Око за око, зуб за зуб и поклонет коњ без заби Ти си срцка срцка, сите поговорки ќе те научам ако сакаш, тоа ќе биде моја форумска оставштина Честитки и тебе и на @LejlaD
Двајца победници, браво за @Femina Честитки за нашата мила @LejlaD Честитки @FriendOfDorothy Податоците се преубави, со убаво да си ги користите... Иии продолжете да ги полните страниците на Фемина форум
Честитки до двајцата @LejlaD, @FriendOfDorothy П.С. Со многу shady коментари се расфрлате на тема која треба да е од забавен карактер за да се одбележи годината. Просто да му се одмили на човек да биде дел од номинираните. Некои коментари беа навистина злобни и не беа сеедно да се прочитаат. Особено кога има личности со потешки и позначајни битки од форумиски лик на годината. Затоа некогаш ако немате нешто убаво да кажете или нешто конструктивно, не сеете отров непотребно. Се надевам не им се згади победава на двајцата и дека им измами насмевка.
Честитки до победниците! Темава на сите им е најинтересна во овој период, но искрено и најголемо дувло на злоба, кога ќе размислиш. Откако сум на форумов немало година што поминала без некаков скандал. Дали дупли профили, дали плукања... И јасно е сето тоа, ќе има дешавки како и на избори irl, само целта е како цивилизирани луѓе да ги намалиме. Секој си има различен критериум за номинација, не гледам да е некаде пишано според што треба да номинираме или гласаме без да го тупиме на други. Многу нормално дека ќе гласаш човек што од Х причина ти е интересен за читање побогу. Годинава само гласав за личност од листата која најчесто ја имам читано, повеќе од пола не ми се баш познати, не бев нешто активна. Темава е вистински одраз на „лицето“, како и менталниот склоп на поединци, баш онака за крај на година да се истресе сиот отров наеднаш. Просто на човек да не му се верува каква злоба тлее некаде внатре и само наоѓа тригер некаков да се испушти. Што е најсмешно, најтрагично и најмизерно - тоа е темава. Пази: форумџија (да, форумџија, бидејќи немам против како и многумина тоа да биде и маж) на годината да ти биде главна инспирација за да фецесираш на форум за човек што не го ни познаваш. Исто така сметам дека поединечни „мислења“ (апсолутно под наводници бидејќи е срамно да се нарече мислење) требаше / би требало да се зачистат, малце одвратно е да стои на форум за жени. Жена на жена волк работава. Срам ми е да го прочитам тоа, не па да го пишам. Дно. Море и подолу од тоа, еве не знам. Следна година може треба да има критериуми за гласање. И листите нека бидат отворени, секој да гледа кој за кого гласал. Сите среќни и задоволни. Или пак не?
Честитки на двајцата. Тетка @LejlaD не ја знам, според сите коментари нема да соберам заклучок. Само ќе ти посакам да останеш баш иста таква- чиста душа, за жал ретки се такви денес. @FriendOfDorothy срцка тебе те обожавам, само ќе спомнам дека уште сакам да ми се паднеш за Secret santa. Среќни празници, останете во добро здравје, зашто без него ништо.
Честитки за победата до @LejlaD и @FriendOfDorothy Лејла е многу позитивен кул лик @FriendOfDorothy е нов член кој периодов имаше доста активен придонес со своите ставови во повеќе теми, има свој стил на пишување, изразување кој се издвојува по својата автентичност, оригиналност, е лик кој носи освежување на форумов.
@LejlaD Лејличка честитки, со здравје да си го носиш подарокот @FriendOfDorothy срцка честитки и до тебе, само убави моменти и времиња да "мериш" со часовникот П.с не ми текнува каде те читнав дека братучедка ти е битолска снаа, па така, велешки обичаи пренесла кај зетот, аха, само мисли си срцка, ваљда зетот има потекло од Мариово и затоа ставаат паричка за Бадник
Годинава од оправдани причини не бев присАтна на форумов, па не номинирав и не гласав за прв пат. Пресреќна сум за двајцата победници, иако лично нејќам мажи победници, @FriendOfDorothy е апсолутен исклучок од правило за мене. Прв машки член што е официјално победник и премило ми е. @LejlaD независно од борбата и годината, со години лично за мене е форумџика која и те како заслужува. Честитам на двајцата од срце Според номинацииве, гледам дека ќе сум номинирала како и што сте номинирале, stay tuned, догодина таа што нејќе форумџика ќе ја правиме, не мора да сака
Благодарам Фемина,Благодарност до сите членки/членовиПодарокот е прекрасен(извинување до сите кои сметаат не заслужен)