ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Честитки Дузи! Билката и Михајло имаат среќа шо не отворив кладилница,немаше да можат да ме исплатат. Кец у кец! Све што номинирав,све држи позиција бреее у топот! Иако МОЈАТА не победи,сепак ми е драго и мило! Номинирано,гласано,све погодив! Да продужиш да не смееш и понатака! Нешто кафанче ќе организирате?!
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Дузиии стварно ми е мило,честитки на победата и да си останиш така ведра,расположена и среќна секогаш.Да ни пишуваш уште мноогу такви постој полни со енрегија која што само ти можеш да ја дадеш
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Форумџика на годината е: Doozy Честитки до сите номинирани. Како што најавивме претходно, решивме оваа година малку да го зголемиме „фондот“ на награди , па... ТА-ДАМ: Doozy Часовник Just Cavalli Trendafilka Часовник Guess ljubam Часовник Guess Честитки уште еднаш! Навистина заслужено. Е сега, бидејќи моментално ги имам и трите часовника пред себе, не знам како ќе соберам сила да им ги испратам на Doozy, Trendafilka и ljubam. Ако некоја од вас не си го добие подарокот, тогаш веројатно завршил кај мене на рака.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Честитки и од мене, Дузи, навистина ми е мило и драго, биди така весела секогаш
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Честитки Дузи! Честитки и на Љубам и Трендафилка со здравје да си ги носите часовниците девојки !
Аууу Дузи, ма ти на висока нога отиде, сега си во Аристократијата на Македонија со Каваливо Се шегувам со среќа да го користиш саатот, а исто и на Трендафилка и Љубам им честитам за освоените часовници, секогаш да ви бидат точни и батеријата полна
Браво за Фемина, браво за Дузи, и за Трендафилка и за Љубам. Вистински награди во вистински раце ... всушност НА вистински раце.
Како сте им ги погодиле часовнициве на сите 3, по сензибилитет и вкус, то просто немогуќе! Видиш како можеш на човек и виртуелно да му го погодиш вкусот! Долго да ве служат часовнициве, и немој да касните на Фемина.
Честитки Дузи, ајде со здравје сеа да си го носиш саатот и да бидиш точна И да продолжиш да не разведруваш и да не полниш со позитива Честитки и до Љубам и Трендафилка
Пак јас Да им честитам и на Трендафилка и Љубам, исто и за Дузи, да докажам со здравје да си ги носите часовниците
Честитки Дузи, сосема заслужено, ми победи гласаното лице Со здравје да си го носиш часовникот, многу е убав. Честитки и до Трендафилка и Љубам, со здравје да си ги носите часовниците навистина се преубави. Билке ако утнуваш адреси веќе прати некој и навака
Doozy, Trendafilka и ljubam Ви честитам девојки! Со здравје да си ги носите часовниците. Прекрасни се, а на вашите раце сигурна сум дека уште по прекрасно ќе изгледаат! Продолжете и понатаму да го разубавувате форумов со вашето присуство!
Девојки јас Ви се заблагодарувам многу многу, не знаев дека и втората и третата форумџика добиваат нешто, пријатно изненадување, чиститки до Тренди исто така, како и да е многу девојки заслужуваат награда на форумов.. Благодарам до Михајло и Билката... Фала Ви, ве гушкам..
Честитки Дузи, навистина заслужи, многу ми е мило што победи! Честитки и до Трендафилка и Љубам и сите три со здравје да си ги носите часовниците.
Вие не сте нормални бе, и мене ме изгласавте за најненормална бе! Леле бе! Ова е еден од бисерите во мојот живот, жими мене! Вака сега, по список. Најпрво, да се заблагодарам за убавите зборови. Мислам дека премногу ме идеализирате, и ми е многу незгодно, на сите пораки прво со што ви враќав беше .... Јас сум ви обична смртничка (добро, не знам колку обична од вечерва со Џаст кавали на рачето ), и јас имам гурелчиња во очите насабајле и си чепкам во носот кога сум сама дома, и си поджригнувам после чаша газоза и ги правам сите обични смртнички работи. И се лутам, и се нервирам, и сум идиотка, и сум никаква и навистина сум, не викам така... Сите сме такви и јас не сум нешто подобра од другите. Ќе ви се лутам ако ми викате дека сум посебна, и не ви го викам ова ради реда, озбилна сум. Сигурна сум дека сите овде се посебни, и сигурно има уште многу попосебни девојчиња од мене на светот, само можеби уште не почнале да пишуваат посериозно, или уште гледаат само со црни очила на животот, не знам. Јас сум само едно мало момиче со поранешни 100 кила , кое моментално спрема испити, се нервира за љубовчињата, пие кафиња со другачки и најново, има саат од милион долари. На Фемина почнав да пишувам кога бев заглавена еден месец дома со мал дефект и ни на крај памет не ми беше дека ќе стасам дотука. Кога почнаа со номинациите, прво мислев дека ме зезаат кога ми праќаа лп дека ме номинирале. После кога се видов, си реков, Дузи, готово, уозбили се, нема веќе трте-мрте и глупости траскања, од денес си озбилна феминка. Па прва па кога испаднав, аууу... И намерно не пишував овде, не знаев што да пишам и ми беше страв да не стропам некоја глупост. Ама жими мене, јас можам да бидам озбилна кога треба во специјални прилики, кога сум на венчавање во црква и невестата има дупка на фустанот, нема да се смеам, и кога професорката кажува резултати можам да трпам, и кога се чита говор, и кога се свири химна.... ама овде.. Овде си ја пуштам душичката на раат. И готово, се разозбилив. Па предложив битка во кал. Нумеро дуо (дуо ли е?), ако не и дадеа на Трендафилка награда, лично планирав да се заангажирам да добие исто што и јас, затоа што во текот на гласањето цело време одевме напред-назад, и навистина немаше да биде фер ако не добиеше ништо. 5 гласа повеќе или помалку не менуваат ништо, јас не сум сама на првото место, до мене стојат Трендафилка и Љубам. И ќе ве замолам, година да не ме номинирате и гласате. Ве молам, и за ова сум озбилна. Јас не сум озбилен човек многу често. Би оставила простор на некој друг, подобар, и попаметен, и посмешен, и по-нај-се, да победи. Треќе и надежно последно, фала и на Фемина што вака ме ,,означи,, со ваков саат. Билке, ептен ти фала, ме препознаваа досега, отсега кога ќе го носам саатов низ автобуси, факултети, кафиња, ќе мислам дека некој ме гледа. Краен степен, застанување по улици. Се зезам бе, ќе си го скријам под ракавчињата. АААААААА и да, одете вие да и објасните на мајка ми од кај добив толку скап саат. п.с. Ми изгоре вечерата додека пишував, одам да ја частам цимерката.
Честитки до сите. Ја мислев дека ќе биде парфем па да се шприцнам . Си здравје да си ги носите часовниците, убави се многу.