Честитки и од мене до Дузи, Трендафилка и Љубам! Мило ми е што сите три добивте награда, бидејќи сите три и заслужувате. Се надевам уште долго ќе ни пишувате на форумов!
Девојки, честитки до сите кои се најдоа на листата. Сосема заслужено. Да си дочекаме уште многу вакви форумџики на годината. Часовниците гордо да си ги носите, сите три. А јас, сериозно размислувам да станам пророчица.
Аааа се спомна на почетокот дека ќе има повеќе награди....честитики и до Трендафилка и Љубам,а Дузи кога ќе пиеме следен пат кафе,со саатот да ми дојдеш !!!! не одговарам ако ти го снема
Се чудев и јас како ќе беше ако со изедначен број гласови завршеше за прва и втора, и се молев. Ринг со кал! Ринг со кал! Ринг со кал! Честитки девојки,три убави саати за три убави девојки, со здравје да си ги носите. Ве грабам како досадната тетка на слава, една по една и ве цункам трикратно на уста
Честитки девојки, со здравје да си ги носите часовниците и това је това. Мило ми е, заслужено си ги добивте наградите и да ни пишувате квалитетни постови уште долго, долго.
Ви честитам девојки, вие заслужувате. Обожавам да ве читам, и ве ценам како личности затоа што навистина вредите многу.