Lele kjuti, 3 mi se vide deka e casot. Ami mora pa sho, dosta im sedam vo sredina, znaes li kakva pozicija e?
Well... thank you. Ама без оглед на мислењево, јас среќна сум што ме нема на листа. Има нови членови и потребна е нова енергија, иако почетокот на форумов никогаш нема да се повтори. Администраторот треба да се потсети дека се е повратна спрега, форумот опстојува заради нас, а не заради самиот по себе. Искрена ќе бидам, некои од листава и не ги ни имав забележано до сега, можеби затоа што не читам редовно. Номинирав, но направив страшна утка. Бев првиот гласач, чекајќи во 3 часот, гласав од мобилен и само клинкав на една членка и тоа на неа заборавив при номинации, но сепак лани ја номинирав, наместо на три, а таман ми дојде при изборот, бидејќи една од моите номинирани ја нема на списокот- ЛивингГлам, се врати баш како што треба и ми е олтајм фејворит во сите изданија. Не гласам прв пат, знам како оди, ама во кликање, скролање, врска немам и многу ми беше и уште ми е криво, ама секако моите гласови не би направиле разлика. Форумов... ми даде се добро од жените, ама исто така ми покажа и се лошо од нив. Од прекрасни сочувстителни комуникативни девојки кои секогаш се стандард или такви пис на јазик, ама во душа меки, па си викаш - абе јас стојам на агол б, она на агол ц и шо не е јасно тука? До такви кои се такви лицемерки, намќорки, саможиви и егоистични, што просто... ми станувало жал како може да живее со толку несреќа во себе. Не те знае и едноставно... те заебуе. Не као за искачање или живот или смрт, ама... ќе ме разберете. Веројатно од личната свесност колку човек може да е злобен, па параноидно мислат дека се е за нив и поради нив и дека се некој лошо им мисли, па така ги тера, не знам, еве искрено... И да не тупам... нека победи најдобрата, иако врска немам која е најдобрата. Данчето го читам, симпатично ми е од секогаш, Лејди Феникс, ја ловам од време на време, ама е млад член и не имам оформено мислење, а и уште се немаме скарано едно 5-6 пати за да знам. А ветеранките од списокот секако сите ми се фејворит, Михајло бизнис направи на нас, ред е и пензија да ни даде.
Кукле, да направиш нешто да постираш во темана...Да се почастиме за последно место. Кога ти ги гледам сликите ми иде мониторот да го излижам
Не номинирав, а гласав уште на почетокот за @danichap @bittersweet и @Lady Phoenix . За Битерка гласам секоја година, тоа е една од феминките без кои не би можела да го замислам форумот, едноставно овде е од самите почетоци, нејзините сликовити постови прават да имаме чувство дека ја познаваме, дека сме дел од таа слика, исто како кога гледате серија некоја. Епа со битер е веќе која, 5та или 6та сезона, не знам точно и се надевам дека ќе трае уште долго, долго... Лејди донесе свежина на форумот, една уметничка нишка која е секогаш добредојдена. Сепак иако гласав за неа и со задоволство ја читам, а уште со поголемо задоволство ги гледам нејзините слики, мој фаворит за годинава беше Дани. Едноставно како што кажа и самата во еден неодамнешен пост, во 2014 година и се случил животен пресврт, а нејзините убави моменти кулуминираа во 2015 година. Тоа го почуствувавме и ние, читателите на форумот- видовме една нова Дани, каква што не бевме виделе порано. Кога жената е задоволена на сите полиња едноставно зрачи, Дани е доказ за тоа и баш сакав да ја заокружи годината и со титулата форумџика на годината, ама ете, како што изгледа победата ќе и се лизне од раце за неколку гласа. Штета... Фалат доста форумџики на листата, а порано ако не се лажам и самата листа беше подолга, имаше 20 номинирани. Како и да е, сепак ова е мое субјективно мислење, за некого може листата е комплетна, мене лично ми фалат некои феминки, за некои сум изненадена дека воопшто се номинирани, ама како што кажав тоа е субјективно. Мило ми е што годинава изборот помина без препукувања и со стил, па да сме живи и здрави да го дочекаме и наредниот во таква атмосфера. Сега ќе почекам дали навистина во 3:04 ќе се прогласи победничката, можеби и Михајло ќе не удостои со некој пост. Профилот Фемина некако ептен роботски делува, безвеза ми е кога гледам теми креирани од него. Типувам на Киндл како минатата година или на професионален апарат. Смајлиња нема, ме мрзеше да ставам.
