
Напнато е иако нема да знаеме додека не се јави Фемина со конечните резултати. Кој/а и да победи, ќе честитаме како што е редот.
Нова Година е, се надевав дека едни избори досега барем ќе поминат без драми, без препукувања и мрчење зошто некој се нашол на листата и колку гласови имал. Ако се прашувам јас, двајцата заслужуваат, секако имаа исто гласови повеќето од времето. Вака се губат квалитетни членови, колку и да не се замара човек знаат да погодат некои коментари кои се навистина незаслужени. Па после зошто бил форумот ваков, немало квалитетни дискусии и сите се собираат во скриено катче. Среќа Нова, в година здрави, живи, повеќе среќни и можеби повеќе сложни.
Додека овде беше журката и се собравте сите, успеав да ги скенирам фискалните што ги објави Аника, прв пат годинава начекав да скенирам во темата.
Честитки на кој и да биде победник, после обработката на гласовите. Уште еднаш се докажа дека ваквите “натпревари” го изискуваат најлошото од човекот. Цело време се филозфира за некаква убавина, култура итн., а во вакви моменти страшни гадотии се пишуваат. Не за друго, ниту @LejlaD , ниту @FriendOfDorothy , ниту никој не заслужува да биде “бранет” со вакви мислења. Барем имајте почит, кон нив!
Јас стварно не ве разбирам ,како бре имате време за вакви глупости да расправате и од кај ја извади статистикава дека се договарало позадински,еве ја не сум у тек последниве недели,а гласав како што гласав и никој не ме врбувал за гласови. Али како и да е,честитки за сите и победници и губитници И Среќна нова година
Ко ќе пишат во темата дека не скенирале, ќе те цитирам за доказ. --- А, за драмата - немам шо да додам. Been there, done that, само ми е жал за @FriendOfDorothy & @LejlaD шо нема да можи рает да се израдуваат од вакви коментари. Буквално можи да се одбрани некој без да се спушти долу друг. Ве молам, ве молам, ве молам не дозволвајте ваква "драма" да допри до вас. Нели прв пат двата ко ве цитирав кажав дека мене лани дефинитивно неколку коментари допреа до мене, а не требаше зошто не вреди да се труеме ние за туѓ досаден живот. Y'all are perfect, дојдете двата в образ да ве бацам три пати и криминално е шо не сте со ист број гласови зошто стварно двата заслуживте (in my books!).
Знаев дека и двајцата ќе бидат победници, честитки уште еднаш, со здравје да си ги носите поклоните кои патем се преубави