Ne @Bridget jas mislev si protiv javnoto objavuvanje koj kogo kandidira.Vo smisol se plasis da ne ti zameram sto ne me predlozuvas mene.
^ Дa, бaш тoa ми е пoентaтa (not, вo случaј дa не ми гo рaзберете хумoрoт) зoштo дa рaстaжувaме тoлку мнoгу фoрумџики сo фaлење нa сaмo еднa? Еве јaс веднaш бoлкa вo грaдите пoчувствувaв штo некoј мисли декa имa пoдoбри oд мене, пa не сaкaм и други тaквa бoлкa дa oсетaт
@Bridget Кое агитирање, мајко мила? Не вреди, едноставно не вреди човек да се расправа. Сите тие работи што ги наброја се објективни, а погоре ти објаснив за субјективноста, односно другарската линија според која сите си гласаат. И невермајнд.
Мене косата ми побеле од моментален стрес, мислам дека и фоликулите престанаа да ми растат. Доцна е веќе за желбата другите да не осетат ништо. Со ова "наааат" ме потсети на Борат p.s. Порано беше поинтересно на ваквата тема, сите кажуваа јавно кого номинирале, па следуваа лајкови, дислајкови, чиниш само за тоа наминале.
Еве јас со две од феминките што ги номинирав, комуницирам секојдневно, сум се изјаснила дека сакам и лично да ги запознаам и ми се дел од најдрагите форумски пријателки... I'm guilty as charged Затоа што е привилегија и задоволство да се има макар и виртуелна поблиска комуникација со вакви две прекраснотии. Едната, иако само една година е тука, со својата чиста душа внесе толку ведрина што веќе и не можам да си го замислам форумов без нејзиниот нерасипан хумор и позитивна енергија... другата и за помалку време на сите ни остави впечаток и ни стана инспирација со нејзината сестрана креативност и мајстории во сите области. А номинирав и една од нашите brains & beauty, која навистина сметам дека заслужува да се најде на листата Многу се мислев и двоумев овојпат, има прекрасни форумџики кои скоро или воопшто не се активни повеќе, па решив да дадам предност на оние што баш оваа година внеле освежување тука. Еве вака, да не се знае апла што сакал авторот да каже Good luck and peace everyone
И јас номинирав. За една од трите сум сигурна дека ќе биде на врвот а можеби и прва Останатите две ми се многу мили кога ги читам.Поскромни, поприземни немам прочитано. Им посакувам среќа.
Номинирав и јас веќе. За да бидам посеопфатна, си номинирав еден член од +/-40 кој оваа година ми се издвојувал на некој начин, еден нов член кој ми бил вистинско освежување и еден член од оние кои се подолго од мене на форумов, од помладите со кои комуницирам (но не се познавам лично). За првата и последната категорија ми беше многу тешко, зашто речиси сите од +/-40 заслужуваат да бидат номинирани, секоја им чест на тоа што се домаќинки, мајки, со семејства, куќа, обврски, проблеми во животот, а сепак успеваат да се караат помалку од нас и да бидат толку расположени, интересни, духовити и млади во душа. Од последната категорија исто ми беше тешко, зашто комуницирам со повеќе девојки и дечки, што по темиве, што на чет и можам да кажам за сите дека ми се многу драги и се навистина забавни, смешни, паметни, интелигентни и вистински карактери, а сепак се различни. Знам дека кој и да номинирав од нив, ќе нанесев неправда на останатите, ама знам дека за секој од нив ќе има номинации, па јас го направив мојот избор. Оттука и мојот исказ во СДК. Дека изборов секогаш ги загрозува односите барем помеѓу повеќето членови (се надевам дека нема никој да ми замери за изборот). Се надевам дека оваа година нема да биде така. Добро е што номинациите се анонимни, па тука е изборот на оној што номинира да открие или да си молчи во врска со номинацииве. Што се однесува до нашата @RainBow, мислам дека заслужува многу повеќе од еднократен подарок како овој што се доделува на изборов. Заслужува нешто што ќе и' го смени животот.
Јас годинава лесно се одлучив за номинациите, можеби зашто бев поспана кога ја видов темава, па не тумачев многу Знам дека после кога ќе ја видам листата ќе ми текне и на други форумџики, па за гласање ќе ми биде потешко. Само ме интересира дали и годинава ќе фали една од моите номинации, секоја година е така И секогаш е различна феминката што сум ја номинирала, ама ја нема на листа. Ќе видиме како ќе биде годинава.
И јас ги номинирав моите топ 3. Мислам дека и трите ќе се најдат на листа. Едната е мојата омилена членка и најдобро пријателче уште од почетоците, другата прекрасна уметничка душа која го краси форумов и ја одбележа годината, и последната е една многу убава и интелигентна девојка која сите ја засакавме откога се врати. Им посакувам многу среќа, и се надевам дека една од нив ќе победи. Се двоумев многу, навистина тежок избор, но тоа е тоа. И да, треба да има избор и за машки, сепак форумов не е стриктно женски како што беше порано, имам многу квалитетни машки членови кои треба да бидат наградени. А за Реин се согласувам, треба нешто поголемо да ѝ се даде, покрај оваа титула. П.С. Ќе ве молам, да не правиме лом од темава повторно
Смешно и срамно би било да се бира машки член на женски форум. "Победи машкиот член А. А. на женскиот форум Фемина. Честитки!!!"
Номинирав тројца кои ми имаат до сега оставено најголем впечаток. Ако некој од нив е номиниран, а речиси и имам некое чувство дека би влеглe понатака, so good luck
Ич да не ти е срам, има машки овде со поквалитетни мислења и дискусии од некои членки.Па ако победил победил, тоа го знае само Фемина. До кога ќе се номинира, ќе чекам последен ден да дадам глас.
Чекај уште малце, да ги довршиме прво сите фејк профили, па и да се зачленат уште малку машки. Следната година машко ќе тепа, ќе наместиме не се секирај. Не за џабе сум тука веќе 4-5 год undercover, полека и трпение само.