Сите оние кои цркаат зашто Блендер да биде лик на годината, само затоа што е маж, еве нареднава нека пишуваат КВАЛИТЕТНИ мислења, па можеби и ќе ги номинираме...
Ако не се разбуди инстант ќерка ми, ќе ви пишам на долго. Зошто за Бендер, иако е машко? Зарем ние жените не сме за тоа секој да биде рамноправен? Зарем ние не бевме оние кои викавме, оти сум жена не сакам да бидам гледана на поинаков начин? Сакам да ги имам истите права? Нели ние сакавме сите да бидат гледани како личности, а не како мажи и жени? Тука се бара најдобар во изминатата година, не се бара жена на годината. Бендер е активен, знае да комуницира, писмен е, ги почитува сите правила на форумов, млад е ама знае за секоја тема по нешто. И сега, ај да не биде он најфорумџика, оти е машко. Кога вие ќе одите на интервју, сакате да ви речат, па знаете, ова е машки свет, тука само мажи работат. И вие многу подобри од мажите таму, да бидете исфрлени ради половиот орган? А работата е чисто интелектуална. Ајде ве молам, како ќе кажеме дека сакаме еднаквост кога не ја даваме? Ваквиот однос се провејува и на други места. Читам по групиме за бебиња, кога татко ќе пише коментар одма му пишуваат ШТО САКАШ БЕ ТИ ОВА Е група за мајки и деца, за бебиња. А после кукаат какао таткото е незаинтересиран. АКо сакаме рамноправност, тогаш мажите ќе бањаат бебиња, ќе одат на породилно како и ние, ќе внимаваат дали дале осмина или четвртина жолчка денеска и нам тоа ни е топ! Ама затоа и ние ќе работиме исто нив оти сакаме еднаквост. А еднаквоста и преку монитор на виртуечен форум, со виртуелни другарства не ја даваме, не па кога ќе дојде реален момент. Не сме супериорни оти сме родиле, да можеле и мажите ќе родеа. Може и послесно од нас. Ако они доеја, ќе го правеа и тоа како нас. Да бевме физички поинаку градени иние ќе бевме силни ко нив. АМа тоа е само физичкиот дел. Психички исти сме. Затоа и кога веќе можеме да имаме маѓко член, тогаш нека биде и Најфорумџика. Ако бил подобар во дискусиите, ако бил подобар во виртуелното другарство, она да му се даде признанието кое го заслужил. БТВ не сум член на клан. Само член на партија. Стана ќерка ми
@Cka Се плашат немој утре по насловните целиот настан да излезе како "Загорени крави бик не виделе!" Па демек дошол тука, не оплодил сите ко Исус, сме го третирале како потомок на Мормоните, што би рекла Опи и затоа на неговото Величество, сме му дале киндл да го спаси светот и саат од брилијанти, кога ќе оди, да просветлува
@crimson А стварно добие стан после? После ќе плачеш Кримке п.с Гифот бе, плава косица ко тебе Ќе си викаш така за ова сега што се потсмеваш
Е како не знаеш? - Чивас, комплет со 2 чаши. Спојлер: Двете чаши Првата пијачка за @Cka, пошто рече млад сум бил. Кој е дедич сеа, @Sanjichka007, a?
Пфффф, чивас. Подарокот ќе биде тригодишна претплата на always влошки. Немој да речеш не сум ти кажала.
@RainBow Реин, и сега да испадне како татко ми, да мисли дека се Airways жваки Ме потсеќа на членката што еднаш рече дека маж и мислел дека бидермаер е дел од секси долна облека
И јас сум за рамноправност. Не најдов гиф со поинаков состав ама верувам дека ќе сфатите што сакам да кажам.
Мене не ми е јасно како може да се гласа за тројца, а јас е можам три пати за една иста? Нели секој има право на три гласа?