Леле леле Фемина оваа година рашири срце! Дузи, како победничка, честито, и си заслужи мор, не тропај глупости Девојка на место си жими се, ги поседуваш ретките карактеристики што изумираат секојдневно се повеќе и повеќе на една дама. Не се менувај никогаш! Посебна си, како и сите други, не само тие што се на список, него сите други...па дури и една Срцекршачка е спешл уан Не те знам само тебе, затоа богами малку ќе се 'буљам' по женски раце Шала мала, се надевам кафе ќе има наскоро па нема потреба од манијачење! Тренди, лепото моја, можда тука во изборот си придружничка број 2, но за мене ти си кралица на форумот. Поседуваш се што треба една права жена да поседува, да не набројувам, на сите јасно им е за што зборувам. Тебе мила, ти посакувам најубаво дома, најтополо со твојот Хуго и да ни пишеше исто како и изминативе години, и со мерак да си го носиш часовникот, сега посебно па на тие ослабнати раце пу пу како ќе сјаееее Љубам, придружничка број 3, по некој си ред еве, ама сепак иста победничка за мене, жена и пол, мајка и пол, уметник и пол. Една вреќа мир, спокој, радост и љубов за тебе и најмилата твоја. Со среќа да си го носиш и ти часовникот, и се надевам дека сега ќе бидеш точна и нема да пропушташ летови Жениште си жими се! П.С Малку изгледа како честитка и за Нова Година мојов пост ама гајле ми е, јас ве обожавам многу!
Леле дури сега приметувам ова. Doozy честитки !!! Сосема заслужена титула затоа што нема ниту еден твој пост кој не ми се допаднал или пак не ми предизвикал насмевка на лицето. Една од омилените си ми на форумов. И да, најпрво не мислев да откривам кого сум номинирала или гласала, но морам да кажам дека ти беше една од оние за кои што без размислување гласав. Воедно честитки и до Трендафилка и Љубам - исто така форумџики со исклучително квалитетни мислења кои многу придонеле за форумов. Со здравје да си ги носите часовниците девојки и се надевам дека уште долго ќе ни пишувате на форумов.
Јас вчера избрзав со честитките па не видов дека и Трендафилка и Љубам си освоија награда.ОД срце ви честитам и на вас мили .Сосема заслужено и баш ферски е што и вие добивте по еден часовник кој што ќе ви биде доказ и секогаш ќе ве потсетува колку добри личности сте кои што ги имаат сите квалитети.Со вас светот е подобро место за живеење
Честитки до Дузи,Трендафилка и Љубам. Слатко задоволство за убавите мисли-тука споделени. Со здравје да си ги носите часовниците. Се надевам не сте на диета Поздрав до сите кои беа на листата -форумџики 2012 На младите светот останува. Бидете здрави, живи,среќни весели.
Јухууу Ќевојни Што убави саатчиња, со здравје да си ги носите, само убаво да ви поминува времето Нема дилема, форумов изобилува со страшно добри женишта, можат да ни позавидат на она што го имаме тука во виртуелново тенане Па и таман мислев оти Џст Кавалито е недостижен сон за просечнава ни Македонка, ете ти ги Билката и компанија, фини поклончиња за фини девојчиња
Честитки на трите, со здравје да си ги носите сатчињата, навистина се прекрасни и пофалби за добриот избор на награди на организаторите Па сега Dozzy ,Trendafilka i Ljubam, мислете му ја како ќе го почастите целиот форум, како што е редот, кога некој ќе победи во нешто Се најубо на трите
Море како што сум манијак по часовници, очекувајте да ве грабнам ако ве сретнам . Честитки девојки, заслуживте сите. И со ќејф да си ги носите .
Охоо јас сум заостаната бре. Дури сега гледам. Со мало зсдоцнување Честитки Дузи. Иако ни една од моите номинирани не победи, сепак мило ми е што победи личност со многу квалитетни мислења. Воедно честитки и до Тренафилка и Љубам.
Дузи, Трендафилка, Љубам, честитки. Ви посакувам успех во сите полиња од животот. Се надевам и останатиот свет надвор од овој форум, знае да ги цени вашите квалитети
Јас каснам со честитките, оправдано, ме нема цел ден . Победија моите фаворитки . Што би рекла освен дека девојките ги обожавам, впрочем си знаат тие дека си ги љубам и обожавам . Часовниците се преубави, ептен ви ги погодиле. Девојки честитки . Единствено ми е мака за рингот и калта, ќе беше интересно, а јас и ќе се обложував , може и ќе ми се посреќеше .
* уште од старт ви кажувам њамам пари за шампањаска, торти/колачи и ордевери, директно преминувам на главното * Честитки за Дузи, Љубам и Трендафилка. Знаете да насмеете до солзи, да бидете сурово реални, и секогаш сте со feet on the ground! Тоа е она што ме освои кај вас . И ти Дузи немој толку скромно мољим ти се, еднаш се станува Мис Форумџика на годината . Keep up being gorgeous!
Честитки и од мене,мислам дека ја заслужија победата.Иако не сум толку активна и позната но редвно ве читам
Честитки на победата , искрено доози не сум ја приметила , гласав за трендафилка и лилит наредна година здравје