1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2013: Trendafilka

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 17 декември 2013.

?

Која форумџика ја одбележа 2013 година? (ВАЖНО: може да гласате за 3 форумџики)

Анкетата е затворена на 30 декември 2013.
  1. AnaKarenina

    103 глас(а)
    16,3%
  2. anabel-a

    82 глас(а)
    13,0%
  3. Abeja

    54 глас(а)
    8,5%
  4. Annath

    73 глас(а)
    11,5%
  5. Ariel

    34 глас(а)
    5,4%
  6. bittersweet

    76 глас(а)
    12,0%
  7. Doozy

    56 глас(а)
    8,8%
  8. Gordana10

    41 глас(а)
    6,5%
  9. Hipster

    83 глас(а)
    13,1%
  10. Ketrin.Moon

    89 глас(а)
    14,1%
  11. Lilit

    83 глас(а)
    13,1%
  12. lunicka

    79 глас(а)
    12,5%
  13. RainBow

    46 глас(а)
    7,3%
  14. Serafima

    70 глас(а)
    11,1%
  15. Sexybaby86

    28 глас(а)
    4,4%
  16. Shelea

    31 глас(а)
    4,9%
  17. Snow-Queen

    181 глас(а)
    28,6%
  18. teddybear

    38 глас(а)
    6,0%
  19. tessie

    63 глас(а)
    10,0%
  20. Trendafilka

    195 глас(а)
    30,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ова го имаше секоја година,освен лани,заборавиле да пишат,ама се подразбира.
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Честитки и до двете, со здравје да се служите и за убаво да ги носите. Сноу честитки и за синот, да е жив, здрав, паметен и убав, да ви донесе многу радост.
    Сепак на крајот ферски се доделија наградите, според вистинските гласови, што беше најважно, да нема ујдурми како кај парламентарните :D.

    За одредени членки ќе апелирам да се воздржат од употреба на тешки зборови за како тоа некој мразел некого или кој треба или не треба да честита, среќна ви нова и догодина дај боже да созреете и попаметни да се вратите, па за понапредните и да ја сфатат која беше поентата на овој куршлус наместо да измислуваат приказни за лична одмазда и љубомора меѓу членките. Разбирам дека има многу деца помеѓу вас, ама децата се деца и на нив не може да им се замери, апелот е до тие големите деца.
     
    На Snow-Queen и LilBaby им се допаѓа ова.
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Значи не ми се верува какви драми се случија за еден часовник. Се искаравте,се изнервиравте,ви се изнасмеаа итн. Не застанувам на ничија страна од чиста причина затоа што мислам дека за никого не треба да се нервирам и да се карам со останати личности,па посебно не на форум затоа што не ги познавам,тоа што им ги читам мислењата не значи дека ги знам. Исто ке ми беше кој и да победеше затоа што сите сме различни личности,имаме различни мислења и секој заслужува нешто.
    Ви честитам од се срце и на Трендафилка и на Сноу (воедно честито и за синчето),со здравје да си ги носите часовниците што мислам дека не беа вредни за карање и за расипување на пријателства тука. Среќни празници. ;)
     
    На Snow-Queen, Gordana10 и Elena69221 им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.450
    Не може правило да се „подразбира“ да е ставено како правна пракса или обичај, во случај на материјална корист. Еве да речеме, иако сум над три години на форумов, во име на муабетов, да сум се регистрирала во јануари оваа година. Правилата од лани не ги знам, не ми ги ни кажале со новата тема. Зарем не сум обесправена во знаењата на правилата? За мене пишува таму, секој член, од кај да знам дека има класификација на нови и стари членови? Ако ја имаа таа забрана, тогаш требаше да им бидат забранети гласовите на почеток или со самото гласање. Од каде јас или било кој друг, знае точно чии гласови се избришале, и колку? Ако овде право да брише гласови има само еден, а ние немаме увид, при што тој може да дава подароци веднаш после негово самостојно и тајно бришење, зошто воопшто некој гласал? Нека фане нека си гласа и нека си даде подарок! Ние сме публика тука?
    Сноу од Пустец ги носеше гласовиве?
    Да завршам, правилата за игра се кажуваат на почетокот на играта, не на крајот. И не можете да се повикате на друга слична тема. Тоа е ДРУГА тема.
     
