Јас вчера си се спремив и ве чекав со бандата моја пред Воденица, а сега дури гледам дека тука ќебапчиња и пиво сте делеле. Добро е што си славевме секако, само Лејди да знаеш дека сметката ти ја пративме до Фемина. Кога ќе си го земеш киндлот, уз пат земи ја и сметката.
@Cka трудно едно, врати се на страна 15, јас ги частам ќебапите, а Кукла - пивото. Е сега, ако не ти стигнало, добро што си почастила и ти.
И од мене честитки за победникот, @Lady Phoenix со лесно да читаш, да го прошеташ светот читајќи книги Јас сметам дека вака изборот е фер, зошто се избира форумџика на годината, тоа според мене значи дека оној кој е пресен на форумов, свеж лик, а успеал да остави впечаток и да биде препознатлив тој е тој.Фалат и некои други форумџики на листава, али не е толку важно зошто секако тука сме за забава и за дискусија, а не за подароци и порба за тронот.
Честитки Феникс! Имај убава, топла година со исполнети желби. П.С. Михајло да имаше доблест да каже еднаш, жени ја утнав работата, ама заебанцијата е на мој рачун - подзакаснив малце. Ама ништо...
@Lady Phoenix без разлика кога си се зачленила, неспорно е дека годинава остави печат тука. Форумов секогаш си осцилира во расположение, а и не би било нормално да е поинаку со толку жени на едно место : ))))) но дефинитивно го памтам периодот кога се зачлени, кога заедно со Абакадабра разбивте монотонија низ темиве. Сепак не те номинирав, други членови ми беа на ум, да бидам најискрена : ))) Уствари кога ќе размислам ниту еден од номинираните не се најдоа тука. Ќе да е до мене А и не е битно, форумов има најразлични квалитетни ликови, мило ми е што се повеќе се множат Како и да е честито победа и со здравје да си го служиш киндлот...типувам дека ќе го засакаш за многу кратко време
Честитки искрени за најхаризматичната форумџика во 2015 год, Не е лесно да им се погодиш на сите(повекето де)...тоа е многу тешко, како да сте добиле оскар за глума. Уште еднашка, честито.
@Lady Phoenix честитки Доби заслужена победа,ти посакувам да победуваш на секое поле во престојнава година и да не дружиш со уште нови и квалитетни мислења Што се однесува до другите членови кои беа номинирани, само ќе кажам дека и тие на некој начин се потенцијални победници не за џабе се појавивте на списоков Искрено незнаев за која да гласам,годинава имав повеќе фаворити!
Честитки @Lady Phoenix ! Преубаво освежување си на форумов. Секогаш со квалитетни и креативни мислења ги разубавуваш темите.
Честитки за победничката. Јас заборавив да гласам поради обврските не бев на форумов, но малку се чудам на девојки кои не се на листава, и на некои кои се, а прв пат ги гледам сега.