Fer e i kulturno da si ja zadrzite tajnata za kogo glasavte. Glasajte i cekajte vasiot lik da pobedi.
@toogood Со 20, 50, 80 гласа предност, малку сме бремени , мислам, не можеме баш да сокриеме за кој Димче гласавме Џаст кидинг .. Енивејс, гледам гласањето трае до 27-ми, што значи дека имаат доволно време да одберат поклон на место, а не пак да излезат со старата шема
Јас го имав најлошиот кошмар што може да го има еден Македонец...трите гласови ми ги украле фантомски гласачи Блендерот веќе победил, фемина била со сино обоена и ваква слика била на почетна како лого...немало цвеќиња розеви и бакрачи... Се логирам во сонот зачудена што се случува, и одеднаш ми стигнува приватна порака: Ти штом не гласаше досега, ти ги зедовме гласовите и го наместивме блендеро Нема што да гласаш веќе толку. Се разбудив преплашена... Прва мисла сабајлево кога станав ми беше да гласам...Гласајте и вие и не дозовлувајте да ве манипулираат!
@Kukla994 На сите ќе ни се укинат аватарите (ја ододамна сум спремна ), опцијата Ми се допаѓа ќе постои само на постовите напишани од страна на Димче Мирковски, чие лајкнување ќе биде задолжително од наша страна. Доколку постот не му биде лајкнат во рок од 5 минути откако е напишан, членот што не си ја извршил обврската кон лидерот, ќе биде баниран. Во СП ќе го поздравувате него и само него, а вашата омилена песна на денот ќе биде неговата. Во Понеделник ќе биде задолжително сите да носиме такви метални шлемови, а во Недела, колективно ќе ја переме скапоцената бунда од нерца и ќе ги полираме златните ланци и дијаманти. Ени куешчанс?
Идам тука, гледам интерни шали си имате, како од Марс падната се осеќам....Долго време сум била отсутна низ темите. Ама ако, само за убаво да е. Гласав за Бендер-од машката партија. За Спешл-од младинската партија. За Џој-од (не толку) повозрасната партија. Инаку на листата фалат и други квалитетни членки, конкретно мои фаворитки-Наузика и Џована. Сега кога веќе е очигледно дека Бендер ќе победи, предлагам покрај главниот победник и на БиоДевојка да и се додели една титула како најкорисна форумџика/блогерка , мислам редно е, жената цела година не расправа...А, не мора. И анализи на козметички декларации и истражувања на теми и корисни совети. А, Бендер кога ќе победи, сакам од тоа кафенцето во корнет, не мора повеќе.
Ai.. Ke smejat da se stavaat sliki bo vasheto kafe ili samo kafeto na Bendo ke e tamu? A vo shminkana? Fala...
Ја сум ти уствари како овие цела година што постираат еден цитат од Камај месечно на Фејсбук, а пред избори почињаат секој ден по 3 наслови од Курир или Либертас да шлапаат. Сепак иако сè уште се гласа, може да излезам и да почнам, победуваме во СДК, победуваме во +40, во Религија, во Кафе на денот, во Совети од машка страна... Благодариме Совети. Одлични резултати во Филмско фоаје.... И би сакал да ѝ порачам на дипломатката Реинбоу да ги држи рацете подалеку од изборната тастатура, зашто на форумџиите фитилот им е при крај и може да ја земат правдата во свои раце. Мислам не јас, јас сум тука за секој случај, има пописмени за таа работа.
ААААА не Капетане, не може вака! Значи ти си од оние што цели избори ги нема и кога анкетите ќе кажат дека водиме, оп прв на ФБ и на протести и оп после прв, фотеља! Аааааа не може. Јас прва си реков, и ако не станам шеф на кабинет, а се наместиш ти у фотеља пред мене....ДОЛГА Е РАКАТА! Рефке мислам капетанов поубава насмевка има од Ѓорчев ПС Капетане се зезам, немој сеа да смениш политика и да гласаш за инат контра Одвај те дочекавме да се вратиш
Бендер има програма, народот сака програми, и затоа народот ќе го избере Бендер на 28ми да биде новиот лидер.... Прво Машки лик на годината , па машки модератори , па розевата боја во плава ќе ја смениме, па машки администратор, па името ќе го смениме, и на крај голем машки форум ќе направиме. Све во свое време.
@Yipman2 Wait wait wait, кој ти гарантира тебе оти Димче ќе те земе за во ФМС? Па велиш, ќе ја смените Не се занесуј и не оди ко пуле пред магаре , Димче не коалицира И ти ќе бидеш под диктатура
Да не му се јаувам на Ќосето, Cka, Полека. Калма. Меѓу другото, и Мијалков никој не го гледа цела година, ама на ден на избори се знае чиј глас ќе биде послушан. Ти... ќе бидеш послушна?
@referentka Рефо, перверзијо една! А јас гледав во оној во позадина и се чудев што лови толку во плиткото , and now thanks to you, сликата доби друго значење