Многу се радувам за @AnaKarenina, честитки и од мене. И чекам review на новиот киндл, бидејќи и јас размислувам за апдејт И да знаеш:
Честитки и од мене @AnaKarenina. Целосно заслужена победа. Уште многууу мислења да ни напишеш и да ни го разубавуваш секојдневието. Подарокот полн погодок. P.S. Мило ми е што овој избор помина во мирна и позитивна атмосфера.
Ти честитам @AnaKarenina! Со здравје да си го користиш подарокот, веднаш те замислив во викендичката што ја опишуваш често, покрај каминче, седната на карирана фотелја, со кутрето во скут и си читкаш од Киндлот. Остани таква каква што си и продолжи да ни ги разубавуваш темите, сега уште повеќе ќе те очекувам во темите за книги.
Aneee , победи и падна снег , ај честито нека е и со здравје да си го користиш подарокот , кој патем можеше да биде неограничено пиење и јадење во некоја кафана ама ајде и ова е добро
Ана се израдував како јас да сум освоила. Честитки, заслужено! Со здравје да си го користиш подарокот, верувам дека убаво ќе го искористиш.
@AnaKarenina мила, честитки од се` срце за заслужената победа и сосема соодветната за тебе награда. Уште долго да ни го красиш форумот со твојата креативност! Честитки и до @tessie за која исто така ми е премногу драго, секогаш мудра и квалитетна за читање, а истовремено фина, опуштена и комуникативна... ма си знае што ѝ мислам И до најскромната и најдобродушна @Serafima којашто со секој напишан ред знае да разнежни и да те натера едноставно да посакаш да ја изгушкаш Вас три ве номинирав и гласав, па и по ваков редослед сум ве пишала во претходниот пост... и ај сеа нека каже некој нешто за моите јасновидски способности! (Теске, ) Уште еднаш морам да спомнам дека сум многу поласкана што сум дел од оваа листа, меѓу вакви прекрасни форумски ликови и уште помило ми е што изборот помина мирно и коректно.
Честитки AnaKarenina за нај - ФЕМИНАКА за 2014!!! Заслужена победа !!! Во 2015 година очекуваме од тебе да продолжиш со интересните постови и дружењето со ФЕМИНКИТЕ!!!
Честитки @AnaKarenina. Со добро да си го користиш подарокот, а титулата сосема заслужена. Признавам, не те читам секогаш, јас сум повеќе за поенергични ликови и постови, но секојпат кога те читам замислувам дека пишува млада девојка облечена во бело,седната на облаци со ангелчиња околу неа Поздрав, и ти посакувам секогаш да си во опкружување во кое ќе може да вирее твојата нежна природа.
@AnaKarenina честита нека ти е победата,со среќа да си се служиш со наградата,се најубаво во новата 2015-та година и среќни божиќни празници!
Честитки @AnaKarenina со здравје да си го користиш подарокот и СРЕЌНА НОВА 2015 и Среќни Божиќни Празници
Серафимке, ќе се расправаме ама изгледа ја и ти. Донекаде и арно што те скараа на некоја од претходните страници, само со погрешна причина. Сите си придонесуваме на различен начин и сите сме победници.Само со фотографиите колку придонесувате ти и Ана, на пример. Тоа е труд, љубов, посветеност за којашто мене ниту ме бива нешто ептен, ниту пак на памет ми паѓа да ја покажам. Кога веќе сме дошле на листа од 10 од илјадници членови, веќе е победа од почетокот. Дали заслужуваме или не, на другите е да кажат. Набљудувачот има боље видно поле сеа. Затоа ја пошо некад сум несмасна у примање комплименти, не коментирам, сем кога викам „фала, ворлд пис, немаше да може без вас“ итн. Според нив, арни сме, според други не сме, според нас секогаш треба да можеме да бидеме подобри, но тоа не менува ништо. Спешлке, ја ја утнав професијата што ја утнав, за тебе срцка се`уште не е касно. Со ум.