Форумџика на годината 2014: AnaKarenina

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 25 декември 2014.

?

Која форумџика ја одбележа 2014 година?

Анкетата е затворена на 29 декември 2014.
  1. AnaKarenina

    213 глас(а)
    40,8%
  2. Annath

    73 глас(а)
    14,0%
  3. bittersweet

    109 глас(а)
    20,9%
  4. Daleron

    95 глас(а)
    18,2%
  5. Lilit

    112 глас(а)
    21,5%
  6. lunicka

    97 глас(а)
    18,6%
  7. mims-89

    119 глас(а)
    22,8%
  8. Serafima

    141 глас(а)
    27,0%
  9. Someonespecial

    78 глас(а)
    14,9%
  10. tessie

    143 глас(а)
    27,4%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Знаете што @AnaKarenina заслужува во секој поглед и по самото гласање се издвојува од останате.
    Само не знам дали часовникот е соодветен подарок, треба да се следат постовите и кој што заслужува да му се подари. Инаку се е во ред досега. Транспарентни избори си имаме без на ти го дај ми го.
     
    На anina и vinozito1 им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    И јас го прашав истото претходно,односно за каков инцидент станува збор и сега сфатив.Прочитав многу стари мислења и сега знам за каков инцидент станува збор.Минатата година мислам дека Трендафилка беше форумџика на годината и децава незадоволни,сакале снежната кралица да им биде и истотака дознав дека Трендафилка веќе не пишува на форумот само поради тоа.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    11.636
    На Someonespecial, lunicka и Daleron им се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Абе, па и часовник да е, супер е, кај подарок ви даваат, па не го сакате (facepalm) освен тоа не напишаа дали е часовник :D :P Подарок не се одбива :fubar:
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981

    Морам да се согласам со ова.:sweat:

    Часовникот што мене ми пристигна е прекрасен, се гледа дека е скап и е навистина квалитетен, некој што се одбира троа одма ќе познае дека не е евтина копија. Но јас ниеднаш го немам носено токму од таа причина. Реално, студентка сум и се движам во кругови каде што нема секој Кавали саат од којзнае колку евра, па некако не ми се вклопува во околината. Да не споменувам дека часовникот е ОГРОМЕН, паѓа во очи веднаш, нема шанси да не го забележиш. Како што се движам по кафичи, дискотеки, автобуси (меѓуградски, градски), мислам дека некој ќе ми ја исече и раката за да ми го дрпне.:D

    А морам да признаам дека донекаде и не го носам да си ја задржам анонимноста. Да почнам да го носам се кладам дека барем 10 од тука ќе ме сретнат во маркет, во кафич, во автобус... Затоа, дајте им нешто што ќе искористат максимум.

    Мене ова ми е убав спомен, не би го менувала, ама ете, така си стои.:?:
     
    На Hipster, tessie, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    101.399
    Пол:
    Женски
    Јас како третопласирана од позади сакам шоља за кафе со логото на Фемина, книга и пакет производи од ДМ.
    Па и трета пратиља е успех.
    Дали од напред или од позади не е битно.(hollest)(hollest)(hollest)
    :rofl:
     
    На SV1911, sanjaeva, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Јас сакам од позади и се надевам на задница.
     
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Дај бидете озбилни како и секогаш, да не ве карам :P.Еве нов предлог од мене Лап топ за победничката,(wfh)
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ај мор виножито, кој ти кажал дека сме секогаш озбилни? :P Кој те излажа, богати? Е ако де, лап топ, шчо имат на репертоар, тоа :D
     
    На Daleron и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Aham ijas razgleduvav nesto pa neznaev bas se konkretno zatoa sakam tuka sekoj da kaze po nesto i ke doznaeme bas se heh
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Најпрво да ви се заблгадорам за номинациите, навистина не очекував да се најдам на листава на гласање, а уште помалку пак да бидам 4та на табелата како што видов и добијам толку многу гласови. Навистина ми е мило што сум ви оставила таков впечаток затоа што никогаш не сум пишувала со намера да се допаднам некому. Уште помило ми е што со некои совети сум успеала да помогнам некому, тоа е и целта на форумов да си се испразнуваме и да се советуваме, мислам тоа е мојата причина, заради тоа сум тука.

