ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Аууу, да знаев дека ќе бидам на листава ќе спремев капања... ама сега предизборен молк е, а? Ќе излажам ако кажам дека не се изненадив многу пријатно кога се видов меѓу номинираните. Најискрено воопшто не очекував, затоа што не сум многу активна годинава. Многу ми е мило ако моите мислења допреле до некого, или помогнале некому. Од друга страна, воопшто не сум изненадена што си ги најдов фаворитките меѓу номинираните . Фаворитот од разбирливи причини го нема. И не е само еден, мислам дека на машките членови на фемина треба посебно признание да им се додели, големо освежување на форумот и покрај тоа што нивниот број на мислења влегуваат во статистичка грешка Ама не било до кванититет, до квалитет било!
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Здраво срцки,јас гласав за сите по малце,се надевам дека победничката ќе победи и и пожелувам среќа и успех ок позз.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Гласано! Со среќа и да уживаме, зошто сите сме феминки - градителки на овој форум. Награда е и што виртуелно се знаеме, закачаме, помагаме.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Штета што не номинирав никого, ама ете битно гласав и тоа за Doozy, ljubam и Trendafilka. Со среќа на сите
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 И јас гласав... си исполнив административна-фемина-членска дејност и сега душичкава ми е раат
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Гласав за Aнабела,Љубам и Тренди моја... Анабела оти ми е инспирација за тоа како никогаш не се откажуваш,Љубам оти ми е како постара сестра и Трендафилка која ми е една од најдобрите интернет пријателчиња. А ги почитувам и како членови заради ставови,квалитет и присуство... И не ми е јасно,ако толку никој не се замара за ова и му е сосема ирелевантно,зошто се исполнија 17 странички толку брзо? Море важно ви е на сите само испод ви е да признаете... Мене например повеќе мерак ми прават реалните мислења на Лилит него ли оние накинџурени со епитети и фејк позитива за тоа како животот е убав и прекрасен и сите треба да сериме виножито и да се сакаме до безкрај. Тоа е реалноста и убаво е кога некој ке ти ја стави сурово на тацна...
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Јас ова истото го направив оваа година.Ама нели не треба да кликнеш Додај,туку само да и испратиш обична порака на femina? Оти ако стиснеш додај пораката ќе оди и кај тие членови што си ги додал.После тоа на гласањето мислев да видам прво дали може за една членка да се гласа па потоа другите две ама не бивало
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Јас си гласав и си завршив. Now it's time to wait . Нема да кажам за кој гласав, ама гласав за оние девојки кои ме расположуваа во текот на целата година, чие мислење и совет многу го ценам и гласав за според мене најиздржливата жена на светов што има многу доблести и што умее да ги пренесе своите вредности. Па сега вие погодувајте . Шала на страна, на листава би додала уште една девојка и би гласала за уште 2-3 ама тоа е. Ајде со среќа девојки, па нек се угоде.
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 си гласав и јас.......гласав за kravce,marama i Lilit.....со среќа девојки
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Јас си гласав за Анабел-а, Дузи и Калиопе. Анабел-а поради издржливоста, прекрасна личност е и е мој фаворит! Дузи - мераци е да ја читаш во СДК Калиопе - Толку сарказам на едно место, просто те обожавам! Твоите постови секогаш ме орасположуваат! Со среќа и на другите
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Јас гласав, не е битно кој ќе победи, битна е забавата. Секој има придонес во овој форум Нека победи онаа феминка која највеќе заслужува. Со среќа на сите
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Пфф, на брзање гласав, и не видов дека можело за три.. гласав за една.. А имав две за кои сакав да гласам. Пу јаз'к
ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2012 Гласав и јас. Не сум тука долго, ама од тоа што сум го читала си имам фаворитки. Нема да кажам за кои сум гласала, но кој и да победи, според гласовите до сеа што ги видов, ќе биде заслужено. All the best, and may the best of us win.