Уште еден таг за 100 милиони нотификации на @AnaKarenina и уште едно придружување до бројните честитки од мене. Честитка и до администрација што размислија за соодветноста на подарокот, само чим @senza.parole вели дека читачот веќе го има Ана, сега ќе мора да чита двојно повеќе книги.
ју хууууууууу цела тема сум ја преспала изгледа @AnaKarenina топ си кисче , браво... инаку теси далеронка и адинка од мене беа номинирани
Најпрво честитки за @AnaKarenina . Мило ми е за вистински заслуженото место, но и вистински најсоодветна награда за неа. Заслужено го доби ова место, зашто навистинa има добра душа, преку целата година активна и пред се’ уметник во секоја смисла на зборот. И покрај искрените честитки за нашата фаворитка на форумот, мислам дека и повеќе од потребно е да се кажат неколку скромни зборови и за преостанатите личности кои беа номинирани на листата и кои оставија трага во оваа измината година. Па... Второто заслужено место со право замина кај @tessie , бидејќи и повеќе го заслужи. Да не бидам погрешно разбрана, ама мислам дека таа многу повеќе гласови заслужуваше и можеби требаше да котира малку погоре со гласовите, можеби и во близина на Ана. Ова го кажувам, бидејќи преку целата измината година таа беше присутна насекаде. Веќе и дадов една анализа од срце и понатаму вистински го мислам тоа за неа. Таа буквално е како едно мудро дрво кое на секој му дава одмор, му подава рака за се’ и притоа не штедејќи се воопшто самата себе. А човек да се занемари самиот себе и својата болка, а да биде стожер на другиот, навистина треба да биде многу, многу голем по срце . За третото место не би коментирала, зашто навистина не е заслужено. Требаше личноста да биде многу подолу на листата, но тоа е тоа. Сепак благодарност до сите кои од срце го дале својот глас за мене. Признавам не бев активна преку целата година и воопшто не бев сестрана (подолу ќе објаснам зошто). За @mims-89, би кажала дека таа требаше да котира малку погоре. Човек со добро срце, личност со квалитени мислења. Со активност преку целата година и заслужено се најде овде на овој потесен список на номинирани. @Lilit е личност со цврст карактер и затоа заслужено и таа е овде. Нејзините постови зрачат со некоја смелост, конкретност и затоа тоа најмногу ми се допаѓа кај неа. Често некој ја карактеризира како личност која има малку спицифичен, тежок и директен однос кон преостанатите, но јас би го потврдила и она спротивното. Мислам и чувствувам дека зад овој форумски лик, навидум покажан во друго светло, сигурна сум дека стои една многу поинаква личност со добро и меко на памук срце. Но тоа е мое индивидуално мсилење . @bittersweet е човек со едно големо Ч на почеток. Со голем стаж тука и вистински цврсто опстојува така како и на самиот почеток. Премногу добра личност што секој еден нејзин пост зрачи со убавина. Отворена и искрена и со прекрасна смисла за хумор, кој секогаш го преточува во своите постови. Вистински Човек . @lunicka ви е моето мало, но светликаво и бесценето бисерче . Никогаш нема да ја видиш да го крене тонот во своите постови, туку така на смирен начин ќе каже се. А во изминатава година малку повеќе даде и од својот сјај овде на форумот. Оживеа една прекрасна тема, каде скоро секој толку опуштено чита, се радува, честита, понекогаш плаче... на сите наши шарени секојдневија. @Daleron ми е една блиска верзија на @lunicka . Некако како сестри ми звучат, ама со различен темперамент. Едната е помирна, а другата е потемпераментна. Но и покрај се е личност која се карактеризира со несебично делење на искрени совети и соочувство со другите. Вистински ми се допаѓа како личност, иако е мал период тука . @Someonespecial е една прекрасна девојка која има мали години, но се оцртува со зрели мислења. Понекогаш мислам дека читам некоја возрасна личност. Добра, мила, соочувствителна... со еден збор прекрасна . @Annath требаше да биде на моето место. Најискрено. Толку е добра и племенита, што никој не го остава рамнодушен на таа нејзина добродушност. Секогаш тука да даде совет и да подаде рака и таа е всушнст едната и едниствена што ми оставила прекрасен впечаток од самиот мој почеток на престој на овој форум. Тогаш беше модератор, но толку ми влезе под кожа, што не можам да објаснам. Вистински добра душа . Би кажала уште нешто, а тоа е дека според моето скромно мсилење мислам дека требаше да бидеме сите во близина со гласовите. Можеби да не делаеа, 5-10 гласови еден од друг. Зашто овде навистина има личности со преголем потенцијал во себе. Иако е ова само еден потесен круг, освен нив би додала и уште некои личности, меѓу кои би ги издвоила: @Mama25 , @vinozito1 , @Abeja , @AngelOfArh , @danichap , @imelda , @sesilija , @Ariel , @Gordana10 , @anina (која е прилично нов лик, но квалитетен). Воедно и од машките челнови би издвоила некои кои навистина имаат и тоа преголем потенцијал. Можеби се нашле на женски форум, па затоа и нема добро да им стои титулата, но сепак би кажала само неколку зборови за нив. Дека сите подеднакво ги почитувам, но од аспект на нивните прекрасни постови кои изобилуваат со чувства. Тоа е она што ме фасцинира кај нив, бидејќи иако се мажи, сепак имаат чувства кои секоја жена би ги посакала и никоја не би останала рамнодушна. Па затоа тука би ги сместила: @Orthophill , @Yipman2 , @Bah , @Captain-Omni , @Dvolicen ... Она што би го оставила за крај, се само неколку зборови за самата себе. Па бидејќи официјално заврши гласањето, би сакала да дадам неколку кратки одговори, бидејќи неосновано се крена мала прашина околу мојот полследен пост на темава, како наводно сум била жедна за внимание . Најпрво да одгворам зошто сум определила да учествувам само во некои теми. На почеток бев присутна насекаде, но поради фактот на тоа што некои понекогаш ме сфаќаа сосем погрешно, одлучив да бидам поанонимна и порезервирана. Затоа и ги ставив на свој список само неколку теми, каде се чувствувам најслободна и каде знам дека никој нема приговор за ништо. Но ете нажалот некој и тоа го сфати како наводно барам внимание и затоа постирам слики, но здрави живи. Сите си имаме свое мислење за и околу нешто. И што се однесува до тоа дека треба сестраност на форумџијата на годината, навистина треба и се согласувам. Но на човек понекогаш му е доволен само еден пост за да го процениш колку вреди. Затоа и Ана си го доби заслужено ова место, иако јас со неа искрено се пронаоѓав само во неколку теми. Но сепак таа за мене е една Голема личност и затоа и се восхитувам на тоа . Додека она за што бев погрешно сфатена е само фактот кој сакав да го кажам како предлог, но го кажав во однос на себе. Сакав да кажам дека можеби и требаше да бидеме поанонимни во однос на гласањето и да не се именуваме едни со други. Разбирам и дека одредени личности и приватно се блиски и мило ми е за тоа, но ова го кажувам од еден друг аспект. Секој си има свои фаворитки, но сепак освен нив има и други кои исто заслужуваат и заслужено се пронашле на таа листа. Да биде искрени, сепак се работи за луѓе, иако е ова е само форум и забава. Се надевам дека сега ме разбравте .
Честитки @AnaKarenina ,заслужена победа.Баш ми е мило што победи,со здравје да си се служиш со поклончето.
Честитки АнаКаренина и фала за сите креативни, забавни и полни со позитивна енергија постови што секојдневно ги споделуваш со нас.
