Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2013: Trendafilka

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 17 декември 2013.

?

Која форумџика ја одбележа 2013 година? (ВАЖНО: може да гласате за 3 форумџики)

Анкетата е затворена на 30 декември 2013.
  1. AnaKarenina

    103 глас(а)
    16,3%
  2. anabel-a

    82 глас(а)
    13,0%
  3. Abeja

    54 глас(а)
    8,5%
  4. Annath

    73 глас(а)
    11,5%
  5. Ariel

    34 глас(а)
    5,4%
  6. bittersweet

    76 глас(а)
    12,0%
  7. Doozy

    56 глас(а)
    8,8%
  8. Gordana10

    41 глас(а)
    6,5%
  9. Hipster

    83 глас(а)
    13,1%
  10. Ketrin.Moon

    89 глас(а)
    14,1%
  11. Lilit

    83 глас(а)
    13,1%
  12. lunicka

    79 глас(а)
    12,5%
  13. RainBow

    46 глас(а)
    7,3%
  14. Serafima

    70 глас(а)
    11,1%
  15. Sexybaby86

    28 глас(а)
    4,4%
  16. Shelea

    31 глас(а)
    4,9%
  17. Snow-Queen

    181 глас(а)
    28,6%
  18. teddybear

    38 глас(а)
    6,0%
  19. tessie

    63 глас(а)
    10,0%
  20. Trendafilka

    195 глас(а)
    30,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    На Neytiri, Annath и molikaMk им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.259
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    ^Чекаме официјална изјава од врвот. :rofl:
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Повеќе детали знам за животот на Сноу отколку за животот на сестра ми ...
    За мене напорен лик на форумов. Се сеќавам дека ги броев деновите до враќањето на војникот, во надеж дека кога тој ќе се врати таа ке успори :). Во еден мој пост дури го изнесов моето мислење дека “гуши“ и убедена сум дека 95% од девојките на форумов после тоа би објавиле војна, но таа го прифати тоа на голема врата (не дека престана да пишува по 100 мислења на ден, туку едноставно ми порача дека е таква), без прашина и со насмевка. Ете затоа девојките ја сакаат, непосредна е, се чуствува дека тука припаѓа, нема скриени мисли ...
    За мене форумски ликови оваа година се
    Серафима
    што и да пишам за нејзе малку е
    Абеја
    сурова, реална, симпатично дрска
    Дузи
    се радувам на секој нејзин пост...освен на последниот
    ...

    Со оглед на тоа дека за повеќето форумски лик беше Сноу, Сноу ти честитам :clap:
     
    На Snow-Queen и swrcii им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитки на Сноу за победата
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    [​IMG]

    Честитки до Сноу, иако не беше мој фаворит. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитки за сноу,џабе е крената галама ниту ке придонесе нешто во нашиве животи ниту ке одземе,гледам тесно беше до самиот крај сепак според мене трендафилка и сноу се 2 различни страни,различни муабети,различни животи затоа и двете имаат многу фаворити,јас обожавам двете да ги читам и за двете гласав :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Сеа па истите што ја кудеа и честитаат и кога ќе видиш џабе џавкарење. А админот што ја отвори темата го нема како по обичај. Масовна шизофренија.
     
    На Lella и baby-star им се допаѓа ова.
  8. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    ^Така оди тоа.
    Барем вие што ја напаѓавте не и честитајте,џабе е после сите навреди.
    Честито Сноу на победата.
     
    На tessie и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Просто ви се чудам како можете да се замарате за вакви безвезни работи, денек станува збор за Нобелова награда па ќе се потепате со докажување кој повеќе ја заслужил.
    Па ај овие децава до негде да ги сфатиш, немаат попаметна работа па нека се бунтуваат овде ама сите вие останатите притоа и возрасни кои што се спуштате на исто ниво со децава не сте ништо подобри.
    Смешно е, навистина.
    Мене лично ама ич не ме засега која ќе биде форумџика на годината затоа што всушност и самата таа титула според мене не е релевантна и не значи ништо. Оние кои што ми се од подрагите девојки пак ќе ги читам, пак ќе ми бидат најдобри и готово, незнам што се потресовте тука за некој си парфем и виртуелна титула, дефинитивно форумот некои го сфаќаат премногу лично.
    А пак најсмешно од се е што ни Сноу ни Трендафилка не учествуваа во препукувањето туку сите останати пробаа да истеруваат некаква си правдина овде. Ко жени на чешма!
    А што се однесува до форумот еве овде ќе си кажам дека децава по 12-13-14 години комплетно го преплавија и уништија, па нека се лутат и нека дигаат тензија колку сакаат, тоа е факт. Благодарение на нив одамна нема место за квалитетна дискусија и издржани ставови туку само тролање и отварање на безвезни теми, да не го спомнувам билдањето мислења и тоа што темата за цвеќенцето е најкоментираната овде.
    Па кога ќе сумираме се и не е така ласкава титула да бидеш форумџика на годината на еден ваков форум.
     
