За мир во куќата, двајца победници и покрај глас разлика. Ама, ок. @LejlaD , @FriendOfDorothy Честитки до двајцата, со здравје да си ги користите подароците.
Честитки @LejlaD Честитки и до @FriendOfDorothy . Кул лик си ми, не те знаев, деновиве те "разгледав" Ама си требаше Лејлич да си биде еден и единствен победник. Директори?!?! Нема неважечки гласови или како ?! Се е у ред ??? Бидете коректни и кажете ги реалните гласа како И СЕКОЈА година
Абе машко победи на женски форум, @RainBow не успеа женава да ја стави под контрола со години. За ова ако не оди на бан, не знам веќе за што. Имам фолдер Навреди Ана и има над 160 поста со навреди лични кон мене. Ама на Реин тоа не и значи, ја боли ако нејзе ја навредиш, емпатија и обврска 0.
Демек да не се лутат ај победници и двата, ко деца мали да се, циркуси Ај честитки и до двата, барем подароците ви ги погодиле
Нова година е, ај да не драмиме сеа за еден соковник и кој како победил. Реално, и двете сте кавгаџики на форумов, напрајте си new year resolution и пробајте без дрскост да коментирате на форумов. Ја само се убацив да си кажам, не дека ми е гајле..
Честито победа @FriendOfDorothy ,остана фер,коректен до крај,благодарамБлагодарам на членките кои ме номинираа и гласаа за мене,им се извинувам поради тоа што беа мета на невкусни коментари.Благодарам на Фемина,Михајло ,Реин.Реин сигурно пишман се прај сега што во минатото ме воскресна па сега куп проблеми им излегоа.Благодарам Реин и извини.Прво помислив да го одбијам подарокот,ама така ќе излезам не благодарна свиња поготво пред Михајло и Реин и оние кои беа со мене цело време.Благодарам и на сите други,би ги замолила во иднина помалку зајадливи,навредливи со коментари да бидат.Навистина немаше потреба од тоа.
Ете, сега сите среќни и задоволни, да не се заколи некој. Честито на победниците. Очигледно пола форум има едни, пола форум други критериуми според кои некој треба да биде форумџика на годината. И во ред е да не се согласуваме околу тоа ама ниски удари и вреѓање едни со други, зошто? Што вреди, ќе се одјавиме после и ќе продолжиме со својот живот. Ми беше мило што се дружевме на темава, што бев и јас дел од листава, имаше фини моменти на хумор и позитива, вреди да се насмееме, а не да се караме. Среќна Нова 2026 на сите, ви посакувам да немате тежина на душа, да бидете здрави вие и вашите блиски, да сакате и да бидете сакани, да ја гледате среќата и во малите нешта, да си ги остварите желбите и да растете
Невоспитани сезнајки што се заебаваат за тема сок , а се пунат теми за болести и дебелина како нормално нешто Секако , не паѓам на ниво да се расправам како некоја искомплексирана , С.н.г. 2026г.