Еј, и такво нешто ли имало? Типување што ќе биде подарокот? Па еве, ако @danichap предлага пршута, од мене е сливовата ракија. Добро де, може и од кајсија да биде, или вилјамовка... Кој каква сака. Само гроздова не нудам јас, пошто тоа е премногу кежуал како за ваква прилика. Инаку, Реин, оваа година мирни, фер и демократски избори изгледа решивме да имаме. Се', само да добиеме препорака за влез во ЕУ. Нема ни купување гласови со брашно, запалки, тефтери, зејтини... Многу, многу примерно и на нивоУ.
Уште утре цел ден. Почнавме со нудење, м? Моите гласачи добиваат имунитет, нема банирање за нив, плус по еден сендвич и сокче за маката. А за подарокот едно фотоапаратче може годинава, да смениме малку. Минатата година на стан типував, ама не беше тоа за жал. (Патем, поим немам што ќе биде, не сум упатена во мистериозните патишта на изборов. )
Реинбоу, годинава со заеднички сили за нашите гласачи. Мислам дека јас и @danichap нема да правиме поделба, една групна гозба ќе напраиме, а за другиве не знам. Ако се ЗА, добредојдени се. Нормално и ти. Ама тогаш многу луѓе ќе се соберат за имунитет.
Па може една голема форумска средба, па победничката да биде промовирана и да има диплома и букет и шампањ и конфети и пршута и се'. @Mihajlo да части десерт за сите. Па после да направиме некаква дебата на било која тема и убаво да се закараме за крај.
Еј абе оти едитираше, па кој не сака чанти? Сакаме и чанти, сакамеее Не не мора и чевли, хехе @Mihajlo мислам стварно фала пуно, се ок, ама не мора толку да се трошиш, идеме скромно, ете по една чанта и вечно ќе ти бидеме многу благодарни и секогаш мирни и послушни Од пршутата сакам да пробам секако, пиши ме на списокот ливингглам Уз дужно поштовање, бљагодарим.
Абе ова аутокорект ќе ме убие еден ден... Чантите од @RainBow нека бидат. Уште една администраторска должност.
Глам, овој дел посебно ми се допаѓа. Многу авантуристички ќе му дојде така во живо, кога ќе почнат коси да се тегнат.
Некој ракија спомна, од мене вино имате, домашно.И победничката говор нека си спреми, без тоа не проаѓа.
Може, и тоа ќе има сите да си одберете кога ќе влезете. Гледате колку сум дарежлива, заокружете под број 9.
Богами, тежок избор. Ја фаќам таа црвената назад, додека друг не ја одбрал. Можеби тепачката ќе биде баш за чантите.
Изглед вара. Јас ќе си застанам под сијалицата и темелно ќе проценам боја, квалитет, БренД . Е ако му држи после на некој таа ташна што ќе ја држам да ја пофати
Сваџа је почела Инаку јас типував на таблет, ве молам не ми заборавајте зборовите, може ќе се воведе награда и за тој што погодил, па ако погодам може да ќарам нешто