Форумџика на годината 2012 За мене реално би било да има Топ 10 форумџики и сите да добијат по нешто,не мора да се тоа скапи парфеми или часовници,нека има по еден постер пример ама нека го добијат. Како што и многу од вас пишале дека им било тешко да одлучат и мене ми беше искрено.Овде има многу девојки кои заслужуваат да се најдат на листата,па дури и да победат. Знам дека ова не е митинг или кампања за парламентарните во мај за кој ќе се тепаат нашите политичари,ама од овие девојки овде многу може да се научи,многу. Јас се одлучив за Дузи,Марама и Трендафилка. Барем да можев уште две..Љубам и Ана Каренина.. Море да можев уште пет.. Среќно на сите.
Форумџика на годината 2012 Единствената феминка која заслужува да го понесе првото место оваа година е Љубам. Зошто и како,ќе си пишам откако ќе оѕвони судниот час и ќе пукне шампањот. Нема да ви бакнувам задници и да ви викам и оваа и онаа. Секако си номинирав и други и нема да ви речам,леле извини и таа и таа и таа и таа сакав,ама ете...нема место! Шта ќеш?! Само знам кој не сакам да победи. И како сега ова јас се осмелувам да го напишам? Зошто ниту една година мене подарокот велелепен фемински не ми беше приоритетна работа,ниту пак смислував стратегии како по пат на елиминација на конкуренција да се докопам за нешто. Зошто на крајот,не е подарокот... гестот е и заслугата која треба чесно да си ја понесе. Јас не знам како и дури некој доаѓа до мечтата дека нешто заслужува,а не го заслужува...онака не ми е јасно бре! И мислам дека некогаш треба симболично да ги удостоиме и маживе на форумов со некоја ситница. Еднаш да ја почувствуваат женската доминација и галење од истата. Да се номинираа мажи, листата ќе ми се состоеше од Марли, Џони и Љубам. И да,забава е нели?! Ако е забава,зошто онда почнавте одма со глупости во позадина,а?! Не ви е срам?! Не се осеќате грдо?! Не мислите дека она кое го кажувате не зборува повеќе за вас?! Смешно е... Према многу од вас чувствувам должност и почит... ама... ама! Мислам дечки, се збори... како да ви кажам? Аман,возрасни сте! Сериозно ми недостигаат феминки кои го креваа квалитетот на приложената листа,дали номинирани од мене или од друг,битно да беа на неа. Така што,моите помодрени палци оваа година одат за Љубам,од срце. Зошто од она малку кое ми дозволи да го пипнам од неа,без лажна скромност и обоени зборчиња во виножитови бои и светликав прав, видов дека е човек. Она нема да ги зборува за глупости,нема да ви зборува за тривијалности, ниту пак она кое го носи и во себе и на рамена не го носи ниту една од тука,освен што си патиме од главите,а тоа не ви се рачуна,да знаете!Мене срам ми е да посакам нешто што не ми е заслужено па макар било автомобил со мој потпис на него џоа селебрети! Сфатете го ова како избор за Мис Јунајтет Стејтс у превод, некој кој комплетно и достојно може да си ја носи титулата,зошто во текот на цела година таа феминка не покажува сите нас и целиот состав на форумот. Дали сте длаобокумни алтруисти, или површни ветрушки, дали верувате на туѓите зборови, дали потпаднувате под влијанија. Иако исходот го гледам уште сега... ми оди да се изнасмеам ко Џим Кери у Ајс Вентура... Јипмен,друже,пошто го скрши мразот со пишување и ме ослови. Ти благодарам на убавото мислење во секој случај. Ама да не се заборави дека фемина е наша експресија на се она кое го чувствуваме и мислиме. Не ти се излигавив по лични пораки,ама веруј ми ја имаш мојата поддршка,ти посакувам се најдобро и знаеш на што мислам,и знаеш и дека е тоа е еден прелом,едно пресликување на реалноста која сепак не е прекрасна и не го осетив како оптеретување кое можеби и сум го имала у животов лично,напротив,ги знам тие битки... Јас сум таква каква што сум... Ти си забавен и интересен момак,не морам да ти го кажувам тоа, сме си размениле одамна по некој збор,немам тенденција да лижам корз зборови... делата ме интересираат мене,а за нив сум ти кажала,не знам колку се сеќаваш на што мислам. Уште еднаш,ти благодарам. И така феминки,бидете умни и нека победи мојата!
Форумџика на годината 2012 Значи темава стана место за предизборна кампања, ако, фино што вака отворено си ги кажувате вашите фаворити иако сугестивно делувате таму каде што може да се делува али нема врска... Моите омилени Теодора и Жапче веќе не пишуваат на форумот, гласав и за Лилит лани, а оваа година има доста добри форумџики кои ги читам редовно но ако треба да номинирам неколку онака од прва, како од пушка без размислување тогаш...нема. Али сепак ќе гласам, за комерцијала овој пат
Форумџика на годината 2012 Јас ги номинирав оние кои мене, а мислам дека и на многу други ни служеа како инспирација претходнава година. Мене конкретно, во многу ситуации ме мотивирале да бидам подобра, да се борам повеќе и да не се откажувам од плановите или соништата. И покрај тоа што насловот јасно укажува дека се работи за ФорумџиКА на годината, меѓу моите номинации не се најдоа само жени. Лицемерно ќе беше да избегнам некој кој ми е огромна инспирација секој ден, само затоа што е машко. Сечиј придонес треба да се вреднува.
