Сите што сте горе на анкетата сте посебни и секогаш интересни за читање, која и да победи од вас, ќе ми биде мноооогу драго! Со среќа милички.
Денес за прв пат ги видов овие номинации овде затоа и сакам да се заблагодарам на сите драги членови овде на форумот кој што ме номинирале мене и сметале дека допринесувам на овој форум, најверојатно си постои причина зошто сум забележана и номинирана овде. Иако сметам дека сеуште не сум компетента за овдешната листа а ниту најмалку за форумџика бидејки сум прилично кратко време на овој форум сакав да ви се заблагодарам што ете, на некој начин сум допринела во ова катче за да воопшто постојам на оваа листа, најнормално дека изненадувањето е пријатно. Сите овдешни номинирани членки овде ја заслужиле оваа номинација и им посакувам среќа која и да победи би било заслужно и коректно.
Јас се изненадив од листава,личности што не ги очекував се најдоа тука,настрана што многу малце опции има, 2 мои номинирани нема,а заслужија да се ставени..
Grev e muri da lazes grev hahahahahaha se shalam, ja ne sum na lista, ne me glasaat mene im not so fabolous Glupava ete ne ni vidov lista deka ima gore ako
Па за моите срцкииии . Се знае тоа! Знам дека многу ќе останете неспиени, ама верувај ова јас го правам за ваше добро. Да ве челичам и да ве спремам за суровоста и неправедноста на животот во иднина. Еден ден ќе ми бидат сите благодарни што станале подобри личности благодарение на мене
Лоша Баба Ванѓа сум, од моите фаворитки, една членка само има во списокот, две суперквалитетни и форумџики на кои наградата (кило пршута) одлично ќе им дојдеше, ги нема. Тоа секако е неправда, зашто моето мислење некој го смета за помалку вредно од она општото на сите форумџии заедно. Срамота, ама тоа е, нема причина да се нервираме за веќе стореното, многу очигледно промашување. Но, да се фокусираме на актуелностите. Борбата меѓу Лејди Феникс и Даничап, е всушност борба на младата и возрасната фракција на форумот и тоа е баш симпатично. Лобито од темата +40 каде се мафтаат и некои „копи**ци“ по 30, очигледно гласаат Даничап, а младунциве од поздрави и честитки за Феникс. Јас, без навреда, немам поим која е Даничап. Речиси и да не сум ја видел, но затоа, млад како што сум, давам поддршка на овие супербитни избори, на кои доколку не покажеме зрелост и се скараме, нема да дојде 2016 година и ќе останеме заглавени на 31 декември 2015 како да е Groundhog day. Затоа, дајте малце посериозно, не ја нервирајте Витамина и Поента, зашто иначе ќе остане целиот избор без поента. Буквално. Туку, ме интересира, онаа која ќе заврши на дното, свечено ќе ѝ биде ли кажано „Напусти почетну страницу великог Форума“? Или ќе помине само со благо предупредување да не се труди толку следната година?
Јас не номинирав, пишав погоре и дека нема да гласам од објективни причини, но некои работи кои се случуваат на темиве за изборов, ме предомислија и решив да гласам - за мојот фаворит
Хахаха не си нормален, ама барем беше искрен па пола ти се прашта Јас се воздржувам да коментирам на темава, зашто во било кој случај би можела да навредам некој, ако гласам за негов конкурент, а некој може има слабо срце и тешко прифаќа коментар у стил-другиот е бољи од тебе. Мислам за наредната година да има некој мерач за тоа кој колку е активен во текот на годината, па освен предлози од членови да има предлог и од форумот, како членови со највеќе квалитетни постови (не во поздрави и честитки или +/-40, сдк или тепање во политика, особено не во дали сум бремена) Некако некои како да не требаше да се најдат на листава а има такви кои беа квалитетни а ги нема. Ама тоа е само мое мислење. Мислам дека пршутата треба да се додели на најслабичката, кој следи модни критики нека каже кој највеќе ја заслужува наградата што ја доделува капетанов.
Јас си гласав за клавирот и само тој 1 глас го дадов-ЗАСЛУЖЕНО. Да се номинираа и машки членови ке гласав и за шетаната овца, арно ама... Без напнувања на гласањево, жими се на ниедна круна нема да и се даде.