Е ако де, не е на одмет тоа Јас за сите зборев вклучувајќи ја и листата, сите ве читам и секој е со свои квалитети што го праи единствен на свој начин.
Димче моментално приседна во барот на Дизана Пошто од прееска висеше и висеше, и ја чекаше наградата, а вие мислите тие дијаманти, злато око руке, бунда од нерца и ланац око врата, не му тежат на човека Не е лесно и победник да си и по ред карпет да чекориш
Мене ме занима што ќе му доделат на @Bender Rodriguez и како ние од неговиот клан ќе можеме да го искористиме поклонот... Јас гласам некое Хенеси голден едишн да му подарат, после фино лепо да ми тури у корнет чашкине...
Да не се правиме фини и културни, кога сите знаеме дека секој ќе си гласа за тие од кланот свој Јас кога викав има кланови на форумов, вие будала ме правевте...темава ви е доказ ( не зборувам на коментарот погоре, знам дека членката се зеза) Туку глупо е што можат сите да гласаат...и тие што се од вчера зачленети, и тие што киснат во една тема а никогаш не излегле да ѕирнат што се случува низ форумов. Од кога постојат тие две теми (40 и фмќ) се направија и кланови Сите од 40ката се знае за кого ќе гласаат...сите од фмќ се знае за кого ќе гласаат...единствено некој неутрален член може да одлучи Се забележува огромна поделеност на форумов...форумов треба да е едно цело, а не на 30000 делови разделено (ко Македонија што ни е разделена )
Гласав за @Bender Rodriguez појма неам кој е типацо ама си го читкам овде онде и ме аресват неговите писанија. Следно @Someonespecial ии @Summerlover и самерка не ја знааааам али аУтентична ми е со . Треба то потпис да ти е. Топ сте кис4е муа.
Сашко? Он е сам свој газда, во сам свој клан Шала на страна, епа баш Димче е неутрален, ниту е ваму, ниту е таму. Со смарагдот на главата, по сите теми го има и тоа вери квалитетно, квалитет тегет чорапа испадна, на секоја тема и личи, секоја тема му одговара
Го немам долго време начекано или ја тестира идната му жена или заминал на принуден одмор...Како и да е, не си ја барај бељата. Ами и ти не си во ниеден клан, е сега на шефот што си му десна рака, нема врска мислам
А јас кај сум бе? Ааа ме нема,е сега одам да протестирам пред ДИК,да живее Македонија и патриотизмот и Рама и сите бе Пуу не знаевте да ме номинирате,ќе си јадевте колбаси гратис и греена ракија,вака сама ќе треба да веам знаме пред ДИК ама нема проблем,се за љубовта кон татковината овај де работните места Е сега бидејќи сум била во клан,а јас тоа не го знам замисли ејјј,па за да поминам на приемниот испит ги гласав @Someonespecial & @Summerlover главните де,за да ме примат во кланот и ќе се улизавам то е П.с напред девојки,ја имате мојата поддршка @referentka беше третата заслужна феминка за мој глас само напред жено,најдобра си и не само во 40 ка,туку и општо на форумов. Е сега,искрена да бидам...едно време се помислив да гласам за @Bender Rodriguez aма ионака не му недостига него мојот глас,секако е во водство и плус скоро ги подобривме односите,ама тоа не значи дека немам пофални зборови за неговиот разум и капацитет..во друга прилика добиваш мој глас Бендер
Чекав да се отвори гласачкото место па сабајле во 7 гласав. Многу квалитетни членови има на листава, па и одлуката беше тешка. Гласав за @Summerlover @referentka и @Bridget
Листава е прекратка. Ја нема омилената феминка која ја номинирав. Ама океј, мене штом ме има. Гласав за Бендер, Даничап и Бриџит. Секој/а од нив го прави форумов посебен на свој начин. Скролаш скролаш скролаш, и кога ќе видиш нивен аватар, застануваш да читаш - тоа беше мојот критериум. Ми фалат уште барем два гласа да ги распределам по листата, ама само три се на располагање.
И јас ко Ливинг гласав а би дала уште 2 гласа на пример ама ете толку се. Бендер и јас сакам едно кафе
На @Bender Rodriguez еден бЛендер да му доделат... Или евентуално некое машинче за кафе, еве за Долче густо нека биде... Онака скромно де...
За жал, ниедна од моите номинации ја нема на списоков за гласање - @Lella, @crimson, @Sanjichka007, I am looking at you - што не значи и дека немав за кого да гласам, де. Моиве гласови отидоа кај @Someonespecial, @LivingGlam и @Bridget - три од моите омилени, и три прилично различни личности - секоја уникатна на свој начин и со свој специфичен придонес за форумов. Кој со својата смиреност и позитивен став, кој со sarcasm and dry humor, кој со својот in-your-face attitude. Пронајдете се која е која. Иначе, фала им на сите што ме спомнаа, помислија на мене, ме пофалија како да ми се циганки, агитираа и гласаа за мене. Спојлер За мене најголема титула е тоа што сум успеал да оставам (добар? ) впечаток кај толку многу од вас, а најголема награда ако некогаш сум успеал да ве насмеам, расположам или натерам на размислување со некое мое мислење. И ништо друго не ми треба. Освен едно шише 12-годишен Чивас. Tоа не би го одбил. Бендер ве поздравува!
Не знам зошто повторно и повторно се цели на она "машко да биде победник на женски форум." Прво, на форумската екипа е грешка што не стои наслов Форумски лик на годината. Штом оставиле простор и мажи да се зачленуваат и да пишуваат на форумов, треба да се остави простор и за вакво нешто. Второ, зошто да не? На форумов има доволен број теми кои не се изричито женски, па комотно може и мажи да дискутираат. Тука може секој да се пронајде, без оглед на возраст, вероисповед, пол и други определби. На крајот на краиштата, се бира лик, член со квалитетни мислења кој пишувал во разни теми и одговорите му биле повеќе од "јако филмче, препорачувам". Дискусија луѓе, дискусија... Треба малку да бидете објективни и да не дискриминирате. Едит: Гласав за @Bender Rodriguez @LivingGlam и @Bridget како женски верзии на Бендер во жестоките дискусии. Тоа не значи дека не би сакала да гласам и за Рефи, Џој, Специ, ама толку се гласовите. Бриџи пиша дека оваа година треба да биде нешто поразлично. И се сложувам со неа, па затоа вака гласав. Од списокот, @lunicka ја номинирав, а ја нема.
Да беше Фемина really girly, ќе се потрудеа на претходните победнички да дадат стварно женствени подароци, а не само часовници и киндли Т.е подарувани беа работи од универзален карактер