Форумџика на годината 2012 И јас нели покуса да не останам, ко батко Ѓорѓија. Јас ги номинирав Дузи, Љубам и Трендафилка. Уште кога го видов `конкурсот` дента, не се двоумев околу нив некако. Изборот е толку тесен, сведен на 3, не сакам сега на секоја поединечно со која сум комуницирала да и се извинувам, горе - доле сличен ми е ко ланскиот, лани и пишав порака на Дузи да знае дека сум гласала за неа со големи почести , девојчево ги заслужува сите ордени, ме има до солзи насмеано, по улица ми текнало на некое нејзино мислење, ко пиперка сум црвенеела да не пукнам. Љубам ме потсеќа на истрајност, трпение, труд, на еден огромен борец ме потсеќа, и пред се на голем човек. Човек е во буквална смисла на зборот. За Трендафилка шта речи, а не увеличати. Јас сум и најголем лајкач ( ) на мислењата, не за да и се собираат лајковите ко бонови, туку затоа што во 99% од мислењата идентично размислувам, затоа што е болно реална, и затоа што е човек со кого би испила кафе и дома би се вратила исполнета. А за гласање . . . може ќе гласам за сосем трета личност, што не е во овие 3. Видиќемо!
Форумџика на годината 2012 Стварно ова предизборна кампања. Очекувам од тие што се прочитаа низ темава до предизборниот молк на 26ти ноември да кажат што оствариле за оваа 2012та и да си ги кажат плановите за 2013та Ланската победничка годинава не ја читам меѓу номинираните, а не ни беше активна годинава така да пазете да не ги исплашиме номинираниве па не ги читаме догодина Мене криво ми е што многу од моите омилени и доста квалитетни феминки годинава се премалку активни, квалитетот ни бега некако. Си имам фаворит, сеедно дал ќе победи или не таа е девојка која ја читам во секоја категорија на фемина и чии постови ме воодушевуваат, всушност ме воодушевуваа таа. Имам и омилено момче Прочитав меѓу номинираните и феминки кои беа премногу активни годинава, ама удираа на квантитет. Темава е форумџика на годината, а не најактивна форумџика. А и има неколку номинирани кои 95% од постовите им се во СДК. Изгледа да имаш дневник на фемина е најдобро Со среќа девојки, нека победи најсреќната и онаа која најдобро се претставила и добила најмногу пријателства тука. Зборот најдобра е многу релативен, секој тоа најдоброто го гледа од различен агол. За мене анонимното гласање е најправедно, па нека си остане така. Нема во темава да ги пофалам 3те најдобри феминки за мене и што нема да добијам лајкче од нив . За крај ... God bless Femina!
Форумџика на годината 2012 Гледам дека кажувате за кој сте гласале, да не останам покусо Еве ги и моите фаворити Љубам Лилит Трендафилка Нека победи најдобрата.
Форумџика на годината 2012 Се зачленив скоро,ама форумов го следам долго време и си имам свој фаворит,затоа гласав пред неколку дена.И мислам дека ова треба да биде анонимно,да не се кажува кои сме ги номинирале,но сепак кој како сака.
Форумџика на годината 2012 Јас уште пред некој ден номинирав, гледам сите си ги кажаа фаворитите, ај да не останам покусо Само да кажам дека ми фалеа уште најмалку 3 места за номинирање на Форумџика на годината, па кога веќе мораше да бидат 3, изборот ми беше следниот: 1. ljubam-Иако не ја познавам лично, од она што сум го прочитала и видела од неа, не можам да извлечам ниту една слабост или лоша страна. Љубам за мене лично е олицетворение на Љубов, на уметничка душа, на Мајка, на пожртвуваност......пред се' на Човек. (не се за џабе напишани со големи букви овие зборови). Прекрасна во секој можен поглед. Комплетно изградена личност, реална, мила-најмила.....Исклучително ја почитувам. 2. Doozy-било кој нејзин пост да го читам, од секоја тема и категорија, не ме остава рамнодушна. Има постови кои ме смееле до солзи, има постови кои ме расплакале од суровоста на реалноста.....Иако доста млада, веќе изградена личност, со цврсти ставови и мислења, кои патем кажано најчесто се поклопуваат со моите Неверојатнo позитивна личност, со многу ведрина во себе, ентузијазам, и одлична смисла за хумор 3. Phyramide-за инает Се шалам Пирамидново е многу реално човечуле, мене многу близок стил на пишување и начин на размислување, болно искрена и реална, која секогаш успева да го извади доброто од нештата и до животот. Непоправлив оптимист и „верувач“ во добрината и искреноста на луѓето...... Иако не е толку активна како минатата година кога ја доби наградата, мислам дека она што го има пишано во текот на оваа година во никој случај квалитативно не заостанува во однос на нејзините минатогодишни мислења и постови. Ми фалат уште најмалку 3 места, како што кажав погоре.....EleMental, Lilit, Trendafilka, ilipili, Yipman the second, marama........Секој од вас би требало да се најде овде во листава. Сите споменати личности мене лично ми го прават форумот она што треба да е. И ја користам оваа прилика да ги поздравам и гушнам сите (таков ми е денот де, гушкачки ептен )
