Уствари чекајте бе. Па штом онда вака,честитки до сите,да не се пурјачам за без веза,подранив со честичката,јас мислев едната ќе ги лапа сите почести! Да сте живи и здрави сите и да се фалите на сите страни,само да знаете дека од сега многу почесто ќе гледам у женски раце! Љубам и Трендафилка ги знам,ама Дузи ќе ја бркам! Дузи на просто ме расплака со срдечниов говор. Дури визуелизирав просторија со црвен тепих целата и црна бина и завеси,и обете со шљокици и светки у име на елеганцијата,сериозноста и буржоазијата!
Дузи од се срце ти ја честитам победата! Дефинитивно заслужено. Остани ваква каква што си, прекрасна Честитки и до Љубам и Трендафилка! Едит: А џабе ќе барате по раце, може и Билката ако не собере сила да се оддели од часовниците да помислиме дека е некоја од победничкиве
Девојки честитки и од мене... заслужено сте на врвот и да продолжите да го разубавувате форумов со квалитетни мислења!!
Честитки и од мене девојки... со здравје да си ги користете подароците..продолжете само така..честиткиии од се срце
Честитки до сите три, сосема заслужено! Со здравје да си ги шетате часовниците и со мерак да си ги подгледнувате кога некој ќе ве праша, колку е часот. И морам да ја пофалам билката, или кој и да ги одбирал, часовниците се преубави.
Ми се допаѓа ова трио фантастико!! Честитки девојки и со здравје да си ги носите новите часовници. И стварно, нешо кафанче да се почасти ќе има или... м?! Онака таман предновогодишно да залиеме.
Како ќе ме рефундира сеа победничката, а ме убеди да гласам за неа, ете со тоа што ќе ме шприца? Ќе даеш една недела да го возам џст кавалито... Инаку бре брех алал да ви е за наградиве фемина, билка, михајло, секоја чест навистина, прекрасни часовници, навистина сите три се преубави, се надевам дека им се допаѓаат на девојките. Е богами за ова се исплати да праиш лажни профили на фемина се шалу де Честитки на добитничките, со здравје да си ги носите часовниците, сте заслужиле и те како! Туку дузи смислуј начин како да ме одужиш, сеа што нема шрицкање нема
Значи немам зборови да искажам колку ми е мило што моја многу добра другарка, човек што го познавам и надвор од Фемина, човек што всушност ми ја препорача Фемина, ја доби оваа „титула“ Ти велиш дека тука пишуваш за да се испразниш и да си кажеш се што ти лежи на срце, ама тоа го правиш толку добро и со доза на неверојатен хумор што си ме смеела до солзи Мило ми е што некој ја препозна твојата креативност и твојот талент за пишување, мило ми е што доби некаква награда за тоа (некаква награда, како да е небитна ), и се радувам кога ги читам сите овие коментари и ги гледам овие 186 гласа, 186 луѓе кои гласале за тебе и со гордост изјавувам дека Дузи ми е другарка Лани и цимерки бевме Многу сум горда на тебе (да знаеше мајка ти дека членуваш на форумов и она ќе беше ).
Честитки и од мене до трите,заслужено си победивте Секоја од вас си е посебна приказна,секоја прекрасна ))) А и останатите во листата беа супер,јас долго си се мислев за другите два гласа,ама за Дузи ич не се двоумев И баш ми е мило што оваа година си на врвот,пошто ако не ме насмееш ти со постовите,нема кој,кои сепак си се најреални,а и секогаш тука за муабет и за што било.Поздравче Дузи А и за Љубам и Трендафилка исто,бидејќи и вие две многу пати сте ми го разубавиле денот,супер сте П.С. Отсега ако видам некоја со сатчињата ќе ве прашам колку е сатот И ммм,многу убав сат
честито нека им е на победничките,баш убаво што има три награди годинава три феминки да се омрсат не само една часовниците се прекрасни навистина,а наградите секако заслужени.
Честитам жени, прекрасни сте сите, сите три различни, сите три инспиративни Прекрасни се и подароците
Честитки за трите дами со среќа поклоните, вечер пред Аце да ве видам со рацете кренати у вис и саатите на нив Баш ја читав Лилит и викам што вака трогната од говорот на Дузи, ама требаше да претпоставам што можела да напише Баш ме насмеа со она-ај па другпат друга да пишувала сериозно како неа. И без гајле Дузи, јас на мајка ти и објаснив веќе, и реков-тетко а ти што мислеше, од кај секоја вечер црното мече со темни стакла? (И после уз песна : свако вече црно мече, да по теби долазииии...)
Честитки до триото фантастико....браво девојки... Останете такви какви што сте, и уште долго долго да не дружите на Фемина.
... во точно 01.28 ноќеска ми стигнува порака, а јас во длабок зимски баба меца сон, и со дел од паметот си викам - Д е до тебе, еве го спие, кој е, што е, да не се случило нешто лошо недај боже? Тоа Лудото ми честита саатче, ама поракава - ни точка, ни запирка, ни бутур, напишана еуфорично и набрзинка и на крај се потпишала со ludo, со мали буквиња, Хуго вика - кој е? Викам не го знам бројот, ми честитаат часовник на Фемина и ме нарекуваат луда. Честитки до Дузи и Љубам, две прекрасни девојки, со здравје да си ги носиме саатчињата, ѝ дадов предлог на Дузи да направиме групна фотка (Љубам ќе го наместо соодветно аголот и тајмерот) и да се сликаме ко Насто (млекарница) со часовникот суптилно наместен во преден план И им благодарам на сите кои гласаа за мене во толку голем број - не очекував искрено сепак, благодарна сум ви и среќна сум што победи вистинската девојка.
Честитам девојки! Сосема заслужено! Морам да признаам дека Дузи ми беше фаворит (останатите немојте да се лутите ) баш поради тоа што е обична како и сите ние, весело девојче кое нема многу, ама знае да цени и да го извлече најдоброто од секоја ситуација. Дузи, ти симнувам капа на позитивноста, и да знаеш, ме инспирираш (не само за слабеење). Камо да имавме повеќе како тебе! Трендафилка, Љубам - двете сте посебни на свој начин, не може да поминете незабележано. Фемина мора да е благодарна што ве има, сите три И сега и јас ќе пишам како и многу други пред мене - немојте да го заборавите ова виртуелно катче, дружете се со нас и понатаму!
Дузи мила ,имам многу работа,ама ме интересираше кој победи иако и за двете гласав,која е третата не кажувам .Заслужено си ја доби титулата ,и да знаеш ти си посебна ,твојот смисол за хумор е посебен...ма се...честитки уште еднаш,со здравје да си го носиш часовникот.И чекаме частење...барем да организираш една тура низ Скопје и Македонијава со двокатен автобус,во тие новите не сум се возела Ах,да и да боцнеме нешто со вилувче,чачкалица или да тегнеме печено прасе со раце.... И секако да залиеме...одамна не сум кршела чаши.. Трендафиле,за нијанса изгуби,верувај кога би можела и двете би ве ставила на прва позиција.Заслужена и номинација и второ место.Една единствена. Љубам,едно суптилно нежно женче полно со љубов.Тие околку тебе се благословени што те имаат во своја близина