    На Snow-Queen, Silver.E, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Па не се бира форумџика на годината прв пат,како другите знаат за правилото.Инаку се си мислам дека работава е оти Сноу не победи,па сега се повикувате дека наместено е за Трендафилка,оти не е покажано што како е бришано.Нема потреба да тераме дискусија повеќе,секако и двете си добија часовник. Среќни празници :)
     
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Честитки за Трендафилка. Не гласав за неа од причина што знаев дека веќе има земено награда и сакав оваа година да биде некој друг. Како и да е премногу и се восхитувам и нема шанси да скокнам нејзино мислење, поздрав до неа и со здравје да си го носи часовникот.
    Мои фаворити оваа година беа АнаКаренина, Лилит и Анабела.
    :hai:
     
  7. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Честитки Сноу и Трендафилка. :* :*
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Форумџика не ама Форумџики за прв пат е годинава треба изгледа да се преименува :D Не беше наведено и дека две добиваат награда тогаш уште понапето ќе беше :lol: Што значеше утешната награда не ми е јасно. Што дека едната победила а другата не и двете си добија иста награда им е гајле сега, а другите ќе си гледаме сеир тука. Btw Честитки!
     
  9. Spectre

    Spectre Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    74
    Јас оооооооодамна го следам форумов и конечно решив да се зачленам гласав за трендафилка и сноу-квин во исто време затоа што компарација помеѓу нив не можам да направам ама ете гледам гласовите ми се одземени.Добро администраторите испаднале фер и им дале на двете награда.
    Што да кажам освен честитки и до Трендафилка и до Сноу-Квин со здравје да си ги носите часовниците.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не е за прв пат мислам дека и претходната година три добија часовници. :)
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    А нели ви кажав дека сеуште е неизвесно, хахаха,не за џабе михајло ми е братучед охохохо не бе се шалам тетин ми е и ми кажа дека не е се како што изгледа.

    Од една страна, добро е што вака ве сецнаа па секој си го покажа лицето.
    Голем МИНУС до админите, без љутиш, ама ако поставувате правила требаше да бидат наведени во оваа тема а не што биле наведувани пред 2-3 години, тоа така не оди, па и во политички избори однапред се знаат правилата.
    Не може после свадба тапани.
    Не може да затвориш гласање па после тотално да менуваш резултат. Како утакмица меѓу Милан и Јувентус да заврши 0-3 па после натпреварот да речат не бе 1-1 беше ај на двете екипи по еден поен. Сигурна сум дека постоела некој опција да се забрани новите членови да гласаат, како што сте забраниле за новите членови пристап во скриено катче, така можевте и овде и ниедно "ама" не ве вади од кашата која сами ја замешавте. :rofl:
    Барем да си признаете дека направивте еве не каша попара ама качамак секако.

    А јас сум непријатно изненадена од нечии реакции, да му се каже на победникот дека нема намера да му честита бидејќи не заслужил? :tmi: Премногу себично однесување, се изненадив.
    Наспроти тоа Сноу без разлика колку некои мислат дека немала квалитативни мислења, мирно го прифати и второто место и не рече ништо што би отсликало лутина и гнев и себичност и неприфаќање на поразот. Можеби во тоа треба да ја видиме нејзината големина. Несомнено е дека нејзиното срце нема место за навреди и гнев, барем не го искажува тоа.
    Можеби јас истапувам со сарказам и сакам да си фаќам сеир ама не можев да се впуштам во толкави навреди кон било кој. А цело време читав кој со кого и што.
    Мислам дека не требаше промени во конечното салдо после се и сметам дека ова е голем пропуст па и СРАМ за форумот. Од каде да знаеме ние кој и за што се зачленил на форумов, ете и Артемисион заприметила дека во просек има 20 нови членови дневно. А можеби некој знаел дека ќе биде номиниран па си спремил лажни профили пред да почне гласањето. Значи старо-новите правила почитувани админи, не ви држат вода.