Форумџика на годината 2012 Уште не сум номинирала, ама имам нешто на ум. Ќе биде и тоа, туку... истото сакав да го кажам. За мене форумџика на годината треба да биде онаа што не мора да има безброј мислења и да пишува поетични километражни постови во СДК (кои многу, многу не ги ни читам без навреда), туку онаа која пишувала низ повеќето категории, сакам да победи форумџика што кога ќе и ги составиш мислењата од најразлични области успеваш да изградиш целокупно мислење за неа, затоа што таа преку нив има свој изграден лик на форумов. И затоа мене СДК не ми е репер за номинирање како што им е на многумина, и кога ќе номинирам, тоа нема да бидат форумџики што ако им ги разгледаш мислењата над 90% им се во СДК, туку ќе бидат форумџики што се изјасниле во најразлични теми, сакам да видам сестраност. Е сеа, може овие па што пишуваат само во СДК имаат напишано све и свашта за сите теми, ама затоа па ако ја напуштиш темата веќе нема да ги сретнеш, без разлика што тие може ги собрале сите категории во едно мислење во СДК. Значи се бира форумџика на годината, на целиот форум, не само на една тема. И да стварно не се бара најактивна форумџика, зошто има такви што напишале 10.000 мислења, а од тие ни 100 квалитетни, а има и што напишале 1000, а од тие скоро сите вредат да се прочитаат.
Форумџика на годината 2012 Ќе номинирам три кои според мене имаат најквалитетни мислења без доза на сарказам и кои не пишуваат мислења само за да им се зголеми бројот,туку пишуваат квалитетно,макар и да е едно мислење на два дена отколку секој ден исповеди во Сакам да кажам. 1.Росонерка мислам дека најмногу ја заслужуваа оваа награда,како член со многу корисни и квалитетни мислења. 2.koritsaki исто затоа што многу позитивно ми делува оваа млада мама и со воодушевуување ги читам нејзините прекрасни мислења. 3.wolfce-прекрасен став и корисни мислења,непристрасен член. Нека победи најдобрата
Форумџика на годината 2012 Секој има идол, зар не? На некој му е Мерлин Монро, на некој Ким Кардашијан и компанија. Ама, ако ги оставиме познатите луѓе, кои впрочем не ни заслужуваат ѕвезда на hall of fame (со исклучоци де), моите идоли се на форумов. Знаете, кога ќе пораснам би сакала да бидам како нив. И не кажувам кои се, од прости причини дека не сум газолижач. Фалачаопријатно.
Форумџика на годината 2012 Не ја следа многу активно феминава во последно време, така да ќе кажа 2 форумџивки кои ми имаат оставено убав впечаток од порано. Ана Каренина и Љубам.
Форумџика на годината 2012 При здрава свест и чиста совест изјавувам дека не заслужувам да номинирам мои фаворити, бидејќи мојата отсутност од форумов премина во вонсериски размери. Ве почитувам сите, во соодветна мера да се разбереме, но моите номинации би отишле на стара слава; не ваша стара слава, туку онаа што јас ја имав претставено за вас кога мојата активност беше во полна пареа, а тоа време е веќе старо. Среќно на номинираните во трката, и однапред честитки до даруваните.
Форумџика на годината 2012 искрено има многу од само 3 девојки кои беа активни и со добри совети и свои мислења... една од нив е и иванамкднека поЧива во мир...мислам да се направи несто за спомен на ова девојка али доколку би се согласил цел тим на фемина... сноу-клин плавуса17 срцекрсаЧка Glossy-girl ади888 pamelche Hipster лудото19 илипили се двоумам мегу сите вас
Форумџика на годината 2012 Лилитке, за ова се согласувам, впрочем и за се што пиша во постот,мислам дека е потребно, секако доколку тоа е можно. А за форумџика на годината, ќе си кажам ко ќе дојт време, се надевам ќе биде личноста за која ќе гласам, а ако е, тогаш многу ќе ми биде драго и мило.
Форумџика на годината 2012 Еве кои ликови лубам да ги читам ljubam - исклучително ретка личност со многу доблести, пожртвувана маjка и мултиталентирана жена, со еден збор совршена Annath - сопруга, жена, маjка за пример, многу мила, полна со трпение и топлина, секогаш располжена да даде совет lunicka - просто ja обожввам, толку искрена во своите постови никогаш не ме оставила рамнодушна Тука морам да спомнам уште нкколку ликови кои ми оставилк силен впечаеток но броjката не дозволува да ги номинрам Moira, Jony, kravce, Doozy, Pyiramide.