Годинава ги имавме најнеизвесните избори, окарактеризирани со исклучително позитивна и коректна кампања. По пребројувањето на гласовите и проверувањето на легитимноста, ФИК едногласно донесе заклучок дека немаше нерегуларности, па со задоволство можеме да ја прогласиме новата Форумџика на годината: @joy1 Ѝ честитаме на победничката! Подаруваме таблет Lenovo Ideatab 2 7” Воедно, им честитаме и на сите кандидати/гласачи за мирниот изборен процес, кој се одвиваше во фер и демократска атмосфера, без забележани инциденти. Традицијата продолжува. Време е да ја избереме и израдуваме ФОРУМЏИКАТА НА ГОДИНАТА! Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНАЦИИ (завршено). Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (завршено). 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 07.12.2016, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2016 година и ќе добие подарок.
Па нека да се номинираат и форумџии, што има врска што не е тоа назначено со родова припадност на именката која би требало да означува член кој ќе победи. Ако машки член ( на пример Бендер ) , е доволно предлаган за да влезе во 10те номинирани, и ако после тоа е доволно гласан за да победи, не гледам зашто некој би му ја одзел победата само затоа што не е форумџиКА. Јас си подразбирам дека номинацииве не исклучуваат машки предлози, зашто не ни има логика да е така ни пак е назначено дека не смеат да влезат во трка, па затоа и оваа година како и претходно ќе номинирам и форумџии.
Ииии идемо и ние со избори ајмо форумџии. Десници, левици, чекаме состанок овде од комисијата за кампањи на чело со @Ketchup и @Bridget за промо материјали,упаљачи, сендвичи нешо ова она. Дај бе кампањи у ек иаме, се ли ја да ви мислам? Моите номинации нема да ги образложувам од причина што верувам голем дел ќе се согласат со мене дека ја одбележаа годинава и дека сосем заслужена ќе им е. Тоа се: @Kukla994 @Bender Rodriguez @Someonespecial May the odds be ever in your favor. Let the games begin
Девојките, најискрено, не можам да ги одвојам, кои се топ 3, кога обожавам да читам минимум 10 од нив и тоа секоја во различна област. Од мода и рецензии едни, други во кулинарскиот свет, трети во политичкиот. Но, кога станува збор за оваа титула, мислам дека @Bender Rodriguez најзаслужено треба да ја понесе оваа година. Кога го читам во начинот на дискусии, ми е како @Lady Phoenix , во машка верзија. Значи, и да не се согласувам понекогаш со тоа што го пишал, едноставно I love reading him. Го обожавам начинот на кој дискутира, смирено, без навреди, детално сето зачинето со интересен содржински ритам и секако, со смисла за хумор. А покрај тоа, ја заслужува титулата бидејќи ги опфаќа скоро сите теми за дискусија, од политика и религија, до филмови и љубовни совети. Едноставно си го бива! А нај на крај, да не ги заборавам тие оргазмични кафиња , заслужуваат нивниот уметник, на крај на оваа брилијантна 2016-та, да си го понесе подарокот што следува со титулата, ете за уште поубав завршеток на неговата, нашата и Феминската година.
@Bender Rodriguez @Someonespecial и можеби некој нема да се согласи со мене, ама највпечатлива феминка за оваа година ми беше @baba Rada.
Сите ве сакам Форумџии, форумџики.. Знам дека е традиција секоја година, ама оди одвои три да те видам... Vitaminia, Ketchup, pupica, bоzica, tajnaotrovna, referentka, zeka, bender, sesil, sanjaeva, baba rada, cka, someonespecial, summerlover, Rama, Petar, promeneta, ... OooOoooo...и на крај нема да се одлучам за никого
Someonespecial, Summerlover i Ketchup Ama neli e Ketchup mashko i ne mozhe, ne mi teknuva koja bi bila tretata, se blokirav... Mozhe JollyGirl Ili referentka
@Someonespecial @JollyGirl @Bitter-Sweet @Bender Rodriguez @baba Rada mislam deka do 5 moze iako jas bi stavila uste
Мене Бендер ми е форумџика на годината, ќе си го гласам Полова дискиманација никаква не треба да има. Кој го читал знае.
Ondak tebe biterche @Bitter-Sweet @Someonespecial i babeto najaktivna ni bese so temite @baba Rada javno ne javno toa e bitno da mi gi broite glasovite
Јас номинирав тројца. Нема да кажувам кои се, ама опфатив различни категории на луѓе. Мислам дека вредат како ликови, паметни се, сакам да ги читам и заслужуваат да ја понесат титулата.
За форумџика уште немам размислено кои 3 би ги предложила, само знам дека овојпат сакам да е некој интересен, екстровертен, да знае да се поврзи со широки народни маси да не бега од дискусии и да не гледа само да смири топка, повишени тонови и подинамични дискусии да не му сметаат на нервен систем, да не пишува на форумот само за своја душа нешто ко дневници да си води и слично...што значи маж ќе е веројатно Go @Bender Rodriguez
Знаев дека @Bender Rodriguez ќе биде форумџиика на годината, ме мрзи да го барам коментарот од пред некој месец. А за кој друг ќе гласам, не сум сигурна.
Знаете јас што мислам, да го прескокнеме целиот овој дел со номинирањето, да се префрлиме одма на гласање... Bender it is. Само да биде подарокот некој неутрален, да не биде апла женски парфем или ташна, може нешто од светот на технологијата да биде.. Јас па се внесов со предлозиве, сигурно е веќе одбран што ќе биде подарокот, ама сакам да кажам да се размисли и за машката страна малку.