Ах бе Лејла... најде да се објаснуваш со најголемата сеирџика и буцкало на форумов, што сакаше и бараше драма, ама не ја доби, па сега боцка на друг начин... Патем, честитки за победата, тебе и на @FriendOfDorothy со здравје да си ги користите поклончињата, многу убави.
Лејла, не ги сфаќај толку сериозно некои коментари. Никој нема ништо против тебе, работата беше само тоа што пишуваш единствено во темата 40ка и сега испаѓа да бидеш форумџика на годината со пишување само во една тема. Ете тоа е проблемот, јас се извинувам, ќе рече некој дрвен адвокат сум, само сакав на убав начин да објаснам. Никој нема проблем со тебе, не си ставај на срце, со здравје да си го носиш подарокот.
Веќе ти кажав. Еве и Битерка убаво повторила. Не е ништо лично против никого. Се кажа што требаше. Според моите денешни комуникации, не сум јас само јас зачудена оти има двајца победници иако според гласовите, едното лице има еден глас повеќе. И според тоа треба да има само еден победник, не двајца. Штом е вака направено, сигурно е за мир во куќата. А, дали имало вишок гласови кај некој, тоа @Femina треба да го каже. Оти 171 и 170 не се изедначени гласови, туку едниот број на гласови е поголем од другиот. Изедначени значи исти, не различни. Изедначени би биле 171 со 171 или 170 со 170, како што биле во времето на Annath и Danichap кога двете добиле 208 гласови.
Честитки до победниците, ми се допаѓа што имаме двајца победници на крај. А ако стварно се правеле лажни профили и триста глупости, океј, радувајте се на наместени победи. Стварно некогаш се чудам како имате толку време и желба за такви глупости.
Честитки @FriendOfDorothy и @LejlaD само убавини да ве следат, баш убави подароци и банер Какви местенки уште од почеток беа со изедначени гласови. Барем едно нешто да помине во позитивен дух и енергија. Контрауслуга правите со негативни коментари, нека уживаат во победата и двајцата.
Очигледно некои многу ги боли нечија победа. Дури срам ми е што читам. Јас сум на ставот дека маж не треба да биде номиниран за форумџика на годината на женски форум, ама жените одлучиле поинаку. И јас сум се смеела од коментарите на френд, ептен е кул и честито нека му е победата, нај на крај. За коментарите за Лејла, што да се каже освен Господ нека ви е напомош.
Не Тогаш Каме мислам дека и поклони дел од наградата на Демонка. Само Дани и Анатх имаа ист број на гласови една година
Доволно е на темава за денес, ќе ја отклучат администраторите понатаму ако сметаат дека треба. Честитки за победниците, @FriendOfDorothy, @LejlaD, сте оставиле свој печат годинава, очигледно е и по гласовите. Со здравје да си ги носите подароците. Сите останати, опуштете се, Нова година е, не мора толкави тензии, посебно кога членовите на листата не прават драми, па не мора останатите да им создаваат тензии на денов. Може да се слави.
Отклучиле па да му честитам и на @FriendOfDorothy . Ништо лично не сфаќај, квалитетен член си, неспорно. Мене си ми ок лик со добар хумор. Инаку мораше двајца победници за на банерот да стои Форумџии оти замислете на женски форум имаш банер:Форумџија на годината. Сменете правилата оти уште на стартот стоеше форумџика на годината. На маживе дајте им почесна награда.
Честитки од срце срцки @FriendOfDorothy @LejlaD Со здравје да си ги уживате подароците во новата '26та