Честитки @FriendOfDorothy @LejlaD Ви посакувам уште поактивна и среќна нова година. Со здравје да си ги носите подароците
Честита победа мила @LejlaD и овде. Честитки за победата и на тебе @FriendOfDorothy . Уживајте во подароците.
@FriendOfDorothy, @LejlaD Честитки до двајцата, со здравје да си ги користите подароците Воедно да ви посакам Новата 2026 година да ви донесе многу среќа, здравје и само убавини
Сега ја отворам саглам темава, успешно одбегнував да се рејџ бејтнам, и морам да се пофалам дека ланската година од себе е многу посмирена и со многу поголемо куроболие него претходните години. Најпрво предност ќе дадам на госпоѓетината @LejlaD. Сонце наше форумско, што секогаш грее и на сите тука ни прави да ни е убаво. Како стареам, така поише ти се восхитувам за тоа како успеваш да галопираш гладијаторски низ форумов и притоа да си толку мила и смирена. Те молам, значи те молам да ги игнорираш глупите коментари, никој не е поштеден, секоја година е истото, ова е циркуз а не бирање на форумџика на годината. Го вадиш најдоброто од нас, а тоа е многу голема врлина, да успееш да извадиш добрина од некој човек. За тебе сме секогаш тука, кога и да ти треба. @FriendOfDorothy, честитки и до тебе срцка. Ти си жив пример за тоа како машко може да има здрав феминизам, алал да ти е како не смееш сите тука, секогаш не почитуваш и ни го разубавуваш денот. Ти посакувам тоа никогаш да не се смени, да си останеш ти, и да продолжиш да кажуваш хистерично добри шеги. Многу сум среќна што победи машко како ти, што цени и почитува жени. А за темава... Ќе ми остане најомразена тема на форумов, тема која што не отсликува во едно лошо, ужасно светло, да чита човек од страна којзнае што ќе си помисли, онака се срамам од нечии зборови, мене ми доаѓа неубаво за вас. Ви посакувам да ви донесе мир новата година, да не мора да хистерисувате зошто некој рандом член добил глас на форум фемина. Ова најискрено и од срце. Честитки и до другите членови. Среќна Нова и на вас, да си пишувате и понатаму и да инспирирате и други со вашите мислења.
Честитки @LejlaD и @FriendOfDorothy прекрасни подароци со здравје да си ги користите. @FriendOfDorothy ни е прво машко до сега избран за Форумџика на годината?
Ми се остварила мене желбата двајца да победат. Се молев јас двајцата да победите, тоа барав од Дедо-Мраз затоа двајцата сте победници. Честитки @LejlaD и @FriendOfDorothy заслужена победа, преубави подароци имате добиено.
Честитки @FriendOfDorothy . Би сакала да имам пријател какао тебе со толку сеопфатни знаења и мислења.
Честитки на победниците. @LejlaD ми е мил член.Добра и искрена личност, умерена во ставови и се радувам за тебе и многу ми е мило.Ретко во денешно време има добри луѓе како тебе. Другиот член за жал не го знам за било што да пишам.Сепак нека му е честито.
Конграчулејшнс дечки Чевличките на банерот се the cutest @FriendOfDorothy Те замислувам сега и ти како Јована Јеремич ќе велиш, "6 сати и 5 минута је на мом Ролекс сату"
Јас бев џак оделења до осмо, она за мало џак генерације, имаме нешто заедничко. Уште еднаш, фала на целиот Фемина тим и на убавите коментари овде, имам меморија на слон, сите ве запомнив.
@FriendOfDorothy , чин на отпор би било да отидеш на прадедовскиот гроб, со пита да го понудиш, па да ти раскаже како се случило да ги добиеш тие интересни, пред се интелигентни гени кои те издвојуваат од толпата унфицирани, да не кажам зомбирани луѓе кои шетаат насекаде, постојано гладни по уште малку комфор и лажен сјај. Има нешто во тебе борбено и силно, истовремено џентлменско, иако ти тоа ни за жива глава не би го признал. И не е случајно што со Лејла ја делиш победничката круна, можеби треба нешто да те научи. Иако сте тотално различни форумски ликови, заедничко ви е што имате љубов кон луѓето, очигледно или скриено, неспорно сепак. @LejlaD , ме воодушевува пред се твојата љубов кон семејството и сопругот, што и да се случува никогаш не си показала ни трошка гнев, само трпеливост, смиреност и простување.. Ти си среќна особа бидејќи на ситници умееш да се радуваш, што е голем дар. Јас така те доживувам и покрај сите тешкотии низ кои те спровел животот. Остани си иста, животот допрва плодови ќе ти донесе. Има една српска, " ко те хвали, тај те квари " , прилично точна ми се покажала, па еве скромно да ви честитам Преубави ви се поклоните, уживајте во нив.
@FriendOfDorothy Среќна Нова и честитки за победата срцка! Саатов ми делува ко да нема да ти се свиѓа, или грешам?
Ќе го продадам на пазар3, а парите ќе ги потрошам на алкохол, блуд и разврат. Преубав е, ми се свиѓа, а и подарок не се гледа у очи срцка.