    Сеуште си стојам на ставот што си го искажав на првите страници на темава дека не се согласувам со овој начин на избор и гласање, тоа што сум номинирана тука не значи дека сум го променила мислењето. Сепак гласав за една членка од листата (нема да кажам која) најмногу за да можам да ги следам гласовите инаку не верувам дека ќе гласав.
    Е сега зошто не се согласувам и зошто сметам дека не е правилно. Ќе земам за пример неколку форумџики од листава за да објаснам. Секој си чита различни категории кои го интересираат, никој на форумов не ги чита сите теми. Ана Каренина јас конкретно ја читам само во „СДК„ и во „Литература и Уметност„, Серафима само во Фемина Инстаграм итн. Јас искрено нив не би ги гласала поради тоа што не сум ги сретнала и во останатите теми кои ги следам. Повеќето од номинираните ги читам низ многу теми. И сега нормално е дека кога читаш само одредена категорија да си номинираш и да си гласаш член кој си пишувал во категориите кои си ги читаш. Далерон на пример секаде ја има, во секоја категорија сум ја сретнала и во дискусии и во СДК и можам да стекнам некој впечаток за неа и да ми остане во глава како активна во многу теми, според тоа можам да бидам и објективна кога ќе дојде ред за вакво нешто. Не сум ја сретнала само во една тема туку во многу. Ама тоа неможе да го направи некој што чита само во категорија Мода на пример, затоа тука е Фемина која според рејтингот и бројот на мислења може да направи статистика за тоа кој колку мислења напишал и колку од тие мислења била корисни (нели според бројот на допаѓања). Поради тоа сметам дека со избор на ваков начин нема објективност и некако не ми е правилно штознам како да кажам. Не дека го оспорувам изборов или дека нема да го признаам победникот, значи нема такво нешто. Чисто сакам да ви кажам колку би било поправилно доколку Фемина сама си одреди најфорумџија и го награди ако смета дека така треба. Ова ми е некој вид на натпревар, ок забава е, интересно е ама ми е некако нерално. Нема врска само сакав да си кажам што мислам и како мислам дека треба да биде. Најфорумџика според мене би требало да биде онаа која е активна во сите категории (ок немора баш во сите), напишала најмногу мислења во текот на годината (освен оние кои не се бројат секако во Игри и Кафе Муабети) и чии мислења (кои се бројат) добиле најмногу допаѓања во текот на таа година.

    Друго ве читам за наградите. Демек наградите ќе придонеле за мотивација да се пишуваат квалитетни мислења. :^) Да? Значи цела година треба да лажеме и да измислуваме мислења и ставови за тие да изгледаат како квалитетни иако тоа не го мислиме и чувствуваме навистина. Значи пред да седне некој да пишува треба да прогугла малку да добие инспирација, после тоа да гугла некои нови стручни зборчиња и на крај да склопи таков текст после кој сите ќе останеме со подзината уста и ќе го сметаме мислењето за квалитетно, а членот ќе го гласаме за најфорумџија. Мене ова ми е тотално без врска, сега ме тера да мислам дека некои членови баш поради вакви работи пишуваат реферати. Којзнае дали ќе пишуваа ако немаше награди, испаѓа работава. Ајде сега пак кога веќе се доделуваат награди зошто тоа да било саат, зошто да било парфем, па дајте нешто што ќе му користи на членот па ова па она. Што е битна наградата? Вие сите тука сте за награди? Искрено одбивам да верувам дека некој тука пишува заради наградата за форумџија на годината.
     
    На Mimi123, zalosna, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.255
    Допаѓања:
    67.803
    Пол:
    Женски
    Јас мислам стан да се додели најубаво ќе биде, најверојатно тогаш сите ќе бидат задоволни од наградата.:bandit:
     
    На zalosna, cresa-jagoda, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Мислам може и палата некоја :wasntme:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    98.957
    Го следам изборот, номинирав и гласав, моите 3 номинирани се и во потесниот избор, така да пак за нив си гласав :wasntme:. Сите кои се на листата за гласање заслужуваат да се најдат таму, тоа стои. Ама мене ми се многу патетични говорите кои што ги држите вие номинираните, немојте да ме сфатите за зло. Па не требало јас, па тој требало, тој повеќе заслужува, па ајде другите ама не не, тебе местото ти е заслужено тука, ти така, ти овака... мислам стварно... Сега луѓето се потрудиле да ве номинираат, да ве гласаат, а вие правите драми од скромност, како мисиците размрсулавени кога ќе ги прогласат, па држат долгометражни потресителни монолози:yawn:.
     
  15. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    @mims-89 гласав за тебе од причина што ми се допаѓа тоа што го пишуваш. Често делиш супер корисни совети.. од козметика па се до рецепти и, иако ни ти не пишуваш во сите теми, ти го читам секое мислење. Едноставно интересна си ми и очигледно си сакаме да читаме исти теми. Но, со ова што го напиша воопшто не се согласувам.
    Пример тие што пишуваат во секакви теми ( знаеме отприлика кои се тие) ми се баш одбивни така што редовно си ги прескокнувам. И општо не сакам луѓе што сегде ги има и во се што се "разбираат".
    И не е точно дека Ана пишува во одредени категории само т.е во тие што ти ги наброја. Често ја има и во домашни миленици, патувања, серии и филмови,омилени продукти и сл. да не набројувам сега. Може најмногу си ја запамтила по СДК затоа што и се најсодржајни и највпечатливи тие мислеља, но и тоа е и целта на темата. Не знам, може пристрасна сум спрема неа пошо ми е олтајм фејворит на форумов али баш сметам дека годинава заслужено ќе си победи.
    И не се согласувам дека фемина треба да одбере победник. Ако почне да води статистика кој колку напишал, ќе се потепаат децава кој поише да напише. Ние сме тие што го читаме форумов и што им носиме профит од посетеност.
    А за наградава малце претеравте со лап топот (се извинувам ако беше иронично напишано). Никој не измисли топла вода, нема потреба до толку наградувања. Али дека е боље книги и ваучер од ДМ отколку часовник, тотално се согласувам. Баш како што кажа Дузи, ќе го носи 3 пати, а може и ни толку зошто прва работа не му е на секој таков стилот. Но добро, тука и спонзорот игра голема улога.

