Седам, гледам, и прв пат у мојот фемински живот, не знам ШТО да кажам Леле ова е стварно ко на Оскари бе дечки, уште да почнам да плачам и комплетна ќе бидам Како прво најискрено ќе излажам ако речам дека барем малку не се надевав на ова, но многу повеќе се надевав да победат Лилит или Љубам. Сериозно. Или билокој друг, затоа што рака на срце форумов има фацки вредни за читање. Значи, да се поклонам и да почнам. Најпрвин најогромна благодарност до Билката и до целиот фемински тим. Изненадувате секогаш и многу пријатно. Како бе саат Билке? А холограм? Не си играм јас вака бе па! Ааааа вие сте се договориле со Роси гарант, таа го чека тој мојот кафениот саат Се зезам нормално, прекрасно изненадување!!! Потоа секако до мама и тато што ме напраиле ваква, и најмногу до Бушава азбука и до една чаирска градинка, затоа што така научив македонски. А да не знаев македонски, јоктурн бурда пишување на форумов И секако благодарност до вас девојки. Навистина! И ајде сега сите групно, мати мати колико је саати? Ах....возбудена сум, изненадена, и искрено ме разнежнивте. Ви благодарам уште еднаш на сите за се, за вашите гласови, за вашите убави зборови па и за оние неубавите, затоа што цело е кога има СЕ. И јас подеднакво ги прифаќам сите предизвици кои животот ми ги дава, убавите и неубавите, а форумот не е никаков исклучок. Бидете така, јас ќе бидам ваква пирамидалиш’ста, затоа што поинаква не знам да бидам. Ве гушкам сите групно Ах бре едни низаедни што сте, како да не ве сака човек?!
Честито Питамитке, со здравје да си го носиш саатчето и да гледаш колку е саат само за да споделиш љубов. Најзаслужена победа за онаа која секое утро ни ги полни срценцата со топлина и лиценцето со насмевки. Сега една шпијонажа ќе бидне, која има ваков саат таа е Пирамида.
^Цел реферат напишала, а не знаела што да каже. Пф, амори, само ти ли не разбра дека имаш зброви за се’ ? М? Честитки за часовникот! Патем, кога веќе праша „мати мати, колико је сати?“ , јас ти викам „две кенгурски скока напред“ . Ихаа!
Честитки и од мене секогаш кажувам колку со задоволство те читам и дека ги обожавам твоите постови и мило ми е што ја зема титулата.Заслужено
Моите гласани не се победнички, сепак се меѓу првите. Пирамида, честитки и од мене. Со здравје и со уште нови постови да си го носиш часовникот! Навистина беше тесно за кој да се гласа, сите сте супер, останете такви!
Најпрвин честитки до Лилит и до Трендафилка, повеќе од заслужени се гласовите што сте ги добиле. Пирамидке другарке за тебе нема што да се коментира, сосема заслужено, преубав гест, преубав поклон кој верувам дека на тебе ќе изгледа уште попрекрасно. Честитки и до сите што се погоре на листата, сите сте делче од фемина и сите ја правите посебна на свој начин.