Ме немаше неколку дена на форумов и ме пречека пријатно изненадување Најпрвин честитки до Дузи, Трендафилка и Љубам.Трите сте толку различни и посебни личности, и трите ја заслужувате наградата Морам да признаам дека уживав во постовите на Дузи, секогаш кога бев нерасположена и случајно ќе налетав на нејзин пост знаев дека ќе ми измами насмевка.Уживав и во реалните постови на Трендафилка, и нејзините најдобри филм рецензии, а Љубам е толку креативна и инспиративна личност што ме потикнува да се борам за тоа што го сакам. И како што е редот малку блашко!
Каснам и јас со честитката Doozy, мила, со здравје да си ја носиш титулата И остани така мила, ведра, позитивна, и умна Големи честитики и до ljubam и Trendafilka. Прекрасни сте и двете, на човек да му е милина да ги чита вашите постови. Која и да победеше, ќе беше повеќе од заслужено. И вие останете така, ширете позитива, ум и многу љубов.
Честитки Дузи ,само продолжи да ни го разубавуваш форумов! Честитки и до Љубам и Трендафилка и со здравје да си ги носите часовниците!
Се прашувам за кого гласале Google [Bot] ,MSN [Bot], MSNbot Media, Google Adsense [Bot] ,Majestic-12 [Bot] и Alexa [Bot] Честитки дузи , да частиш не пијачка туку хамбургер од 7мица .... и тоа БИГ Хамбургер ... да биде полн стомакот А Трендафилка
Сосема заслужено Пред се да и честитам на Doozy како победничка, а секако и на Trendafilka и Ljubam.Сите сте квалитетни особи, па која и да победеше немаше да биде погрешен избор.Со среќа да си ги носите часовниците и понатаму да ни го разубавувате форумот со вашето присуство
Честитки Дузи, заслужена победа Честитки и до Трендафилка и Љубам. Со среќа да си ги носите часовниците.
Честитки девојки, ме радува што сте феминки на годината, зашто сте прекрасни. Стварно немам појма што друго да кажам, ете, се радувам од се’ срце. Ве сака БиЈу. http://www.youtube.com/watch?v=VBmMU_iwe6U
Редно е и јас да честитам. И тоа не само на Doozy, ljubam и Трендафилка туку на сите кандидатки. Сите заслужено бевте пласирани. А Дузи, љубам и трендафилка со здравје да си ги носите часовниците.
Па па па, sir yes sir! Најголеми честитки до Дузи, не можам да опишам колку ми е мило шо си феминита оф д јир! Многу многу! А воедно и до Трендафилка и Љубам и со здравје да си глеате на рака и никогаш да не доцните! Туку денес према католички календар е Св. Никола а тој на добрите дечиња им носи слатки подароци Епа бевте умни, а Фемина изненади и оваа година, браво! Преубави се часовниците!!! Девојки, уживајте во стрелкичките, времето нека ви поминува поспоро ама затоа поквалитетно. И Дузи не се глупирај, ваков часовник не се крие под ракавчиња, да знаеш! Пам парам пам пам. Баш се израдував бе па! Честитки уште еднаш од мене!
Да сте живи и здрави, ме изнасмеавте пред компјутер, со оддржаните говори. И нај ама нај нај најискрено, мило ми е што сте баш вие трите. Честитки, од се` срце, навистина ми е многу мило. Не го кажувам ова ради реда, колку да се каже. Навистина го мислам. Само што мене не ме бива да се изразам преку зборови. Честитки, уште еднаш.
Ааа заслужено. праведно е така. дузи честитки и продолжи да си бидеш таква. Сите на листата се одлични која и да беше ке беше во ред но тоа со дузи стварно ме радува.