    Како и да е.. честитки Анчее :*
     
    На ceca-1, cresa-jagoda, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Никако неможам да ја разберам лакомоста на лугето што се, па дури и пишувањето овде го гледаат низ призмата на парите. Сакам да ве прашам, што вам ви е поважно, призннието од останатите членови или наградата? Според мене многу е по битно што 200-300 луге го дале нивниот глас за вас и ви дале признание дека се нај добри па дури и подобри од нив самите, отколку што ќе била наградата. Па нека не е ни часовник, нека е само виртуелно признание треба да ви значи. Тешко на оној кој неможе сам да си купи па ќе очекува овде лап топ, ваучер или незнам ти јас што.

    Кога ве читам вчера и денес како се лактате па дури и одредени номинирани почнаа да се обвинуваат меѓу себе дека некоја не заслужувала затоа што ја имало само во одредени теми, друга заслужувала затоа што ја имало секаде.... Си викам, човече па на овие недај боже да им дадеш шанса за некоја голема награда или власт, пиштоли ќе извадат ќе се поубиваат.

    Жално е да се гледа како матрејалното па дури и кога е толку минорно може да го извади она нај грдото од секој човек, па дури и да се сврти против некој што до вчера му бил „пријател“. Тоа говори колкава лага е она кога велиме дека матрејалното не ни е битно туку карактерот на човекот. Замисли ако овде толку се лактаат за часовник или некоја награда со толку безначајна вредност во матрејална смисла, што се се спремни да направат кога би било во прашање нешто поголемо.

    Јас како самопрогласен од машкиот дел на форумот и честитам на победничката и посакувам во наредната година да успее да го оправда оа признание, кое не само ќто е признание туку и обврска наредната година да се биде уште подобар.

    Јас она што може да го ветам е следново, дека ќе се трудам секогаш да го кажам својот став, па макар тој бил погрешен и дека никогаш нема да гледам тоа да некому му се допадне туку да биде одраз на мето размислување и моите ставови, инаку во спротивно би било залудно трошење на моето време.
     
    На Monna.Monna, Arthur, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    @Edie.S јас членовите ги дадов само како пример, сигурна сум дека пишувале и во многу други теми ама мене баш во тие што ги наведов ми се они највпечатливи.
    Секако дека ни јас не пишувам во сите теми тука најмалку станува збор за мене, ни сама незнам кај се сум пишувала и дали сум пишувала :lol:
    Во никој случај не сакам да се сфати мојот коментар како нешто што би оспорувало нечија победа. Верувале или не ама баш ми е сеедно кој ќе победи и дали јас ќе победам или не, онака баш ми е сеедно. Не сум дошла тука ни по некои лајкови, награди или признанија.
    На крај секако ќе победи оној кој е најсакан од членовите.
    Баш поради сите коментари околу изборов навивам за наредната година Фемина сама да си избира најформџија. :)
    Како и да е ќе се воздржам од коменитрање понатака затоа што очигледно ретко кој сфаќа што навистина кажав па да не ме направите после дека терам кампањи за кој да се гласа за кој не или кој заслужил, а кој не. |-)
     
    Последна измена: 28 декември 2014
    На Daleron и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Никој од нас не пишува мислења за да биде награден.Едноставно е ,сака да сподели некое мислење со вас.
    Не мора сите да се согласуваме.Добро е кога се има спротивности да се надовразуваат.Токму тоа ја прави Фемина забавна, барем за мене.
    Сепак на крајот на краиштата Фемина си знае најдобро.(y)
    А за Aна победата е заслужена, доволно е само тоа.:clap:
     
    На AnaKarenina и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Ако сме гласале само за една, другите два гласа ни пропаѓаат а?
    Не може отпосле за уште две... :@
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ќе се повторам и јас, ама не ми се верува што прочитав :x Досадно било парфем, досадно било часовник, па уште ваков бил парфемот, таков бил часовникот... Се доделува НАГРАДА за форумџика на годината (за пишување на тастатура кога ни е ќејф или кога ни е досадно), и тоа скапа награда, администраторите решиле да направат некаква чест, а овде се пребирува, се изразуваат неблагодарности и се мрчи. Па уште да се следело што сака победникот и таква награда да се доделело... Предлагам листа на желби да напишеме за да не ни го утнат подарокот овие лошиве администратори :u:
     
    На LaraSolare, Annath, Artemission и 6 други им се допаѓа ова.