Честитки до Дамата Феникс, заслужено и без крадење на изборите си победи. Со здравје да си го користиш поклонот. Сега еден саат или парфем ќе и дадат на победничката и ајде по дома , уааа скржавци, каде се картите за патување на егзотични места. Само кога Реин ќе тепа ги чувате а.
Овој Михајло во Гермишпартенкирхен е заминат. Форумов е државава во микро... Заебанцијата е што годинава нема подарок, ама се спремаат како да ни кажат.
И пред ДИК да ги објави официјалните резултати, пред 10те губитнички (срцки сме бе) да кажат за неправилности пред избирачките места, јас мислам Лејди да фати сега еден круг со колата, со свирење, со знамиња со се, и да прослави! Јас ќе честитам и ќе излезам на прес после официјалната изјава Женски, важи ли предлогот, првата да части ќебапчиња, а последната пиво? Ние другите 9 у средина да јадеме и да пееме? ПС Јас не смеам алкохол, кој сака ќе му го дадам
Знаев, знаев, знаев!!! Finallyyyyyyyyyyyyy, стопати ураaaaaa за @Lady Phoenix!!!!! Од заслужено - позаслужено не може да биде! Профилот, карактерот на Лејди и тоа што го покажа тука годинава ми е совршена дефиниција за тоа што треба да биде една форумџика на годината, и по мое мислење победава е и општо најубедливо заслужена досега. Форумџика што е зачленета и донела неверојатно освежување и размрдување на сите креативни теми токму таа година кога е избрана... натпросечно талентирана, креативна, страшно интелигентна а сепак што е најважно никогаш не сум ја прочитала во некое мрчење, буцкање или навредлив сарказам, освен квалитетна исто и комуникативна членка што знае и да насмее до солзи, да е блиска, да се дружи и поздравува, да се „срцка“ , пред сè една премила, сочувствителна и прекрасна личност! Најмила Лејди, не можам со зборови да опишам колку ми е мило за тебе и колку сум среќна, каков и да биде подарокот се радувам како најблиска моја личност да добила награда, како јас да сум победила на изборов. Честитки од срце убавино моја!!! И повторно ви благодарам на сите што гласавте, ми значи, да не се лажеме Честитки и до другите 9 феминки што сите до една заслужено сте тука.
Ајде оставете ме сега, нели гледате, се спремам за славење. На фризер, па што да облечам, па ноктите, па масажа за опуштање... Еј да, и говор треба да смислам. @Bridget, после со колата ќе свртам еден круг со знаме развиорено и од колата ќе ечи некоја патриотска песна што ја пее Калиопата моја најомилена. Вечер чекајте частење. А мор, @referentka, каде без мене вие на славење? Јас само за цехот да сум дошла. Па и јас сум душичка и јас сакам да се забавувам. @crimson што е ова бунтување? Какво прегласување? Само државни пари да се трошеле... Тоа ти е, следната година пак ќе има избори, па мисли му ја до тогаш. Шала на страна, фала многу на честитките, говор ќе има кога ќе биде се' официјално. @Someonespecial фала многу на убавите зборови. Kолку луѓе се сложуваат со тебе - не знам, ама убаво е што ме доживуваш така. Ти па, две во едно - ми направи и анализа на профил како член со над 500 мислења, и тоа без да барам. @Cka и @RainBow ќе мора да има посебен третман за вас и вашите клавирчиња. Ајде, да заврши се' на шала како што и почна.
@Lady Phoenix честитки и од мене П.С. Добро бе сеуште никој од "менаџментот" не најде време да пише официјално и да ја круниса (фигуративно) победничката?
Па ние си знаеме кој е победникот, се е јасно само уште ете, тој Михајло официјално да шкртне тука нешто. Ама можеби е отсутен затоа што бара соодветен подарок за Лејди ?