    А уште од стартот на номинирањето вие погрешивте, кога веќе можеа да кажуваат кој за кого гласал, можеше и јавно да биде номинирањето, па да се преброиме сите, нели?
    Не ми е јасно како некои толку активни, скромни, паметни, интересни членки не се најдоа во конечната листа, немој да ми замерите ако некого испуштам, ама ете тука се даничап, кравче, моира, лолита, славица, амбрела..од кои јас уште веднаш би избрала најфорумџика. ;)

    Честито за двете победнички и треба да стојат две имиња за најфорумџика ако мислат админите да играат на карта-фер избори.
    Се надевам дека во иднина ќе се извлече поука од овие непријатни ситуации и ќе се научи да се прифаќа и победа и пораз и ќе се воздржуваме од било какви навреди.
     
    На tessie, Espadrila, Silver.E и 8 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    ^А ова демек админиве ги наместија форумџикиве сакаш да кажеш?
    Каква корист би имале они од тоа некого да стават на листата, а некого не?
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Cka, како да не го сфати човек лично кога од сам почеток си ми се втурнала со оваа бесмислена хајка... што не е јасно, се обидувам да се изразам најјасно што можам, слика да нацртам треба ли?

    Други квалитетни ликови намерно ми е болдирано, зашто за мене Сноу Квин не е квалитетен лик и токму од тие причини не заслужува победа. Не ми сторила ништо лошо, напротив, има некоја очајна потреба да се допадне секому, а за мене тоа и не е некој сјаен квалитет.

    За мене најголем човек на крајот е оној кој не лицемери, не лиже задници и си ја кажува вистината.
    Сега со кој памет јас да пружам рака и да честитам победа некому, кога не верувам во тоа што го кажувам и правам? Чисто од куртоазија или од страв - што ќе речат таквите како тебе поради мојата постапка или дали ќе ме наречат себична? Мислам - себична??? Дали читате што пишувате?

    Јас немам страв, немам потреба да се допаднам секому и се водам по мои принципи што барем досега, не ме изневериле.

    Сте се запнале зошто не сум и` честитала победа на Сноу Квин и се обидувате да ме претставите како некое чудовиште кое зеленее од љубомора во некое ќоше... мислам господе боже, жално.

    За илустрација, лани ја номинирав Дузи, ја бодрев сето време, си пишувавме цела недела пораки двете, се смеевме како изборот беше јо-јо :D , а на крајот кога победи (фер победа) срцето ми беше исполнето и бев вистински среќна, затоа што беше апсолутно заслужено.

    Оваа година не чувствувам ниту трошка од тоа за Сноу Квин. Па зошто би лажела, упатувајќи и` лажни честитки? За да испаднам поголем човек во вашите очи? Не реагирам јас така. И жалам ако сум нарушила нечија слика. Тоа е.

    ~~~
    Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои гласавте за мене и ќе повторам дека е вистински доста. :) Ви благодарам од срце.
    Целата оваа грда ситуација направи еден обичен и интересен настан да се изобличи во невидено фијаско и шарада.

    Мене ми е драго ако ви се интересни моите мислења, сте се пронашле во некое, ви помогнало, ве насмеало... има една членка на која сум и прилично антипатична, а чувството е взаемно верувам, :D но еднаш ми напиша ЛП дека ме почитува и покрај тоа што не и` се допаѓам, затоа што некое мое мислење од минатото ја натерало да донесе одлука која и го променила животот на подобро.

    И тоа е многу поважно од избори, часовници и такви ми ти глупости.
    Кој разбра - разбра.
     
    На eloves, lolitoo, Domino и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.450
    И мајка да ми беше, ке ти кажев дека е невкусно однесувањето. Според мене, оној што губи, треба да се повлече и да честита, не да се лути дека друг победил, а не требало. Мене ич не ми е битно кој победил, два момента беа лоши. Првиот, твоето однесување со потценување на постовите на Сноу оти тогаш те победила, а после и менувањето на бодовите без да се кажат правилата.
    За вакво натпреварување, со менување на правила во последен момент, каде што има материјална награда, јас би се откажала од наградата.
    Сакам фер плеј со позитивна енергија. Хејт оти друг победил и менување на правила пред прогласување - дно дна.
    Па....мислам дека знам, ама не е битно :)
     