    На eloves, Anna-Banana, ilipili и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    :rofl: Не е можно дека сериозно си го сфатила тој пост :lol:

    Мене ниту најмалку ми беше гајле за гласањево, и цело време гледав повеќе сеир (си признавам), само еден посериозен совет и дадов на сноу да си го гледа бебето и само бебето и дека тие мигови не може да ги замени ниту фемина ниту било кој друг форум на светот.

    Честитки до Сноу за победата и нека не се потресува толку кој што напишал, секогаш ќе има различни мислења (мислам дека никој овде не ја навреди нејзе како мајка иако поединци сакаа така да изгледа, повеќе се коментираа реакции и однесувања), но повеќе сакам да им честитам на сите оние кои беа и кои не беа на листата а требаше да се најдат и благодарност до сите кои ја направија темава да биде забавна :rofl:

    Уште нешто сакам да признаам :lol: , кога ја отварав анкетава само гледав да имам повеќе гласови од една личност на која навистина не можам да и ги сварам мислењата, иако го напрегам секој неврон кога и ги читам, се исцрпувам и на крај ќе сфатам дека залудно сум ја читала. Нормално, нема да кажам која, иако она си има умислено дека е јака фаца на форумов која пали и гаси, а повеќемина и имаат кажано дека треба да си ги среди мислите пред да напише нешто.

    Оваа година на листата фалеше срцекршачка, никој нема муда да биде толку искрен како нејзе. Заслужува аплауз за искреноста :clap:

    А кога сум веќе тука, морам да ви откријам дека наградата ќе биде машина за перење (само што не знам кој бренд и од колку кг),бидејќи форумот доживеа експанзија како во дебатирање така и во квантитативно зголемување на членството. Се извинувам до Билката и до Михајло што ја открив пред време тајната, ама не можев да дочекам да се појават на форумов со официјална информација, знам дека се подготовки за нова година ама барем да се изјаснеа.
     
    На Nymeria, ilipili, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Сноу Квин, прво нека ти е живо и здраво синчето, големо да расте, да биде здрав како дрен и меден. :)

    За форумџика на годината искрено ќе излажам ако ти честитам, а сакам да си останам доследна на себе, па нема да го сторам тоа, од едноставна причина што сметам дека не заслужуваш.
    Не сакам да елаборирам зошто, зашто и не е којзнае колку важно, убаво кажа некој - не е ова Нобелова награда та вака да се потресуваме ко малоумни.

    Да не си го упропастуваме убавото празнично расположение и плус ти си тазе породена, па си кревка, а ова колку и да изгледа интересно, наивно и смешно како некој вид избор, прилично многу напнува кога во секој втор пост си го читаш името прозвана на тапет и под лупа, како некој воен злосторник.

    Во тој контекст сакам да ги замолам сите девојки во иднина да не ме номинираат и гласаат. :)
    Мојот ред помина и други квалитетни ликови кои заслужуваат треба да добијат време и простор тука. :)

    Ви благодарам на сите за многуте гласови, јас искрено и од срце кажувам дека крајно се изненадив, а посебно ме насмеа Јипмен, :D кој самоиницијативно се назначи за мој кампањ-менаџер :D и успеа да ме развесели во сите тие сиви магливи денови. Јипи друже, ФАЛА за смеата и дружбата. И фала ви на сите останати. ^_^ Да си ја продолжиме виртуелната дружба и понатаму, споделувајќи ставови, мислења и дебатирајќи на квалитетни теми.

    Ги номинирав Лилит, Тедибер и АнаКаренина, а гласав за првите две и Луничка, така ми дојде во моментов, знаев дека Каренина ќе има многу гласови, а Луничка ми е многу силен, квалитетен лик, со приказна и поента...