Cestitki @AnaKarenina, zasluzena pobeda. leleee kolku ubav e izborov so veselbi i cestitki, vaka treba
Ви благодарам премногу на сите што ме номиниравте и гласавте, црвенеев додека ги читав коментарите овде 3 години сум член на Фемина и тоа ми се чини е рекорд за мене активно да пишувам на еден форум. Ама ете, очигледно има нешто што ме држи овде. Се надевам дека нема да ме фати мајата што би рекла Дузи, па здравје ќе продолжам и во новата година редовно да пишувам тука Ќе звучи ли клише ако кажам дека стварно не очекував да бидам прва? – Сигурно. Ама најискрено кажувам, побогу видете ја листата и ќе ви биде јасно Јас пишувам на форумов од задоволство и во никој случај не би помислила дека некому сум му оставила толку голем впечаток за да ме номинира и гласа. Дури на моменти и не сум свесна дека сите ме читаат, па знам да си се исповедам тука. Благодарност до тимот на Фемина за преубавиот подарок, стварно ептен пријатно ме изненадивте, останав подзината синоќа кога ја отворив темава! Дури и рефреш направив, да бидам сигурна дека не ми се причинува и дека стварно тоа е подарокот Пофалби за тоа што сте се потрудиле, бидете сигурни дека киндлот ќе го искористам максимално. Тие што ме познаваат знаат дека кога се однесува за подарок, сé што е поврзано со книги ќе ми биде погодено. Фала ви најмногу! Инаку, бидејќи спомнато е во темава дека веќе имам Киндл (до душа не е ваков, нема тач, мојот е постара генерација) јас решив мојот стар читач да го подарам на некој што сака да чита книги, а не може да си го дозволи. Па и јас да ширам малку радост де, не само Фемина Нова година иде! Денес ги отворив темите за претходните избори, ама гледам дека поголемиот дел од феминките кои тогаш сум ги номинирала и гласала, сега веќе многу ретко пишуваат, а некои целосно се повлекоа од форумов. Искрено се надевам дека тоа нема да биде случај и со оние кои годинава беа номинирани, затоа што имавме многу убава листа. Секоја од нив на различен начин придонесува за форумов и затоа мислам дека не заслужувам сама да ја понесам титулава. (и сега се чувствувам како Линдзи Лохан во Mean Girls кога делеше парчиња од круната ) И ќе се согласам со Дузи – ние веќе избраните, да немаме право на реизбор. Толку квалитетни ликови имаме овде и уште неколку феминки стварно заслужија годинава да се најдат на листава. Ние само место ќе фаќаме. Некој во темава спомна частење – јас на располагање имам домашна бајадера, која патем е многу повкусна од таа на Краш. Тие што ми дошле на слава ќе потврдат Фала ви уште еднаш за подарокот, за сите убави зборови, за сите честитки и пораки!
Честитки и од мене @AnaKarenina Сосема заслужена победа, нема што. Годинава беше навистина твоја. А и браво за Фемина што годинава подарокот не е часовник, навистина убаво изненадување.
Од срце ти честитам @AnaKarenina, сосема заслужено беше прогласена за форумџика на годината! Немој да се сомневаш дека си им во срцето на голем број форумџии пред сè поради искреноста во постовите. Само продолжи да го збогатуваш форумов на твојот, својствен начин, и со здравје да си се служиш со наградата! Честитки и до сите останати, се надевам дека и понатаму ќе бидете дел од форумов!
Честитки и од мене @AnaKarenina, сосема заслужено, навистина ни ја одбележа годинава на форумов А и поклонот сосема погоден за тебе Честитки и до останатите, навистина солидна листа имавме годинава, и ми беше тешко да одберам за кого да гласам, навистина квалитетни членови и се надевам дека ќе продолжите да ни пишувате понатаму, и да ни го правите форумов поубав
@AnaKarenina, се придружувам кон честитките. Ти на некој чуден начин успеваш да додадеш розев тон на целото сивило околу нас, да создаваш меурчиња среќа, а тоа не секој го може. Затоа си посебна. Се истакнуваш со својата скромност меѓу толпата нескромност. Продолжи и понатаму да ни даваш парчиња од твојот свет, а ние со задоволство ќе ги земаме.