    На baby-star, tessie и Lella им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А мене не ми е јасно како Трендафилка, или Сноу, или Анат или која и да е, губи?
    Сами се номинираа па да губат? Сами се пријавиле?
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596


    Знаеш ли колку многу НЕВКУСНИ, ама вистински невкусни и недолични работи имаше низ целиот овој фамозен избор, ама моето воспитување и култура не ми дозволуваат да се расприкажам, па си го прекасувам јазикот, ете така фино. Сум се лутела дека некој друг победил? Како бре лани не се налутив кога Дузи победи? Или Пирамид?
    И никакви баш никакви провокации нема да ме натераат да земам да елаборирам, зашто тоа е дно-дна, како твојов психолошки профил што ми го удираш на мене.
    И од каде знаеш дека јас веќе не сум се откажала од наградата?

    Секој обид од моја страна да ви се правдам зашто сте убедени дека не знам да прифатам пораз е залудно потрошено време и не планирам да го правам тоа.
     
    На mal.ecka, Bozica1980, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Честитки за Трендафилка, една од (за жал) малкуте комплетни и автентични форумџики.
     
    На Bozica1980, angelina1, Shelea и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Девојче да не гледаш премногу Law And Order?
     
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Со Abeja и Cka потполно се согласувам. Прво гласовите покажуваат дека Сноу победила, после Ама не, вака е, онака е.
    За мене не е победник оној кој јасно му кажува на другиот дека не ја заслужил победата. Пак не биди си ти љубоморна и лутка, ама во очите на другите таква изгледаш. Мислам дека колку и да мислиш дека не е заслужено, треба да честиташ. Далеку од тоа дека Трендафилка не заслужува, нема да се повторувам, сосема заслужено, ама јас не би сакала лично 10 години цело време таа да победува, колку и да заслужила.
    Според мене, Сноу имаше повеќе право да се лути зашто според непишано правило и ги земаа гласовите, но сепак најкоректно изреагира додека Трендафилка сите знаеме што направи.
    Сноу ја заслужува наградата, можеби не е толку квалитетна како Трендафилка, ама пак затоа е секогаш позитивна. Во едно претходно мислење реков дека не е се’ до квалитетот.
    Еве да ја земеме Лилит за пример (извини, морав да земам пример)... Номинирана е за феминка на годината, можеби заслужува и има одлични ставови, мислења и така натаму, ама мене ми е одбивна за читање зашто нејзиниот стил не ми се допаѓа. Ми делува како многу негативна личност. Мислам дека негативните не треба да се најдат таму. Не дека Лилит не требала да се најде таму, туку дека дека Сноу се нашла таму дека е позитивна и оптимист, можеби не за квалитетните мислења, ама е многу пријатна и фина.
    Ти честитам Трендафилке, заслужено е, навистина, иако Сноу ми беше фаворит.

    Јипмен, овојпат не замерувам, можеш да ставиш уште 365 мемиња на кои се наоѓа девојче кое ја пали куќата зашто не гласале за Трендафилка. |(
     
    На iHeartVintage, vickyy90, Rubiii и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Навистина не беше умешно изиграно она со менување на гласовите и правилата во последен момент... Шо ќе фалеше од старт да се наведеше тоа? Сега некако, колку и да е регуларно, не изгледа океј и не можат девојчињава да се израдуваат на победата. Тие што велат сега дека немало потреба од споменување на истото, не знам колку би го велеле тоа да беше обратна ситуацијата.

    Нејсе, не гласав за никоја од нив, а кога беше тесно, навивав за двете и “највеќе бев во право“ :lol: затоа што и двете си беа испочитувани на различен начин.

    Snow-Queen ваква-таква, мошне достоинствено изреагира на целата оваа ситуација. Иако сум постара од неа, не верувам дека така зрело ќе изреагирав, браво.

    Честитки до 2те :) Се согласувам дека Трендафилка ја одбележа на свој начин секоја година, а особено оваа кога нејзините интересни ставови околу разни прашања може да ги следиме и преку нејзините колумни кои редовно ги читкам. :)
     
    На Lella, Rubiii и Cka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.