Форумџика на годината 2011 За сите кои се плашите, нема оваа година да биде пак Трендафилка ... друга ќе биде
Форумџика на годината 2011 Кој и да победи, тврдам дека ќе биде заслужено Трендафилка со причина победила лани. И оваа година и да победи она или било кој друг ќе биде фер. Бидејќи победникот не ни го бира никој од страна. Мнозинството форумџики гласаме за тие што навистина ја заслужуваат оваа титула. И верувам дека сите кои ќе бидат поставени за гласање, ја заслужуваат наградата. Според мене нема потреба во ваква позитивна тема да се водат расправии
Форумџика на годината 2011 Па и пак Трендафилка да биде...што?! Зошто да биде нефер ако е заслужено. Јас ја номинирав и сум сигурна дека ќе биде меѓу најноминираните 20. Незнам зошто толкава прашина кревате. Нека победи најдобрата.
Форумџика на годината 2011 I will nominate Trendafilka , and i will see her in top 20 , and i will give my 1/3 votes to her because i like her posts , l like her mind , i like everything about her AND THERE IS NOTHING .... NOTHING YOU CAN DO ABOUT IT
Форумџика на годината 2011 ...Да знаев дека волку ќе галамите, барем говор да си спремев. Очи ископавте за парфем, ами ако даваа свинска полутка и канта сирење, на СИТЕЛ у ударен термин ќе идеше реклама за Трендафилка и за хајката против неа Како не ви е срам бе, цела година ќе давите со мислења за детето со трета рака на Фернандо Гарсија и Росалинда Миамор, за хулакопки, временската прогноза... и после крив ви е Андреј на Ленка оти некој бил попаметен и далеку поинтересен за читање од вас... И дај олабавете, не се избира Премиер побогу
Форумџика на годината 2011 За да не се карате и да нема лутење оваа година машко ќе е и готово....ајт завршена работа
Форумџика на годината 2011 Не гледам ниту една доволно добра и паметна причина зошто Трендафилка да не биде и овогодишен победник. Ако девојката односно членката пишува интересни и квалитетни мислења тогаш заслужено би победила, без трт-мрт плачење и цмиздрење како не би било фер и сл. Ние сами номиниравме и сами ќе гласаме, тие што мислат дека не би било фер ќе имаат уште неколку понудени форумџики за кои ќе можат да го дадат својот глас. Никој никого не фаќа за врат дека мора да гласа за овој или оној, сите сами анонимно од дома гласаме за оној форумски лик за кој сметаме дека би требало да биде избран односно избрана за форумџика на годината. Ако не сакте Трендафилка да победи, не гласајте за неа, гласајте за некој друг, а не да мрчите м*да тука, ако девојките ја номинирале тогаш таа треба да стои на листата како и другите кандидатки и кандидати. Се е потполно јасно ко ден, незнам зошто од ништо се прави нешто. Женска работа, бреј.
Форумџика на годината 2011 Точно така, олабавете Па и вие ја претеравте побогу. Јас не се сложувам со нејзиното мислење дека не е фер една иста форумџика да биде два пати избрана, но ја сфатив што сака да каже. Не рече девојката ниту дека Трендафилка не е квалитетна, ниту пак рече дека таа самата сака да стои во 20-те форумџики. А вие одма и се нафрливте со обвинувања, па дури и демек криво и било што нема да биде во топ 20. Јас нигде во нејзините постови не го видов тоа.
Форумџика на годината 2011 Дали тоа дека Хипица лани зема парфем за најактивна не е исто со тоа да победи Трендафилка како најфорумџика? Ако годинава делат парфем за најактивна пак ќе биде тоа Хипица, или има некоја друга? Глупи муабети. Секако дека ако заслужила пак да биде - ќе биде. Енд оф стори. Се гласа и гласовите кажуваат, нема ништо местено или нефер. Сами бираме крај краева.
Форумџика на годината 2011 Леле бе аман,и тука ли почнавте да се карате? Секој да си гласа за тој шо сака ееееееееее,има премногу квалитетни членови ете и 20 да се номинирани,сите ќе заслужуваат да победат.Ај не се тепајте. Важно е разбирањето и почитувањето меѓу нас,не тоа кој ќе победел.... И Офи I'm glad you're back
Форумџика на годината 2011 Jа уште од сега со панцир, шлем и тако даље да си се опремам, во случај на (недај боже) разгорување на уште поголеми страсти
Форумџика на годината 2011 Ке треба изгледа пак да спремам пуканките. Сега барем не ми е мака што ниту номинирав и најверојатно ниту ке гласам. Чисто од причина што не би сакала да издвојувам ниедна и затоа што претпоставував дека ке дојде до вакво нешто. Аман бре, секоја си има своја вредност, свое размислување и став, па сега дали мене или на Митра и Стојка ни се свиѓаат или не, тоа е веќе вкус и став и што има да се расправа дали ке е Трендафилка или било која. Што лошо ми сторила некоја девојка овде па да не победи? И ферари нека е наградата, ако е фер и заслужена, треба на секого да му е мило. Мех...мех...женско да не ставиш во компетиција.
Форумџика на годината 2011 ^ пола тафче без сол нека бидат, другата половина ако сакате може и со сол. Mногу феминки овде мораат без сол да ги јадат оваа е проверена информација али боље е со сончоглед, повозбудливо е некако ајде сега бришете ме, веќе не мавам офф топик едит- подобро Tрендафиљ, отколку Спојлер таа што го чита спојлеров, у случајов Tи
Форумџика на годината 2011 Да не се караме, секој нека си гласа за тој што мисли дека заслужува. Јас гласав за 3 феминки кои се познати (ама не се на `врвот`), кои секогаш даваат многу вредни постови за читање, кои се многу хумани и непристрасни кон сите овде, кои никогаш никого не навредиле!!! Асоцијација: Спојлер две се мажени, една е во врска.
Форумџика на годината 2011 Секоја си гласала за таа што мисли дека заслужила да победи. И да е таа што победила лани, значи вреди. Нека победи најдобрата. И јас гласав за 2, иако требаше за 3. Ама за жал кога ја пишував пораката, ја заборавив. Ама верувам дека многу феминки гласале за неа, и е во номинираните. 100% сум сигурна
Форумџика на годината 2011 ^ (Грл 23) Фала за номинацијата Инаку оваа дискусија веќе станува смешна од проста причина што постои само еден единствен пост, едно единствено мислење, заради кое се крева непотребна прашина и се вадат уште понепотребни заклучоци...Еден одговор ќе беше доволен.
Форумџика на годината 2011 (ГЛАСАЊЕТО Е ВО ТЕК) Па може да се каже дека се номинирани едни од подобрите форумџики. Со среќа на сите. Јас гласав, гласајте и вие да не плачете после. Како да сум на избори звучам. Сакав да кажам и дека сите 3 што ги предложив се во списокот.