    Потајно се надевав за победа на Битерсвит, затоа што ова беше нејзина година на форумот, но подеднакво ќе бев среќна ако наградата отидеше кај АнаКаренина, Хипстер или Луничка. Позаслужни од овие девојки нема според мене за форумџика на годината. :)

    На сите Ви посакувам искрени и топли желби за Среќна нова 2014 година. :hai:
     
    На SparkyAngel, Hipster, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.056
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитам Сноу, богами мнооогу време од животот посвети на форумов. Браво како издржа, особено се сеќавам на еден период кога сите те напаѓаа, а ти остана силна. Не се сеќавам за што беше, ама од тогаш почнав да те читам редовно, бидејќи знаеш да опстанеш кога другите напаѓаат.
    Трендафилка веќе еднаш беше форумџика на годината, и тоа годината кога за зачленив јас, така што мислам дека е во ред некој друг да биде годинава.
    Малку ми е невкусно откако некој ќе изгуби, на побеникот да му каже дека не заслужува победа. Во такви случаи се пружа рака, а не лутина. Не беше наместено за да се рече дека е пирова победа, незаслужена, глупава.
    Било што било, да знаев дека фрижидер ке даваат за онаа која ќе победи, а тоа се 20 000 денари, отприлика, а тоа е цела плата моја, ќе се потрудев, ама еве за 2014 ке се помачам за да добијам награда. Напоменувам дека шпорет сакам.
     
    На cresa-jagoda и Abeja им се допаѓа ова.
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитки Сноу, заслужено :*
     
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитки, Сноу!
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    22.692
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Честитки до Сноу. Ни ми беше фаворит, ни ми беше номинирана, ни па гласав за неа, но ме изненади реакцијата на некои полна со омраза, отпор и навреди кон неа.

    Си има луѓе кои фино си образложија зошто не ја гледаат таму каде што е, што почитувам како различен став, ете ниту јас не ја гледав таму, во спротивно ќе гласав, a во другото мислење и пишав зошто не би ми пречело Трендафилка да победи, но забележав и силни фрустрации, навреди, копања по мислења, коментирање на туѓи животи. Тие што упорно докажуваа колку на Сноу и` било битно гласањето, само покажаа колку ним не им е сеедно од икс причини.

    Личноста е навистина позитивна, барем според она јас што сум можела да го видам. Си има одредени приоритети во животот и ним со поголема страст им се посветува. Си има и маани, кои што едно е на незлонамерен начин уз смеење да се продискутираат, како и за секој од нас кој еднаш или повеќе пати во животот си е жртва на незлонамерно оговарање пример, а други се екстремностиве во кои некои отидоа. Јас не сум видела каде таа некого од нас навредува или слично. Да се спречкаш за различен став, да, но толку далеку, до навреди одење, нема отидено.

    Па што... Сакала внимание... па што... горе долу тука сите го сакаат, а таа го покажува тоа на многу посимпатичен начин од некои... Се отварала на форумов, па што. Убаво е човек кога сака да сподели радост со некого. И на другана тема еднаш ја напаѓаа поради нејзиниот број на “неквалитетни мислења“. Немаат сите среќа да бидат благословени со повисок стил на изразување. Ете, некако, годинава привлекла внимание на повеќето и тоа не е нејзина вина.

    И ниту ја испровоцираа, ниту извлекоа навреди од неа, туку со нивни зборови, им покажа какви се, секоја и` чест.

    Што се однесува до изборот, мене непријатно ме изненадува слабите (според тоа какви ликови се тука) гласови кои ги добија одредени форумџии, пример Хипстер или Серафима. Но, ете, не дискутирам за туѓиот вкус, фокус и впечаток. Мене тие ми се мои форумџики за 2013 година и тоа никој не може да го смени.

    Искрено за мене многу пријатно се изненадив. :) Не очекував ни да бидам доволно пати номинирана за да се најдам тука, а уште помалку дека сум оставила убав впечаток на толку членови. :f: Не чувствувам дека имам придонесено колку гореспоменативе, туку форумов ми е место за дружење, издувен вентил и да дадам по некој совет каде се чувствувам компетентна. А од нив, јас и те како многу имам научено.

