Да имаше форумџика на 2011 година со најутнати теми (дуплирани,несоодветно поставени,избришани..) сигурна сум дека јас ќе бев прва на листата Ама од сега ќе внимавам!
Ми победи една од фаворитките...трала ла ла ла Митке јас малку каснам со честитките..ама што ти е убав новиот саат.. со мераци да си го носиш,и да продолжиш да ни праќаш позитивна енергија низ форучево. Cheers .
Ахм аХхм атеншн ол плиис (смајли шо се спрема за говор) чин – чин... А да прашам, имаше официјално обраќање на победничката Може и имало ама кој ќе бара тооолку страни наназад. Еве еден предлог: Другиот пат за следните вакви манифестации нека се направи некоја картичка и сите да кликнеме придружувајќи се кон честитката, и кога ќе отвори победникот оооп сите сме на листата (just an idea). Туку на Пирамид да и кажев два – три збора... Ако кажам дека ми е мило ем драго, и ова е заслужено ќе биде и повеќе од клише, ама така си е. Затоа ќе кажам и дека ова е доказ за тоа колку твоите постови/присуство значи на форумов, колку твоите мислења оставаат впечаток без разлика дали помогнале некому (несомнено), трогнале, испровоцирале, разубавиле нечиј ден или натерале на сериозно размислување. Доказ за целокупниот впечаток (очигледно позитивен) за тебе како карактер и индивидуа на која е невозможно да се остане индиферентен. Туку друго нешто слушнав (прочитав де) ова ти е втора награда за истово а А знаеш како се вели: Она што се случило еднаш не мора да значи дека ќе се случи втор пат, но она што се случило два пати - сигурно ќе се случи и трет пат. Искрено ти ја посакувам и таа третта среќа – секако заслужено дружејќи не уште долго красејќи го форумов со оригиналност, заедно споделувајќи моменти кои ќе се паметат. Ај да не должам многу – уште еднаш честитки и со здравје да си го носиш часовникот. Чин – чин
Сосема заслужено. Кажано е се` друго, на мене останува да честитам. Со здравје да си го користиш Пирамидле.
Немав време да се уклучам да пишам и кога се прогласи победничката, ама мислам дека и сега не е касно. Честитки Пирамида