Ручки од тупан. Нека се врати Билката, овој Михајло како кукла на дување да си купил, така делува ботот Фемина. Сакам од МОСТ да искочат со официјален став.
ЈАС? Вистинa? Ме зезaте? Лелеее не ми се верувa Штo дa кaжaм, вистинa не oчекувaв вaкoв пресврт, еве oд вoзбудa не знaм штo дa кaжaм. Сaкaм дa се зaблaгoдaрaм нa сите штo глaсaa зa мене, иaкo мислaм декa втoрoплaсирaнaтa @srcekrsacka пoвеќе јa зaслужувa oд мене, сепaк oд срце ви блaгoдaрaм и ветувaм декa и пoнaтaму ќе бидaм дел oд oвa пoсебнo, вoлшебнo кaтче.
Ако не се лажам уште нема победник така? Мислам, наслоовот не е променет, не сум го видела првото мислење.
Ги номинирав @Annath @lunicka и @Someonespecial а гласав за @Annath @Someonespecial и @danichap . Не очекував да се најдам на списокот, годинава некако слабо бев активна освен во темата +/-40 така да благодарам на сите што ме гласеле и номинирале. @sesilija петта сезона терам веќе, шестата ја почнуваме, во преговори сме.
Јас не номинирав, но кога ja видов прочистената листа, немав недоумици за кого да гласам. Не знаев дека може за 3 членки да се гласа, ама тој еден и вреден глас го дадов за мојот фаворит Лејди Феникс ! Секоја на листата ми е драга на свој посебен начин, но една мора да победи. Епа ајде, чекам со нетрпение и официјално ова веќе да биде разрешено !
Е оти уште не сте ја прогласиле Лејди?Мислев да честитам прва нели,па да ме има на порталите ексклузивно...ем јас заспав ем модераторите не си ја завршиле работата. Гласав за Дани,Анет и Лејди. Знаев дека Лејди ќе победи,молам до изборниот штаб догодина да организира и типување,ќе заработам некој денар. Значи... Лејди мила,честита победа,еднаш реков дека си како свежо ветре на форумов.Заслужено.И немој да си киднала после со наградата да те снема,треба да останеш да оправдаш. Мора вака зашто е можно цел ден да немам пристап до интернет,па навреме да си завршам обврски.Како секоја жена во години. п.с.уживај во наградата каква и да е.
Не прочитав нигде дека е објавен победникот,ама гледам членките честитаат,па еве и јас @Lady Phoenix честито награда,и со здравје да си се служиш што и да е...Се надевам вечер на журка во -/+40,Лејди ке части
Која и да победеше од моите фаворитки ќе беше заслужено,си кажав дека гласав за Даничап,Битерсвит и за форумџиката на годината,Лејди Феникс. Честитки Лејди Феникс.
Честитки, моја Лејди ! ']Знам дека наградата ти е најмалку важна и дека најважно ти е тоа што си избрана со мерак од фемките. ']Сосем заслужено си ја заработи титулата - форумџика на годината ![/URL][/URL]
@Lady Phoenix мислам дека победава е заслужена. Не се ни сомневав дека кај тебе ке оди пехарот. Туку...се спреми ти ?? Ние еве се ,,собираме,, полека и ќе ти доаѓаме на прослава... Или уште подобро, еве ќе одиме во Воденица а ти дојди после ...за цехот, знаеш..