Форумџика на годината 2011 Ги номинирав моите 3 омилени форумџики, се надевам ќе влезат во потесен избор
Форумџика на годината 2011 преку целата година трае мори Мерлинке. Ти па ич не си политички активна во пасивноста
Форумџика на годината 2011 Aбе, а што ако пишете овде дека сте номинирале некој? Гледам сите и јас номинирав, и јас, и јас... Ќе види Фемина дека сте номинирале,не знам зошто и тука пишувате.
Форумџика на годината 2011 Ех Маца, сега и ти, па тоа ти е како после избори кога те фаќа камера и ти на камера кажуваш - ааа да да гласав, си ја исполнив граѓанската должност Туку, јеј! Оскари се ближат - него тажна сум зошто само една да е?! Јас сакам 10, море 20! Многу многу форумџики што сакам да ги номинирам, да добијат некое орденче за нивниот удел за да ова големо форумско виртуелно катче ги тера луѓето да прочитаат нешто и да бидат присутни. Како и да е, и јас си гласав - а како што имам фино носе за вакви работи, мииислам скоро да сум сигурна дека пак ќе погодам кој ќе победи Ц ц ц, стварно, кога помина уште една година?!
Форумџика на годината 2011 Абе па,јас во пораката напишав гласам за...Ќе ја избришат? Ако треба нова да пишам,дека ги номинирам,а?
Форумџика на годината 2011 Тактички селектирам,ми фали уште една,права да бидам,ептен се мислам и се надевам дека од пакетчево кое делува големко ќе излезат едно 1000 парфемчиња! А може на три пати по три да номинирам?! И дај направете го ептен оскар! Да не можеме да ги гледаме резултатите до самиот крај пред кој Билката ќе одржи емотивен говор,Михајло ќе ги изљуби сите номинирани и та раааам! (И после фемина рат нумеро 2! Ама тоа више друга приказна...) Не,сериозно,нека не се гледаат резултатите од гласањето,ако е возможно!
Форумџика на годината 2011 Може нема да биде парфем, па лани беше парфем. Да, поинтересно би било да не се гледаат резултатите. Ај да земам и јас моите да си ги номинирам, да не биде после плачки дека ми ги нема.
Форумџика на годината 2011 А замислете да биде мобилен? Не сум јас, изненадувањето од кутијата за подарок ме асоцираше Уште не сум номинирала, три лајка и ќе го сторам тоа се шалам .
Форумџика на годината 2011 Дечки, да прашам нешто - веќе гласав, меѓутоа сега заприметувам дека една од моите наведени форумџики нема доволен број на мислења за да биде номинирана. Се важи гласот за другите две, или ќе треба пак да гласам,м ?
Форумџика на годината 2011 Ако нема поминато доволно време можеш да ја редактираш пораката и смени ја форумџиката што нема доволен број мислења. А ако има поминато време и не можеш да редактираш прати порака со другата форумџика, зошто да не се важи гласот за другите две?
Форумџика на годината 2011 Пораката може да се редактира се додека не е прочитана. А нема врска и да е прочитана, другите два гласа ќе се земат во предвид.