    Ај поздрав. :)
     
    На Hipster, Someonespecial, Emotional123 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Абе има фрижидер и фрижидеееер со различна зафатнина, само што јас од сигурни извори дознав дека е машина за перење. А и мислам дека машина за перење подобро ќе и се најде на Сноу, сега ќе треба да го пере синчето. Машина за перење е закон, барем јас си признавам колку е драгоцена таа машина.
    Секако дека нема веднаш да кажат админите, сигурно Михајло сега трча по продавници бара машина на повеќе рати да ја исплаќа.
    И мене ми е смешен изборов и целава галама, ама секогаш секој фер играч треба да му честита на победникот, како што кажа и Cka. ;)

    Тргнете ја веќе анкетава, кога ја отварам странава се сецнувам, одма во гласовите гледам дали има покачување :rofl: :rofl:
     
    На MacenceEna, Cka и tessie им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Кој рече дека јас се карам ? Еве досега ме немаше... 8)

    Две изреки да кажам најпрво:
    -Нека победи подобриот !
    -Кој губи, има право да се лути. :)

    Ни еднатa, ни другата !!! :^)

    Ниту Сноу, зошто побитен е квалитет отколку квантитет.
    Ниту Трендафилка зошто не честита победа, дека не ја заслужила... Извини, а ти демек ја заслужуваш? Јас мислам дека јас ја заслужувам ! :wasntme: Колку нефер од твоја страна, можеше да речеш: Сноу, не требаше да победиш, но ти честитам. :!: Ме разочара ова од тебе, навистина не очекував... :x

    Вака, сите си ги покажаа роговите...а некои членки немаат осет при користење иронија... :fubar:

    Според мене имаше членки како Хипстер, Ана Каренина, Викторија555, Кетрин Мун, Карина8, Каренин и др. не ми текнуваат сега кои се чести по темите, помагаат, советуваат, имаат квалитетни мислења многу повеќе од некои други.
    Јас последниве месеци од многу кои ги идеализирате немам сретнато мислење одамна низ темиве... :^)

    Преочигледна е потребата од тема за Критики и Забелешки (кое упорно се игнорира), да биде испуштен вентил, за сите нервози, неправди, фрустрации да се истураме таму, а не вака, одвај чекаме прилика за да се направиме лом. :!:

    И за крај, честитки Сноу, ти посакувам убави моменти со бебето и семејството. Немој да се обзираш на негативните коментари. Секој човек дава и кажува тоа што има и што знае, не можеш да очекуваш повеќе. Сепак ти чесно си победи зошто гласовите си го покажаа мислењето на мнозинството. :*
     
    На tessie и baby-star им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.199
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Силвер... напорна си периодов. Вака отворено да ти кажам.
    Сите ги оправаш и шириш демек правда, демек сите саркастични критизери, па уште и иронични, а малце себе си да си се погледнеш не ќе да биде лошо.
    Адвокат на сите страни со критика за сите, а уствари ти ништо поразлично не правиш. Ај да речеме у право си, па го докажуваш тоа со некое поинакво однесување... се чини сакаш само публика.
    Ти не ги оставаш луѓето на раат кој што сака да прави, а збориш за нив. |( Боже напорна жено.

    Билката е во преговори со Дедо Мраз. Не сака да го даде поклонот, зошто не сме биле умни, затоа уште немаат прогласено победник. :(

    Или оптимистичкото сценаријо - отишла да го врати саатот за некој бебешки подарок.
     
    На andromedae, MacenceEna, SnowWhite91 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Темава дава совршена слика за состојбата на форумот, а и не само на форумот, ама добро...
     
    На Domino, Hipster, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ГЛАСАЊЕ: Форумџика на годината 2013

    Лилит, досега само во една тема те прочитав и ти реплицирав (темата за ЛАЈЛА, твоја одмилена изгледа) и јас наеднаш ти станав напорна жена ??? :fubar:

    Извини девојче, ама јас ПРВ ПАТ денес пишав во темава по повод карањево, а ти досега имаш НЕКОЛКУ саркастични постови !!! И сега кој е напорен ??? :x

    И претера со оваа иронија, бебешки поклони, памперси... :puke: Без осет си.

    И молим те, реплицирај им на други, 20 страни имаш наназад, не знам што се фати за мене ??? :swear: Во случајов јас тебе ќе те наречам напорна !!!

    ****************************************************************

    Јас ниту ја номинирав, ниту гласав за Сноу. Зошто знаев дека ќе е во првите, сакав да гласам за некои други. Но навистина мило ми е што победи. И бројот на гласови си кажува се. Самите ние ја изгласавме. А, сега на некој ако му е криво што не е тој прв, негов проблем.... :)
     
    На Jenniffer и baby-star им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.