Таман за @RainBow ќе речев „кад је бег био циција?“, ќе има ташни, нормално, и тоа од најубавите, пошто Реин нели жена, па ги разбира нашите потреби, а таа - кинеска роба... @IronLady ти па многу „скромна“, крстарење по Европа, а-у, каде сега на ладново крстарење? Само магла пред очи ќе гледа победничката. И ќе смрзне. Или ќе заглави меѓу бегалци некаде. Или тоа тактички, елиминација на конкуренција за идната година? @Madam-A, ти си многу реална. Таблет. Ајде само не се прави скромна, кажи што сакаш ако погодиш?
Леле, Лејди Србобрана Фениксовиќ, шљивова, виљамовка... јес да е пршута у игра, не е баш свињче некое светиниколско, ама дај патриотски, малце кавадаречка ж`та, или некоја велешка анасонка. Можда струмичка мастика?! Онда ја типував на пршута, а сигурен сум и дека Фениксовиќка поише ќе се израдува на тоа сликата у живо од @danichap отколку на таблет. Е сега, објективче некое за зум, 75-300 рецимо или нешто такво, ееее тоа е веќе друга приказна.
И на крај победничката цела возбудена: ,,Им благодарам на мама и на тато..и на комшивката исто..сакам само МИР да има во светот..ВЕ САКАМ СИТЕ..,, П.С. Јас еве плетам ловоров венец за победничката
Аман бе, @Captain-Omni, па што да праам? Срби имаат многу јаки мезиња и „аперитиви“, башка така ме заучија, на убави работи од страна на идниот ми муж. Мене лозова не ми се допаѓа, а и многу секојдневна е. Башка, тоа е само за мезе. Еве главниот ручек ќе биде патриотски - сарми, некое беровско компирче така пекарско, галичко сиренце... Све друго патриотско ќе биде, па и виното за со ручекот.
Фати дома подзачисти, завеси пери, рибај теписи...ангажирај плех музика, нарачај ситни колачи, кифлички ти напрај 5-6 дози (те бидува тебе)..купи пијачка, нареди маси дома у ГЕ (ако не го фаќа поинаку), позајми столици од комшиите со време, пеглај-штиркај чаршави за масите... Со еден збор - СПРЕМАЈ СЕ
@referentka, ме спремивте сите, ама не заборавајте дека за повеќе од 12 саати може големи промени да настанат. Остај тука што се зафркаваме ние, што ќе се јаде, што ќе се пие... Си правиме филмови само. Не бива све да спремам пред време, а после забавата кај друг, па мене да ми остане така... П.С. Да појаснам само дека воопшто не сум обожавател на Србите (ова за Капетанот). Никого од регионов не сакам, кој стигна - сопка ни стави.
Ееееее, а јас баш мислев ќе ви ги погодам. Мора така, инаку ако се брендирани тепачки уште од врата ќе има, нема после да можеме за друго да се поткараме.
World peace Спојлер: p.s. п.с. сега го видов коментарот на @referentka , изборов изгледа ептен ни асоцира на Мисици, не е ни чудно што прво на памет ми падна World peace
22 ама не кажувај на никого И тоа девојчето над тебе.. Ептен ми е мило кога ве читам.. Важна е дружбата, сигурна сум дека никој не е тука за награда или не знам што..признание за најдобра форумџика..А наградата, што и да е, убав спомен е. Не памтам лани како беше, ама убаво би било да испечатат некоја интересна "диплома" за топ 3 ..
За (очигледната) победничка се знае прикладниот подарок - еден професионален фотоапарат да ни направи фотосесија на форумската средба. Ајде веќе нека се затвори анкетава, I can't wait! Бај д уеј, јас лани претпоследна, сеа претпретпоследна ... со упорноста како што вели Чка, ако некогаш победам - кога ќе се случи тоа можда дотогаш ќе почнат и патувања, па и по некое крстарење на Медитеранот да се дава за награда за форумџика на годината