Форумџика на годината 2012 Искрено тежок беше изборот, но некако се одлучив за 3. Се надевам барем една од нив ќе биде победничка
Форумџика на годината 2012 Јас ќе гласам кога ќе има анкета,бидејќи вака навистина не можам да се одлучам!
Форумџика на годината 2012 Дадени се предлозите и од мене, а би можела многу повеќе од три да номинирам. Изборот падна на оние кои сметам дека во целост ја заслужуваат титулата Форумџика на годината . Со среќа .
Форумџика на годината 2012 Јас ќе номинирам 3 форумџики и ќе гласам за истите 1. Трендафилка ... иако победи минатиот пат сепак пак би гласал , ми се допаѓаат нејзините мислења што ги постираше оваа година а особено како саркастично ги кастрираше машките тролови 2.Ljubam ... нема ни потреба да објаснувам... 3.teddybear мило девојче што секогаш знае да те расположи Би ја ставил и Lillit како трета али не ми се допаѓаат нејзините саркастични мислења за животот и лугето во него..... Јас доагам на форумов да се одморам читајки СКД и "искарам" во фудбалските натпревари и малце да се изнагледам Модни критики.... не да имам потцетник за тоа што ме очекува утре кога ќе идам на факултет или кога ќе се вработам или кога ќе идам да се социјализирам итн.... знам какви се лугето и знам колку е расипан светот , неморам да го читам тоа на форумов.... така да тука се тие минус поени Good Luck to everyone
Форумџика на годината 2012 Имам многу драги личности овде. Не знам кои да ги номинирам, 3 се малку. Ма да сепак мислам дека повеќето ќе се најдат на списокот.
Форумџика на годината 2012 И јас номинирав и ќе кажам кои три 1.Dооzy зошто знае и таа дека ми е една од подрагите личности од форумов.Gо обожавам секој нејзин пост а и често се пронаоѓам во повеќето од нив.Според мене Дузи е девојка импол 2.Tрендафилка која ми е апсолутен фаворит од самиот почеток на мојот престој овде.Tолку ми е интелигентна, паметна и фина и сосема реална.Kога ќе пораснам сакам да бодам како Tрендафилот 3.Лјубам, зошто неможам, а да не кажам дека е една од најхрабрите личности кои ги имам читано, едно поради тоа, а друго поради уметноста која ја создава преку фотографија на која јас неможам да останам рамнодушна. Мене ми е криво што неможам да додам уште некоја форумџика, зошто радо би номинирала уште некои, како Kравче и Kенди, Жабецот(кој нешто се губи) и уште 2-3 кои ми се посебно драги.Aли тоа е, сигурна сум дека некој друг ги номинирал и нив
Форумџика на годината 2012 Јас нема номинирам.Сите ве читам,почитувам и САКАМ!Така да ако треба да одбирам би ве одбрала сите затоа што секој си пишува на свој начин и со свои чувства...
Форумџика на годината 2012 Номинирав уште одма штом ја видов темата, и тоа со брзината на светлината, напишав 3 имиња како од пушка и стиснав сенд убедена дека само тие 3 ми се топ! И после 2 минути ми текна кого заборавив. Сабајлево листам по темиве и гледам сум заборавила и една друга. И решение нема, помина возот. Не се само 3 јасно ми е, многу повеќе се. И убаво што и текнало на фемина и други 2 награди да даде, сосема фер и заслужено ќе биде 3 да бидат како феминки на годината! За Дузи ми е најискрено криво што ја испуштив, зашто е дефинитивно топ 3, барем за мене. ЌЕ биде номирнирана, тоа и повеќе е од јасно, ама ете криво ми е што за секунда ја забораив Не сум свесна изгледа колку форумов и некои луѓе од тука ми прираснале за срце, ова најозбилно.
Форумџика на годината 2012 Еве и јас ќе кажам кои ги предложив. Хипстер, ЛилБејби, Кравче. И криво ми е што може само три. Јас би ги додала и Марама, Дузи, Трендафилка, Љубам и уште многу многу други. Но за жал можеше само три. А за нив сигурна сум дека ќе се најдат на списокот.