Форумџика на годината 2012 Епа, јас ги номинирав Мишелка, Бошамп (Beauchamp) и Мимс. Ми биле најмногу од корист, имаат корисни мислења, и ми помогнале. А мислења од типот на : сакајте ги блиските, почитувајте блабла, итн. баш и не ми биле од корист и обично ги скролам. Жалам што не можам да ги додадам и Луничка, интересна личност што ја читам со мерак, и Хипстер која исто така има корисни мислења и е посебно фина! И да не останам покуса, во темава има лигавење и лижење газој до небо! Чао!
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 И јас ќе кажам кои ги номинирав. Мишела, тедимече и ЛилБејби. Мишела е единствена со која имам пиено кафе, прекрасна девојка, знае секогаш да даде совет, тедимече ми е ептен мека душа, Лил ми е посебна, некако слична на мене, мила девојка.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 јас лично не номинирав никого,ама глдам вие девојки сте направиле одличен список на супер женски,сите кандидатки се 5-ка,но за жал мора да се гласа само за 3 а на крај секогаш победува нај добрата јас гласав за Лудото19,Марама и Трендафилка,е па ај со среќа на сите
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 поздравче форумџики мои иако не сум активна сепак не ја заборавам феминава и еве и јас да дадам глас- my 8 points go to julie77 10 points go to gordana10 and finaly my 12 points go to lilit сметам дека лилит треба да ја понесе титулата годинава,или гордана10 двете имаат огромна заслуга за форумот и квалитетни мислења. да можеше да се гласа за повеке би дала глас и за анатх,ариел,раинбоу,трендафилка,ама неможе само три збира,башка сум им дала по некој глас прошли години сум го одредила редот мегу номинираните гледам некои имиња шо воопшто не сум ги читала или тоа што сум го прочитала не било нешто квалитетно и забележливо,али чим се номининирани ваљда има причини за тоа п.с лани типував на пирамидка,и таа победи така да ако не ме лаже интуицијата лилит ке биде годинава
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Snow-Queen е мој фаворит девојката се труди активна е во сите теми според мене таа ја заслужува наградата
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Девојки ви благодарам, доволно е човек што ќе се види на оваа листа Многу поголем и поскапоцен подарок е тоа, од колку на пример да победи феминка и да добие подарок. Јас сум си малце така емотивец Благодарам уште еднаш и се надевам уште многу долго ќе си пишуваме на форумов. п.с. немам време сега...но и јас ќе гласам денес
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Јас кога би можела би гласала за сите на листата.Ама не може.Двете феминки за кои дадов предлог се во листата и за нив кликнав, третата воопшто не е влезена За третиот клик баш се размислував. Нека победи најдобрата
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Еве гласав иако не е на список мојата фаворитка ама нема везе,моите гласови отидоа за 1. Трендафилка 2. Сноу квин 3. Кравче поздрав и све најубаво.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Од токаво трудење со нетрпение ја очекуваме во темите на трудници Спојлер ...да се насмееме де малку инаку факт е дека оваа година Сноу највеќе ја имаше по темите
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 бидејки има листа на кандидати гласав за гордана...девојка која секогас е тука
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Нешто слично како што номинирав, Лилит, Трендафилка и Дози. Од секоја од нив, сум научила нешто, сум се насмеала, натажила,ме треснала од земја со некоја сурова реланост што ја имале напишале. И сееден ми е бројот на мислења, и каде пишувале, оптегот над целиот форум мене ни 1% не ми е важен. Битна е суштината на тоа што сакаш да го кажаш, не само да си го кажаш. Овие 3 според мене и те како ја доловиле суштината секоја на свој начин. Али тежок избор има,од доста квалитетни форумџики. И глупо е што ги дискриминиравме муживе, малку ни се, али ни се квалитетни. После само ќе кукаме дека цел живот они не дескриминараат, пф.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Ме немаше кратко, и си го пропуштив номинирањето. Сепак, мило ми е за тие што се нашле на листата, а истовремено ми е жал за некои кои не се нашле, а мислам дека требаше....!!!!! Не кажувам за кого гласам, да не испадне како улижување (иако лани си кажав), сепак затоа гласањето е тајно. Која и да победи ќе ми биде мило.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Тежок избор,има доста форумџики од номинираните кои редовно ги читам, но гласав за Дузи,Лилит и Трендафилка.Секоја посебна на свој начин и која и да победи сметам дека ќе биде заслужено.Со среќа нека ви е